На денешен ден (19 август 1952) во Скопје, се роди Ненад Стојановски, македонски театарски, филмски и телевизиски актер. По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени. Повеќе пати настапувал на Дубровничките и ...

На денешен ден е роден Никола Мартиноски (Крушево, 18 август 1903 – Скопје, 7 февруари 1973) македонски уметник и академик . Eдна од најважните личности за развојот на македонската уметност во првата половина на XX век. Роден во Крушево 1903 година, дипломирал на Школата за убави уметности во Букурешт, Романија во 1927 како најдобар студент за таа година. Во 1927 и 1928 година престојувал во Париз каде ги посетува Академи де ла Гранд Шомјер ...

Методија Андонов Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп во типично работничко македонско семејство кое живее под жезлото на заедничката држава Кралството СХС. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Ченто е олицетворение на цела една генерација Македонци кои не престанале да живеат и работат за независна, смаостојна и обединета Македонија во нејзините етнографски граници. Роден е ...

Кога една структура има предавничка матрица, и кога единствената агенда која ја имаат е власт, моќ и пари, од таквите можете да очекувате се и сешто. Како тоа една политичка структура, кога е на власт, буквално распродава се што е национално и во интерес на македонскиот народ? Почнаа со референца името, па промена на Уставот, па знамето, па образованието, па користењето на симболи на други држави, па пак Уставот, па територијална организација, ...

Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Препораки за заедничко одбележување на историски личности: СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на христијанската ...

Оливија Њутн-Џон почина денеска (8 август 2022) на 73-годишна возраст по долгогодишна борба со ракот на дојката. Актерката утрово мирно почина во својот дом во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави веста за нејзината смрт на нејзината Фејсбук страница. Семејството побара наместо цвеќе да се донира за нејзината организација за борба против ракот. Таа водеше борба со ракот на градите 30 ...

Град Скопје, денеска објави повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје. Со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје, преку Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2022 година во Буџетот на Град Скопје ...

Неодамна од печат излезе драмскиот еп „Нож“, на македонскиот драмски писател Зоран Пејковски, кој ни ја дава реалната слика за познатата битка на „Ножот“ која се случи на 14.07.1907 година, точно пред 115-години. Македонскиот драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература, Зоран Пејковски, неодамна го објави својот најдов драмски еп „Нож“, кој претставува најзначајно ...

06/08/2022 11:04 - Cooltura

Навистина не можам да сфатам до каде оди сервилниот и полтронскиот однос на некои ликови, од позиција на моќ и власт. Го разбирам моментот за желба за про западна, ЕУ интеграција. Го разбирам и моментот на воздржување од тешки зборови, или некакво преќутување, во име на мирот, напредокот и развојот, за цел да се приближиме до стандардите на тоа од нас посакувано европско семејство. Ама, апсолутно никако не можам да го сфатам нивото за ...

Почина познатиот актер Митко С. Апостоловски, на 67 годишна возраст во Битола. Доајен на битолското и македонското глумиште, театарски, филмски и телевизиски глумец, кој театарската, филмската и телевизиската публика ќе го паметат по многу голем број на улоги кои тој во својот богат работен век ги реализира. Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци. ...

Не постои по расипана, по погана власт од актуелната, која на ингиниозен начин распродаде сѐ што можеше да се распродаде, како Македонија да е гранапче. Сега ни воведува нова инквизиторска цензура. Впрочем, таа и така се однесуваат, уште првиот момент, откако ги продаде македонските интереси. Ни го продаде името со Преспанскиот договор, а сега и национален идентитет, јазик, со Француско – бугарскиот договор, со кој се бара од нас Македонците ...

За жал, ќе морам да констатирам нека сме никакви како генерација. Дека сето она што го направила преродбата, комитите, партизаните, комунистите, ние го уништивме за 30тина години. Триесет години во историски контекст се ништо. Но ние како македонски народ, заедно со севкупната македонска нација, успеавме на ги поларизираме нештата, да ги усложниме, сплеткаме, заплеткаме, до таа мерка, што искреиравме еден чвор, што ни Господ нема да знае да го ...

