Ѓорѓи Мојсов ќе биде нов тренер на тимот на Башкими. По заминувањето од неговиот матичен Тиквеш, со кого имаше голем успех во освојувањето на Купот на Македонија, Мојсов по само неколку дена од оставкава во Кавадарци, има нов ангажман. Во Куманово пак неочекувано се разделија со Муарем Муарем, кој што последно го водеше клубот против Македонија ЃП вчера, во ремито 1:1 на гостински терен, а по завршувањето на мечот, пристигна и информацијата за ...
Ѓорѓи Мојсов нема долго да биде без клуб по заминувањето од Тиквеш и веднаш наоѓа прволигашки ангажман во мак-фудбалот. Стратегот е пред потпис со новајлијата во лигата Башкими. Се очекува Мојсов во следните денови да биде промовиран, а за него ова ќе биде втор самостоен тренерски ангажман бидејќи досега го водеше само Тиквеш. Сепак, во периодот кога ги водеше кавадарчани успеа да донесе историски трофеј во Купот на Македонија и клубот играше ...

