Добрите резултати на РК Вардар1961 сезонава, и позитивните ветришта што дуваат во клубот влијаат и на зголемувањето на бројот на компании кои се приклучуваат во постигнување на врвни резултати. Од денеска нов член на семејството на РК Вардар е Друштвто за лизинг ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ. Компанијата што повеќе од десет години функционира во Македонија го препозна квалитетот и потенцијалот на РК Вардар, и заедно почнуваат соработка кој најавува ...

Софистицираните возила за чистење надворешни површини од брендот Грин Машинс, кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес беа изложени на Саемот за управување со ресурси и со отпад, кој се одржа во Бирмингем во Велика Британија (Resource & Waste Мanagement Еxpo – RWME). „Брако и Грин Машинс се традиционално дел од оваа светски позната манифестација. Оваа година ги претставивме електричните модели 400 ZE и 500 ZE, како и ...

Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред неколку дена ја објави својата идеја на следните избори сите албански партии да се натпреваруваат заедно на една листа. „Подготвен сум за една листа. Сите албански партии во една листа. Сите партии со нас, но секој со своја самостојност.“ – кажа Ахмети. Ова го објави ТВ 21. ТВ 21 пишува: Но, албанската опозиција не се согласува. Орхан Муртезани, портпаролот на Алтернатива вели дека веќе ја формирале ...

„Ковачевски, Пендаровски и Ахмети преговараа за амнестија со Груевски, заради поделба на ВМРО-ДПМНЕ. Но, поделби нема и нема ни да има. Нема да има ниту гласање за уставни измени под бугарски диктат!“ – објави на својот фејсбук-профил Драган Кобачки, пратеникот во Собранието на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Ковачки пишува: Бесполезни се обидите за делење на пратеничката група и на партијата. Секој обид за разединување на ...

Со 82 гласа „ За“ Собранието донесе Одлука за формирање анкетна комисија за мега скандалот на клиниката за Онкологија и Радиологија . Власта прифати да се формира анектна комисија под притисок на опозициската ВМРО – ДПМНЕ која треба да утврди дали се загрозени основните човекови права на пациентите што се лекувале од моментот на ставањето надвор од употреба на КАТО-системот за подготовка на цитостатиците. Комисијата најдоцна по еден месец од ...

„Опсесивната заложба час поскоро да се спроведат уставните измени излегува од секаква рамка на законско функционирање кога станува збор за обезбедување двотретинско мнозинство: се користат дословно сите расположливи средства да се дојде до бројката од 80 пратеници. Во тек е сериозна операција за обезбедување двотретинско мнозинство и на сцена е пазар од најнизок вид, без да се води сметка дали во целата оваа работа има и елементи за кривични ...

Поранешниот градоначалник на Скопје, Владимир Тодоровиќ, по 2,5 месеци поминати во домашен притвор има право да ја тужи државата… „Обвинетите функционери за кои настапува застареност на кривичното гонење може да побараат и Надомест за притворот кој со запирањето на истрагата би бил неоснован. Исто така, ним треба да им бидат исплатени судските трошоци за водењето на постапките. Ова го овозможуваат измените на Кривичниот закони што стапија во ...

❓Зошто никој не го прашува Миле Зечевиќ Вардарски како си поминал на 24ти мај 2023 во Будимпешта? Ова е мистериозното прашање на профилот Троловски или Демир поставено на социјалната мрежа Х или Твитер порано. Троловски кој важи за еден од најдобро информираните ликови за македонските криминални, корупциски и политички случувања поставува прашање чиј одговор може да ги расчисти дилемите за обидот на СДСМ и ДУИ преку Никола Груевски да се обиде ...

“Да не сакате Груевски да се врати”. Ова да не ти било заплашување туку ветување или во превод, второ исполнето за шест години, после укинатата радиодифузна такса… Ова е коментарот на новинарот Горан Теменугов кој ја анализира фразата “Да не сакате Груевски да се врати” со која СДСМ ги плашеше граѓаните во моментите кога јавноста ја напаѓаше власта на СДСМ и ДУИ. Според последните измени на Кривичниот законик и предлог законот за амнестија со ...

