Ракометарите на Вардар се рехабилитираа од поразот во Супер-Купот од Пелистер, победувајќи на стартот од првенството против Струга со 25-38. Избраниците на Иван Чупиќ ја оправдаа фаворитската улога и без поголеми проблеми ја запишаа првата победа во шампионатот. Стружани беа рамноправен противник само во првите неколку минути, кога имаа и двапати водство од 3-2 и 4-3, а потоа Вардар ја презеде контролата, поведе со 4-5 и водството не го испушти ...
Ракометарите на Вардар со убедлив триуф на гостувањето кај Струга го започнаа новото првенство во Супер лигата. „Црвено-црните“ славеа со убедливи 25-38, а победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кое заврши во нивна корист со 11-20. Јапонскиот интернационалец, Харуки Кавада, беше најефикасен на мечот со девет гола од 11 обиди, додека во поразената екипа се истакна Стефан Атанасовски со седум гола од осум шута. Првото коло од Супер ...