Новак Ѓоковиќ е апсолутен рекордер во „белиот спорт“. Српскиот тенисер ја започна 378-та недела на врвот на АТП лигата со што ја престигна легендарната Штефи Граф. За прв пат тој се најде на првото мето во јули 2011 година, а неполни 12 години подоцна се уште е тука. Србинот не го крие задоволствтото од рекордот велејќи дека тоа е резултат на работа, труд, љубов, желба и старт према спортот. „Среќен сум и горд на тоа. Се трудев да го задржам ...

Селекторот на машката репрезентација Кире Лазаров го објави поширокиот список ракометари пред претстојниот двомеч со Португалија од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година. На списокот се наоѓаат 35 играчи, поголемиот дел од нив се членови на македонските суперлигаши. Од интернационалците тука се Никола Митревски од Порто, Димитар Димитироски од Ваљадолид, Мартин Поповски од Амичитија Цирих и Филип Кузмановски од Хановер. На списокот ги нема ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на синоќешната церемонија „The Best“ го претстави идеалниот тим за 2022 година. Во изборот на ФИФА се најдоа: Голман: Тибо Куртоа (Реал Мадрид) Одбрана: Жоао Кансело (Манчестер сити/Баерн), Вирџил ван Дијк (Ливерпул), Ашраф Хакими (ПСЖ); Играчи од средниот ред: Касемиро (Реал Мадрид/Манчестер јунајтед), Кевин де Брујн (Манчестер сити), Лука Модриќ (Реал Мадрид) Напаѓачи: Лионел Меси (ПСЖ), Ерлинг Халанд ...

Меси ја коментираше наградата за најдобар играч на годината во изборот на ФИФА. – Да се биде на овој настан и да се добие награда е чест за мене. Сакам да ги пофалам Бензема и Мбапе за прекрасната година. Благодарен сум на моите партнери. Скалони и Емилијано се исто така овде денес и го претставуваме целиот тим. Оваа награда оди за целиот тим за она што го направивме во Катар. Беше луда година, успеав да си го исполнам сонот после толку години ...

Лондонскиот фудбалски клуб Челзи игра катастрофално и е во серија на лоши резултати, па Потер добил ултиматум од раководството. Следните два меча против Лидс во Премиерлигата и против Дортмунд во ЛШ, мора да ги добие, во спротивно ќе добие отказ. Веќе е познат и фаворитот за негов наследник, а тоа е Маурисио Покетино, кој е слободен после заминувањето од ПСЖ. Доколку Потер не добие отказ во следите недели, тогаш готово сигурно ќе има тренерска ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го дочекаат Мотор Запорожје во рамките на последното десетто коло на Европската лига на ЕХФ. Пресметката во салата „Боро Чурлевски“ ќе биде клучна, бидејќи овие два тима се во директна битка за последниот билет кој води во плеј-офот. За волја на вистината, пелистерци се во подобра позиција бидејќи ним им одговара и реми против украинскиот претставник. Сепак, оваа сезона битолчани не се израдувале на домашна ...

Според официјалната информација од ФИБА, во првиот круг од овој квалификациски циклус ќе се најдат 40 репрезентации од целиот свет. Меѓу нив ќе бидат 28 национални тимови кои не се пласираа на годинешниот Мундобаскет, како и 12 најдобри селекции од тие што не обезбедија место во втората фаза од светските квалификации, меѓу кои е и македонската репрезентација. Во оваа група, претставници на Европа освен жолто-црвените ќе бидат и Полска и ...

Најголемиот ривал на Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП листата, Карлос Алкарас се откажа од турнирот во Акапулко поради истегнување на тетивата. Тоа е одлична вест за српскиот ас кој со ова останува на чело најмалку до 20 март, а ако триумфира на турнирот во Дубаи, ќе му избега на Шпанецот 700 бода што ќе биде недостижно за Алкарас ако се знае дека брани многу бодови на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами. „За жал, не сум во состојба да играм ...

