АНКАРА (АА) - Израелската армија денес истакна дека нејзините сили извеле напад во западен Иран во кој е убиен Бехнам Шахријари, командант на Единицата за транспорт на борбени возила (Единица 190) на иранските сили „Кудс“, јавува Анадолу. Според изјавата на портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи, Шахријари бил елиминиран во своето возило. Шахријари е третиот висок ирански командант за кој се тврди дека е убиен од израелските сили во ...

СКОПЈЕ – (АА) – Овчарите од регионот го започнаа со своето годишно патување, водeјќи ги стадата овци кон високите пасишта на планината Нeмрут, во Адијаман, Турција, јавува Анадолу. Движејќи се по нагорнините, стадото крева густ прав, создавајќи впечатлива глетка додека златните зраци од сонцето се пробиваат низ маглата, фрлајќи топол, магичен сјај врз ридестиот пејзаж. За да ги заштитат обработливите површини, овчарите го избираат потешкиот пат ...

СКОПЈЕ (АА) - Забрана за пушење на сите плажи во Франција ќе стапи на сила на 1 јули 2025 година, објавија локалните власти, јавува Анадолу. Новата регулатива, насочена кон заштита на јавното здравје и намалување на загадувањето, ги проширува ограничувањата што веќе се во сила во неколку крајбрежни градови. Медитеранскиот град Кањ-сур-Мер беше меѓу првите што усвои такви мерки, прогласувајќи ги своите плажи како места на забрането пушење во 2018 ...

АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес предупреди дека вмешувањето на Соединетите Американски Држави (САД) во тековните напади на Израел врз Иран би било „многу неповолно“ и „исклучително опасно за сите“, јавува Анадолу. Во разговор со новинарите во Истанбул пред 51-та сесија на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, Арагчи рече: „Дипломатијата ...

ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари средби со високиот претставник на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации, Мигел Анхел Моратинос, и катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Ал-Тани, јавува Анадолу. Средбите се одржаа на маргините на 51-та сесија на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул. Советникот на претседателот за надворешна ...

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, вети дека Турција ќе го застапува гласот на муслиманскиот свет и ќе се залага за глобална правда, и ја осуди регионалната агресија на Израел на самитот на Организацијата за исламска соработка (ОИС), јавува Анадолу. Турција, за време на претседателствувањето со ОИС, „ќе го засили гласот на муслиманскиот свет, ќе даде приоритет на воспоставувањето глобална правда и ќе продолжи ...

АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за здравство на Иран, Ираџ Харирчи, денес соопшти дека бројот на жртви од израелските воздушни напади достигнал 430, додека над 3.500 цивили се повредени од почетокот на нападите на 13 јуни, преку соопштение за медиумите од Министерството за здравство, јавува Анадолу. Израелските напади се насочени кон широк спектар на локации – депоа на ракети, нуклеарни постројки и станбени области во Техеран, Исфахан, Ком, ...

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, учествуваше на министерската конференција по повод одбележувањето на 70-годишнината од Конференцијата во Месина, која се одржа во Таормина, Италија, пренесува Анадолу. Муцунски, како што соопшти Министерството, имал обраќање на конференцијата на која беше поканет од италијанскиот колега Антонио Тајани. Конференцијата ги обедини министрите ...

ПРИШТИНА (АА) - Косовското Собрание не успеа да се конституира ниту во 35-тиот обид поради недостиг на доволно гласови за гласањето за претседател на законодавниот дом, јавува Анадолу. Претседавачот со седницата, Авни Дехари, на 1 мај предложи создавање ад-хок комисија за тајно гласање за позицијата претседател на Собранието, но сите парламентарни групи, освен Движењето Самоопределување, не го поддржаа нејзиното формирање. Од 94 пратеници ...

СКОПЈЕ (АА) – Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира за зголемена потрошувачка на водата и упати апел до граѓаните на Скопје рационално да ја користат водата за пиење, пренесува Анадолу. „Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци“, порачаа оттаму. Се истакнува дека ...