Партиите и дефинитивно се станати независни од државата, односно, ја покорија до степен на непроменливост, вели новинарот Ивор Мицковски. „Тоа е пример каде власт спроти волјата на 80% од народот сака и ќе донесе Уставни измени. Тоа е власт каде партиите тајно и нетранспаретно си носат закон за амнестија и ослободување на свои функционери. Тоа е власт каде најголемите инвестиции се прават или на етничко-партиска основа или се даваат на странска ...

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на секоја анкета и е пред историска победа! Победа на народот, победа за Македонија, порачува пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. „Издржавме многу, ќе издржиме сѐ што е потребно, бидејќи Македонија нема цена. Улиматум не прифаќаме и немаме намера да прифатиме. Пред нас е историска победа затоа ќе ги победиме сите на купче. ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ ! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ – истакна ...

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе биде уапсен доколку се обиде да иди Косово без дозвола од Приштина, пренесува б92. Изјавата доаѓа по најавата на српскиот претседател дека наскоро ќе ја посети Грачаница. „За дозвола кај премиерот (Курти н.з.), без дозвола кај мене“, рече Свечља. На прашањето дали тоа значи дека ќе го уапсат Вучиќ доколку оди во Косово, Свечља изјави дека ...

Власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговара амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделби во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени. Измените во кривичниот законик, не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата, и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски, истакна Антонијо ...

Жените биле, се и ќе бидат еден од носечките столбови на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја функција има почеток и крај. Се е менливо и минливо, само ВМРО е вечно, посочува Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ е сложно и обединето со цврст и јасен став за промени во Македонија кој ќе донесат подобро утре за нашиот народ. Партијата помина години на тешка опозиција. Години во кои недолжни луѓе поминуваат во затвор. Денес ...

Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа го објави својот извештај за Македонија, притоа во делот говор на омраза се осврна на етничките Бугари. ЕКРИ во извештајот наведува дека бугарските соговорници се жалат на антибугарскиот говор во Македонија, а како типичен стереотип го навеле „етикетирањето на сите Бугари како фашисти, но и прикажувањето на Бугарките како евтини проститутки“. ЕКРИ понатаму, како ...

Екс советничката на СДСМ во Советот на Градот Скопје, на својот фејсбук профил истакна дека се добива впечаток дека СДСМ се става на страната на екс премиерот, Никола груевски. „Ох, што слатко… Дали во расправата Мицковски- Груевски се добива благ впечаток дека СДСМ се става на страна на Груевски или така ми се чини? Дали? Хо, хо, хо… И тоа ли ќе треба да го голтаме… Повелете извадок од објава на СДСМ:„Изјавата на Мицкоски го потврдува она што ...

Мислат ако замрзнат цени на 50 производи за прехрана до Ноември дека нема да се осети ЗГОЛЕМУВАЊЕТО на данокот на додадена вредност на околу 3.000 прехрамбени производи. Ова е коментарот на екс директорката на Управата за јавни приходи Анастасија Илиеска која забел жива дека истиот ден кога власта ги замрзнув цените на производи за храна се изгласува закон за зголемување на даночни стапки на прехрамбени производи. ,,Компензирањево ни малку нема ...

Франција нема да прима мигранти од италијанскиот остров Лампедуса, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен, пренесоа медиуми. Неговите зборови беа во врска со рекордниот број бегалци кои пристигнаа на медитеранскиот остров. Новопристигнатите мигранти во Лампедуса сега се побројни од целото население на малиот италијански остров. Според податоците на Меѓународната организација за миграција во Обединетите нации, од понеделник до ...

За 10 отсто ќе се намалат цените на алкохолни и безалкохолните пијалоци. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук профил напиша дека од наредната недела ќе има намалување на цените и на пијалоците. „Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата гарантирана цена со намалување на цените од минимум 10%“, вели Бектеши. ...

Промени во задолжителната резерва за натамошна поддршка на денаризацијата и зголемување на каматните стапки за 0,15 процентни поени. Ваква одлука донесе Советот на Народна банка кој се состана на 19 септември 2023 година, објави Фактор. Притоа беше одржана и редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите ...