„Мина подолго време откако не комуницирав со вас. Земав одмор, почнав рехабилитација, теретана и физиотерапија според советите на лекарите. Се подготвувам за враќање во најдобри услови“, објави Надал, изразувајќи жалење што ќе ги пропушти двата турнири на американска почва. „Многу сум тажен бидејќи нема да бидам таму. Ќе ми недостасуваат моите навивачи од Америка. Се надевам дека ќе ги видам во текот на летната сезона“, порача шпанскиот тенисер ...

Фудбалерот на Челси Тиаго Силва би можел да паузира најмалку шест недели поради повреда на лигаментите на коленото. Англискиот гигант ја потврди информацијата за повредата на својот искусен дефанзивец, но не објави колку долго ќе мора да мирува. Инаку, Силва се повреди на лондонското дерби со Тотенхем кој е што Челзи го загуби со 2-0. „По повредата на коленото во првото полувреме против Тотенхем, Тиаго беше подложен на скенирања при неговото ...

Далмација осечена од остатокот од Хрватска, посебно Лика и Горски Котар, кои ги погоди интензивни врнежин од снег, силен ветер и предизвикааа целосен колапс на сообраќајот. Утрово, нема слободен патен правец за ниту една група возила од Далмација кон внатрешноста и обратно. Возила за чистење на снег се на патиштата, но голем број луѓе се се уште заглавени. Затоа беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн. На терен се и ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека во Брисел не се согласил на ништо. Тој рече дека вечер ќе зборува за европскиот предлог за Косово, а објавеното на веб-страницата на Европската Унија е доказ „дека не се согласил на ништо“ во српскиот парламент.„Вчера, добив признание за многу конзистентната политика што ја презентирав. Ќе повторам вечерва. Ситуацијата во Косово ја гледаме на поинаков начин во споредба со 22-те земји од ЕУ. Не ...

Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз.Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека ...

Европското обвинителство денеска го презентираше извештајот за своите активности во 2022 година, во кој е соопштено дека во Бугарија се водат 143 истраги за сомневање за измама со буџетот на ЕУ во вкупна вредност од 492,6 милиони евра. Минатата година инспекциите почнале 101 истрага, за непокриени трошоци од 176,3 милиони евра. Ревизиите за измами со ДДВ се за штета од 2,6 милиона евра. На барање на Обвинителството на ЕУ изречена е заплена на ...

Шефот на станицата, кој беше уапсен во Лариса, наводно на полицијата ѝ рекол дека тој дал наредба за промена на патеката, но системот не ја извршил. На местото на настанот излезе обвинител, кој ќе спроведе истрага за прекршоци за безбедност во сообраќајот со смртен исход, пренесува „Екатимерини“. За ова дело е предвидена казна затвор од 10 години до доживотен затвор. Според надлежни извори, ако шефот на станицата сфатил дека патничкиот воз се ...

Патничкиот воз, што се движел кон Солун, директно се судрил со товарниот воз, што се движел во спротивна насока, јавува Катимерини. Двата воза поради непознати околности се движеле по истата пруга, што довело до жесток судар. Причините за несреќата се истражуваат, додека шефот на станицата Лариса наводно ја прифатил својата кобна грешка, извинувајќи се во фаза на прелиминарна истрага за трагичната несреќа. -Бројот на загинати достигна 43, изјави ...

Една од најтешките железнички несреќи во Грција, која однесе најмалку 43 животи, е предизвикана од „трагична човечка грешка“, изјави премиерот на земјата Киријакос Мицотакис. Премиерот Мицотакис зборуваше по посетата на местото на верижниот судир меѓу патнички и товарен воз кој се случи во вторникот вечерта. Локалниот шеф на железничката станица беше обвинет за убиство од небрежност, а грчкиот министер за транспорт поднесе оставка. По посетата ...

На 27.02.2023 во 14.40 часот, полициски службеници ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.М.(34) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје и за него била определена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување ...