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес предупреди против „нов Сајкс-Пико поредок“ на Блискиот Исток и повика на посилна солидарност меѓу исламските земји за спротивставување на израелските дејства и регионалната дестабилизација, јавува Анадолу. „Нема да дозволиме воспоставување нов Сајкс-Пико поредок во нашиот регион со граници што ќе се исцртуваат со крв“, рече Ердоган на 51-та сесија на Советот на министри за надворешни ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ги користи сите дипломатски средства за да воспостави стабилност не само на Кавказот, туку и во целиот регион, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој престојува во работна посета на Турција, јавува Анадолу. Исто така, нагласувајќи ги тековните ангажмани со другите лидери за спречување на ризиците што произлегуваат од ескалацијата на циклусот насилство ...

СКОПЈЕ (AA) - Пропалестински и ирански демонстранти се собраа пред Федералната зграда во Сан Франциско да протестираат против потенцијална војна со Иран и да ги осудат акциите на Израел во Појасот Газа, јавува Анадолу. Носејќи транспаренти и извикувајќи слогани, демонстрантите повикаа на прекин на американското воено вклучување во регионот и побараа поголема поддршка за правата на Палестинците. Собирот беше дел од поширокото движење „Не за војна ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин го потврди противењето на Москва на ширењето на оружје за масовно уништување, вклучително и евентуално негово поседување од страна на Иран, во интервју објавено денес, пренесува Анадолу. Путин за „Скај њуз Арабија“ изјави дека Русија го поддржува правото на Иран да развива нуклеарна енергија за мирољубиви цели, нагласувајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не пронашла ...

АНКАРА (АА) - Израел започна напади рано утрово врз повеќе локации во покраината Исфахан, меѓу кои и клучниот нуклеарен објект во градот, заедно со области во Ленџан, Мобараке, Шахреза и округот Исфахан, објави иранската новинска агенција Фарс, пренесува Анадолу. Заменик-гувернерот на Исфахан, Акбар Салехи, потврди дека нуклеарната централа во Исфахан била примарна цел на нападите, предизвикувајќи брз одговор од иранските системи за ...

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес изрази загриженост за растечката закана од Трета светска војна, посочувајќи ги ескалирачките конфликти во Украина и Блискиот Исток како опасни жаришта, јавува Анадолу „Сега постои голем потенцијал за конфликт“, рече Путин во говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. „Загрижени сме за можноста од светска војна. Сите конфликти мора да се решат на мирен начин.“ Тој го ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул го прими ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој допатува во работна посета на Турција, јавува Анадолу. Ердоган го пречека Пашинјан со официјална церемонија во палатата Долмабахче во Истанбул. По церемонијата, Ердоган и Пашинјан ги претставија своите делегации и влегоа на состанок. На приемот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и неговиот ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Светот се соочи со најголемото пробивање на податоци досега, по откривањето на околу 16 милијарди кориснички информации, објави денес технолошкиот портал „Киберњуз“, пренесува Анадолу. Од почетокот на годината, хакери упаднале во 30 големи бази со податоци, секоја од нив содржи десетици милиони информации, а некои содржат повеќе од 3,5 милијарди, при што биле компромитирани. Истражувањето откри дека 30-те бази на податоци содржат ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика силите кои имаат влијание врз Израел да не „паѓаат на играта на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху“, повикувајќи ги наместо тоа да го искористат своето влијание за да воспостават прекин на огнот и да донесат мир во регионот, јавува Анадолу. „Императив е да се тргнат рацете од чкрапалото во израелско-иранскиот конфликт пред да има поголемо уништување, повеќе крв, ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека спиралата на насилство предизвикана од нападите на Израел може да им нанесе штета на регионот и на Европа во однос на миграцијата и нуклеарни ризици, јавува Анадолу. Во телефонски разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Ердоган рече дека нуклеарните спорови со Иран треба да се решат преку преговори и предупреди дека нападот на Израел сериозно ги зголемил заканите по ...

ИСТАНБУЛ/МОСКВА (АА) - Русија и Украина денес извршија уште една размена на воени заробеници, во согласност со договорот постигнат претходно овој месец во Истанбул, соопшти денес руското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу. Министерството истакна дека двете страни размениле групи војници со еднаков број, иако не го откри бројот на лица вклучени во размената. Според соопштението, вратените руски војници моментално се наоѓаат во Белорусија, ...