Пензионери од цела Македонија денеска на Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, протеститарат пред зградата на Владата. Поради протестот затворен е за сообраќај булеварот „Илинден“. Барањата на пензионерите се линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари за секој пензионер, а не процентуално согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите. „Остануваме на барањето ...

Дали намалените и замрзнати цени кои би требало да започнат да се применуваат од денеска ќе придонесе да се намали ценовниот притисок врз граѓаните? Ќе се ублажи ли ударот врз животниот стандард на мнозинството жители во земјата или напротив нивниот ефект ќе биде минорен, анализира Фактор. Граѓаните продолжуваат да негодуваат, поскапувањата значително се чуствуваат, редовно се споделуваат приказни колку повеќе храна и пијалоци се купуваа отколку ...

„За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен“, порача владејачката СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите. ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака да го врати Груевски „Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни ...

Во Извештајот на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) објавен денеска, се забележува и дека сѐ уште не е спроведена независна сеопфатна студија за сите форми на дискриминација на ЛГБТИ лицата во земјава. Од 2016 година с.Македонија постигна напредок и разви добри практики на повеќе полиња во справувањето со расизмот и нетолеранцијата, но сепак некои прашања и натаму се причина за загриженост, особено во однос на ...

По измените на Кривичниот законик, поранешниот градоначалник на Центар, е пуштен од куќен притвор за случајот „Феникс“ , објави „Призма“. За Владимир Тодоровиќ, основачот на ланецот-маркети „Тинекс“ кој беше приведен во јуни како функционер кој ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“ доби мерка за претпазливост – домашен притвор. Сега, по предлог на обвинител, од минатиот петок повеќе не е во куќен притвор. ...

Во колумна со наслов ,,Данок на солидарност, за кого и за што”, објавена во Фокус, екс вицегувернерката на Народната банка на Македонија Маја Кадиевска Војновиќ анализира зошто е погрешен данокот на солидарност. Екс вицегувернерката ги анализа слабите страни на проектот кој почна на почетокот на оваа година, кога владата на ДУИ и СДС најави воведување данок на екстра профит, кој подоцна го нарече данок на солидарност. ,,Овој еднократен данок ...

Што е тоа што може да го стори Груевски за да ги расчисти дилемите дали со лидерите на ДУИ Ахмети и СДСМ Ковачевски работи против Мицкоски, се анализираше во вчерашното издание на Заспиј ако можеш. Гостин во емисијата беше Зоран Димитровски Жоро генерален секретар на Демократскиот сојуз и долгогодишен новинар кој пред три месеци објави дека луѓе од власта оделе во Будимпешта на разговори за поддршка од Груевски за уставни измени но биле ...

Вчера попладне во с.Љубин, општина Сарај, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(36) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика поранешниот американски лидер Доналд Трамп јавно да ги сподели своите мировни планови доколку знае како да ја заврши војната со Русија. Во интервју за Си-Ен-Ен, Зеленски рече дека секој мировен план што вклучува откажување од окупираните територии е неприфатлив за Украина. „Значи, ако идејата е да се одземе дел од нашата територија и да му се даде на Путин, тоа не е формула за мир“, рече ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговори на барањето од екс премиерот Никола Груевски јавно да изложува докази за неговата инволвираност во догогорот до СДСМ и ДУИ за кривичниот законик и уставните измени. Мицкоски одбива да учествува во јавната пародија медиумска преписка со Груевски и му ветува дека во очи ќе му каже детали од договорите која се правени за заштита на криминалот на власта. Највува дека нема да му дозволи да направи ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
30%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
40%
1017
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
42%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
43%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.56
46%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
42%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
5.81
40%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
47%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
33%
1017
Currency

61.53

Currency

53.2474

Currency

72.3797

Currency

34.5194

Currency

39.181

Currency

65.5689

Currency

7.42072

Currency

0.66726

Currency

0.36931

Currency

0.52486

Currency

1.35078

Currency

0.61717

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

179240.41

Цинк

2.56