Четиринаесет лица сè уште се во болница откако товарен воз се судри со патнички воз, во кој се превезуваа претежно студенти, во близина на центарот на Лариса на 28 февруари. Шефот на станицата, кој призна дека заборавил да пренасочи еден од возовите, беше уапсен и обвинет за убиство од небрежност и попречување на транспортот. Нему му се заканува доживотен затвор доколку биде осуден.Но, гневот на јавноста останува широко распространет во Грција ...

Со инциденти и судири меѓу полицијата и групи маскирани лица заврши масовниот протест во центарот на Атина, организиран поради железничката несреќа кај Темпи во која 57 лица го загубија животот. Инцидентите започнаа пред грчкиот Парламент и се проширија низ улиците околу плоштадот Синтагма. Маскираните лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва и други предмети, а специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец. ...