Се укинува повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, одлучи Владата. Ова го соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Ковачевски, помина доволно време од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки, а дел од прехранбените компании не ги намалија ...

Откако министерот за финансии Фатмир Бесими стори кривично дело по член 166 од Кривичниот законик поради тоа што тој свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа и не им ги зголеми платите на вработените во МФ иако има законска обврска да го стори тоа, Владата во обид да го спаси усвои предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за ...

На 27.02.2023 во 12.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Карпалак“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат стило“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(51) од Крушево и товарно возило „фиат дукато“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(54) од Прилеп. -Во несреќата, Н.В.(51) се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничките С.Т.(24) и 16-годишна малолетничка, двете од ...

Со нови адвокати, Жан Митрев го одложи првото рочиште во кое нему и на клиниката му се суди за измама. Бранителот Стевица Јосифовски кој го известил судот пред осум дена дека нема да може да присуствува на рочиштето го сменил вчера, еден ден пред почетокот на судењето. Во процесот сега ќе го бранат Никола Додевски и Никола Лазаров, кои имаат овластување да ја застапуваат и клиниката. Додевски побара одложување на подолг рок, за да се запознаел ...

Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше ...

Очигледно е дека Ковачевски и ЈО заедно ги штитат криминалите на Артан Груби, како инаку може да се објасни молкот на владата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Се штитат криминалите на Груби, поради опстанок на оваа влада, на грбот на народот, кој секој ден се повеќе осиромашува, а СДС И ДУИ се богатат. Додека народот не може да врзе крај со крај, семејната фирма на Груби купува луксузни дуќани во строгиот центар на Скопје, за ...

„Огнената група“ од ДУИ вчера од Чаир побара оставка на вицепремиерот Артан Груби. Тие бараат партијата да биде подалеку од политиките за лични интереси на штета на албанскиот народ. На трибината во скопската населба присуствуваа потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, организациониот секретар Блерим Беџети, секретарот за родова еднаквост Саранда Имери, претседателот на Надзорниот совет Муса Џафери, членот на Претседателството Невзат Бејта, ...

Уставниот суд денеска ќе пресече дали апанажата што ја земаат функционерите а на кои им престанала функцијата пред времето за која биле избрани е во согласност со Уставот на Република Македонија. „На 7 декември 2022 година, Уставниот суд одлучи да поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. Во членот за кој е поведена постапка е ...

Државниот пазарен инспекторат од утрово интензивно прави контроли во маркетите и пекарниците, каде што се проверува дали се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот. Инспекторите ќе нотираат и кои маркети не добиле леб поради најавениот штрајк на производителите. „Инспекторите се на терен и вршат надзори во однос на одлуката што ја донесе Владата за замрзнување на цената на лебот. Кога ќе завршат со контролите, кон крајот ...

Министерството за транспорт и врски го објави новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 – 2025 година. Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следниве критериуми: Да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници -Да имаат превезено ...

Функционерите што поднеле оставка или се разрешени нема да имаат право на апанажа. Одлуката е донесена од страна на Уставниот суд, кој го укина членот 22 од Законот за платите и надоместоците на избрани и именувани лица. Од таму посочуваат дека сите присутни судии, пет на број, едногласно ја донеле оваа одлука, која треба да биде објавена во „Службен весник“ за да стапи во сила. „Оваа одлука ги опфаќа разрешените функционери и оние што дале ...

На 01.03.2023 во 00.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум во Охрид, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(18) од Охрид излетало од коловозот. -По несреќата, возачот М.С. и сопатниците К.Т.(22) и Т.В.(34), двајцата од Охрид, биле пренесени во специјалната болница „Св.Еразмо“, каде на М.С. и сопатникот К.Т. им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на сопатникот ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.59
46%
1012
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
56%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
40%
1012
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.74
53%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
6.69
36%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
46%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
50%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
47%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
45%
1013
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
63%
1013
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57