Најновото 43-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржува од 20 до 27 август во Битола. Ова издание е подолго од претходните две или ќе се одвива вкупно осум дена, соопшти на денешата прес-конференција директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски. – Фестивалот ќе изобилува со програми, натпреварувачки, ревијални… Вративме се или речиси се што постоело претходно во фестивалот наспроти ...

Не ми е јасно какви се тие луѓе кои се спремни да направат се’, да се откажат од сето она за што нашите дедовци и предци животите ги дале, за власт, моќ, за позиција и за пари. Трагично е како се случува таа негативна селекција. Избор на луѓе без национално чувство, луѓе кои се спремни на се’, само за да некој ги потчукне по рамето, или да имаат можност да си ги „ухлебат“ најблиските и дел од „екипата“ или да објават и спроведат некое „мрсно“ ...

Начинот на кој актуелната власт ги водеше интегративните процеси изминатите пет години, и се уште тера на ист начин, покажуваат дека се екипа за една употреба. Дојдоа, наплатија, направија хаос, го заобиколија мислењето на мнозинството, и ќе остават проблеми и последици од кои со години нема да се опоравиме. Сметам дека тоа што победија на оние корона избори, среде лето во 2020та, после сите киксови, после промена на име, задирање во ...

Летен Академски Курс (ЛАК) – организиран од страна на БЕСТ-Скопје повторно ова лето, по 17-ти пат! Можноста за образовно надоградување и културен развој е сон на секој студент! Искуствата од меѓународен карактер преку коишто студентите ги прошируваат нивните познанствата низ цела Европа, и воедно го надополнуваат своето стручно познавање во областа на нивните студии, се есенцијални за секој амбициозен студент! Токму затоа БЕСТ Скопје, преку ...

Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2 до 3 септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите. 5 Фестивал на Светлината во Скопје ќе биде прв фестивал на кој учество ќе земат исклучиво домашни артисти а ќе биде проширен со ревијални ...

Одлична изложба ќе можете да пофгледнете следниот петок, во Скопје. Во објектот на Националната галерија на Македонија, во Чифте амам, во срцето на Чаршијата, ќе можете да го проследите мултимедијалниот изложбен проект на ликовниот уметник Иванчо Талевски со наслов „Пресек: Дама со девет камења“. Отворањето е закажано за 8 јули 2022 година (петок), во 20 часот. Изложбата ќе трае заклучно 30 јули 2022 година. Дама со девет камења е мултимедијален ...

Скулптура на Едгар Дега беше продадена за 41,6 милиони долари на наддавање во „Кристи’с“ во Њујорк вчера, што е највисока цена платена за дело на овој француски уметник, а и „бронза“ на Пабло Пикасо, исто така, собори еден свој рекорд. Уметниичкото дело на Дега – „Четиринаесетгодишна танчерка“ (Petite danseuse de quatorze ans) прикажува млада балерина во муслиново здолниште и со лента во косата. Ова не е оригиналот изложен во Националната ...

Од старт неколку битни нешта. Македонија уште во 1991 во целост преку речиси сите најзначајни политички субјекти, а со целосна тогашна поддршка од народот одлучи да се стреми но европска и атлантска воена и економска интеграција. Целите тогаш беа да живееме во плурализам, демократија, пазарна економија и можноста сите Македонци да се обединат во една држава, без граници. Од 1991 навака, имавме многу предизвици. Околни воени конфликти, криминална ...

Она што ни го кажуваат странците изминатите неколку денови само ви кажува дека од ден на ден, се повеќе тонеме и пропаѓаме, а некој ја убедува јавноста дека само доколку уште некоја отстапка направиме, и ќе влеземе во ЕУ и ќе потече мед и млеко. Да се разбереме, во ЕУ не влегуваме, барем не во следните 10 до 15 години. Не име, историја и идентитет, се да продадеме, робови да станеме, џабе ќе е. На крајот на краиштата, политичките и ...