БЕРЛИН (АА) - Јавното мислење во Германија драстично се промени против Израел, покажува новата анкета објавена денес, според која 57 % од Германците имаат негативно мислење за оваа држава поради нејзините воени дејствија во Појасот Газа, јавува Анадолу. Анкетата, спроведена од истражувачкиот институт „Аленсбах“ за весникот „Франкфуртер алгемајне“, претставува остар пресврт во однос на 2022 година, кога само 23 % од испитаниците изразиле ...

СКОПЈЕ (АА) – Снимка направена со дрон денес го открива обемот на штетата направена во градот Бат Јам, јужно од Тел Авив во Израел, јавува Анадолу. Според наводите, штетата е направена откако ракета испукана од Иран ја погодила областа на 15 јуни, како одмазда за неодамнешните израелски напади. На снимката се гледаат уништените згради. Регионалните тензии ескалираа од петокот кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации ...

АНКАРА (АА) - Израел денес потврди дека неговите борбени авиони извршиле напади врз седиштето за внатрешна безбедност на иранскиот режим и седиштето на специјалните единици за внатрешна безбедност во Техеран, јавува Анадолу. Портпаролот на израелската Армија, Авичај Адрае, соопшти дека израелската Армија извршува напади врз воената инфраструктура во западниот и централниот дел на Иран. Израелската Армија исто така соопшти дека нејзините ...

ЖЕНЕВА (АА) - По повод Светскиот ден на бегалците, високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Филипо Гранди, денес изрази загриженост поради зголемениот број принудно раселени лица и растечките предизвици со кои тие се соочуваат во услови на намалена хуманитарна помош, јавува Анадолу. „Рекорден број мажи, жени и деца - над 122 милиони луѓе низ светот - се принудени да ги напуштат своите домови, но нивната можност да пронајдат безбедност и ...

АНКАРА (АА) - Во израелски напад со беспилотно летало денес е погодена станбена зграда во Техеран, каде што цел била нуклеарен научник, објави израелскиот весник „Једиот ахронот“, пренесува Анадолу. Во извештајот се тврди дека Израел проценил дека научникот бил успешно елиминиран во нападот. Иранските државни медиуми, вклучувајќи ја и „Прес ТВ“, потврдија дека станбена зграда во иранската престолнина била погодена од израелско беспилотно летало ...

АНКАРА (АА) - Едно лице почина, а 100 се хоспитализирани поради високите температури што ја погодија Јапонија, објавија локалните медиуми денес, пренесува Анадолу. Според јавниот сервис НХК, 100 лица на возраст од 11 до 97 години биле однесени во болница во Токио во четврток со сомнителни симптоми на топлотен удар. Еден постар граѓанин на возраст од 90 години почина во градот Икеда, префектурата Осака, а тројца се во критична состојба во Токио. ...

ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) - Бројот на повредени Израелци од почетокот на непријателствата со Иран достигна 2.517, според официјалните податоци објавени од израелското Министерство за здравство денес, јавува Анадолу. Меѓу повредените, 21 лице се во критична состојба, 103 во умерена состојба, 2.248 со полесни повреди и 107 кои страдаат од напади на паника. Според официјалните податоци, во болниците биле примени уште 54 лица во текот на ноќта и ...

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани низ Иран, вклучувајќи го и главниот град Техеран, се собраа денес по петочната молитва за да протестираат против израелските напади, јавува Анадолу. Демонстрантите се собраа на главните плоштади носејќи ирански знамиња и транспаренти, додека маршираа низ улиците изразувајќи ја својата поддршка за иранската Влада. Тие скандираа антиизраелски и антиамерикански слогани. Собирите следуваат по серијата израелски напади ...

СКОПЈЕ (АА) – Во екот на интензивни напади на Израел и целосна опсада на блокираниот Појас Газа, животите на новороденчињата се во опасност поради недостигот на храна за бебиња и на медицински средства, јавува Анадолу. Здравствените работници на педијатриското и породилното одделение во болницата „Насер“ во градот Кан Јунис се обидуваат да ги одржат во живот бебињата родени предвреме на одделот за интензивна нега со ограничени ресурси. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1013
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
82%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 16ᴼ
3.6
58%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.38
56%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
97%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.09
44%
1010
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
49%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
66%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
93%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
73%
1011
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71