На 9 јуни (четврток) во 12 часот во просториите на Институтот за етнологија и антропологија ќе се одржи омаж за македонските етнолози Бранислав Русиќ, Вера Кличкова, Нијази Лиманоски, Ѓорѓи Здравев и Љупчо Неделков, а по повод годишнините од нивното раѓање или смрт. Оваа година се навршија 110 години од раѓањето на проф. д-р Бранислав Русиќ, основоположникот на современата македонска етнологија. Ланската, ерата на Ковид 19 што направи вакуум во ...

Од кога Македонија стана независна држава, на големо се зборува за скопскиот Аквадукт. Претходно, иако дел од населението знаеше за него, во медиумите не се зборуваше многу за истиот, пред се’ затоа што истиот се наоѓа на земјата која беше во владеење на тогашната ЈНА, на армијата. Со независноста, плурализмот и развојот на медиумите, темата за аквадуктот, доби на актуелност. За жал, цели триесет години само се зборува, а речиси ништо не се ...

Овој четврток (2 јуни 2022) во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. Диригент е Дијана Илкоска Имери, а на програмата се дела од А.Крепин, В.Пихл, Ф.А.Хофмајстер, В.А.Моцарт, Џ.Росини, Х.Виењавски, Д,Мијо, Е.Лало и С.Прокофјев. Како солисти ќе настапат Ѓорѓи Димовски – саксофон (III средно, ДМУ, Битола), Итан Георгиев – ...

Вчера јавноста можеше да го проследи новото издание на манифестацијата Златна Бубамара на популарноста, по 25ти пат. Оваа манифестација која се гради веќе трета деценија, уште од доцните деведесетти, по многу нешта е предвесник на она што се случува или ќе се случува во државата. Факт е дека никогаш не била многу пријатна за власта, која и да е, иако во периодот по последната промена на власта во 2017 година. Иако актуелниве од старт правеа тон ...

#Драмскитеатар Скопје, со претставата „Странци“ ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес на 20 мај (петок) во 20 часот, во рамките на првото издание на театарскиот фестивал посветен на Петре Прличко. Фестивалот „5ре“ има ревијален карактер со изведба на седум хит комедии од македонските театри. Претставата „Странци“ својата 52-ра изведба ќе ја ...

Ситуацијата е како чиста и јасна. Политичкиот врв на бугарската држава е во паника по притисоците да го откочат процесот за интегрирањето на Македонија за пристап кон ЕУ. Во нивната логика, многу поедноставно е да го ризикуваат разнебитувањето и распадот на оваа држава, отколку да го доведат во прашање опстојувањето на она го зацртале како догма и бугарска национална политика. Имено, Бугарија е, била и претпоставувам ќе биде место каде ...

Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ), во рамките на своите активности од 1994 година навака, а по повод одбележување на 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, организира годишни Советувања кои во согласност со предложените теми на Меѓународниот комитет на музеите – ИКОМ. Согласно ваквата востановена пракса на МНК ИКОМ, оваа година Советувањето е на тема „Моќта на музеите“, ...

Многумина знаат за 13 и 666 како броеви коишто се лош знак или предвесник, според познатото предание и суеверните убедувања. Но, во некои делови на светот, има и „пострашни“ броеви од нив. А од друга страна пак, има и општоприфатени среќни бројки. Патем, од каде потекнува „светскиот страв“ од „петок, 13-ти“? Историјата и митологијата велат дека тоа е изворно скандинавски мит, за 12-те богови кои вечерале без ...

Тешко е да се испофаќаат сите недоследности, настани и скандали кои секојдневно се случуваат. Ги има толку многу што максимата „секое чудо за три дена“, делува како да е смислена баш за тука, и за овие времиња. Трагедијата да е поголема, ќе се крене ука-бука, и се ќе се заташка. Завршница нема, а надлежните институции затајуваат. Очигледно судот на јавноста, мора да биде и посилен и поголем. Да почнеме по ред: Александар Ристевски ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
55%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
39%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
39%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.26
35%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
94%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
55%
1018
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
49%
1019
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
48%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
26%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
8.23
62%
1011
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.2292

Currency

70.0511

Currency

34.9481

Currency

37.9994

Currency

66.2867

Currency

7.49847

Currency

0.66409

Currency

0.34494

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829