
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



МАДРИД (АА) - Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека ќе побара од своите колеги храброст во воведувањето санкции кон Израел на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) што се одржува во Брисел, известува Анадолу. Во изјавата за новинарите пред состанокот во Брисел, Албарес рече дека од своите колеги во ЕУ ќе побара итно суспендирање на Договорот за асоцијација меѓу Израел и ЕУ, ...
ГАЗА (АА) - Неколку деца се здобија со тешки изгореници по израелскиот воздушен напад врз областа Ал-Маваси кај градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу. Повредените деца беа пренесени во болницата Насер, додека израелските напади врз опколената енклава продолжуваат да предизвикуваат тешки цивилни жртви. Според медицински извори, најмалку 26 Палестинци загинаа, а десетици беа повредени во новиот бран воздушни напади на ...
АНКАРА (АА) - Израелската Армија објави дека Иран започнал втор бран ракетни напади врз Израел, известува Анадолу. Во писменото соопштение објавено од израелската Армија се наведува дека се активирани сирените во многу делови од Израел поради ракетите испукани од Иран. Армијата повика да не се напуштаат засолништата поради ракетите испукани од Иран и ги повика луѓето да останат во заштитените подрачја до понатамошно известување. По соопштението ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската Армија денес соопшти дека продолжува со воздушните напади врз воената инфраструктура во западен Иран, јавува Анадолу. Во соопштението на Армијата објавено од нејзиниот портпарол, Авичај Адрае, се вели дека израелските борбени авиони извршиле напади врз воената инфраструктура во Керманшах. Иранските медиуми објавија дека доцна синоќа се случила силна експлозија во Керманшах. Нападите се случија во најновата ескалација ...
АНКАРА (АА) - Израелско беспилотно летало е соборено во близина на градот Хорамбад во западен Иран, известува Анадолу. Во веста објавена во иранскиот печат се наведува дека собореното беспилотно летало било од типот „Хермес 900“ кое ѝ припаѓало на израелската армија. Предметното беспилотно летало е соборено рано утрово во близина на градот Хорамабад во западен Иран. Израелската армија во писмено соопштение потврди дека беспилотно летало е ...
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Постојаниот претставник на Израел во Обединетите нации (ОН), Дени Данон, изјави дека САД со нападот врз Иран ја елиминирале „најголемата егзистенцијална закана со која се соочува слободниот свет“, известува Анадолу. Данон во својот говор пред Советот за безбедност на ОН (СБОН), што се состана по воздушните напади на САД врз Иран, рече: „САД, како лидери на слободниот свет, ја елиминираа најголемата егзистенцијална закана ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот Парламент одобри затворање на Ормутскиот Теснец за поморски сообраќај по американските напади врз три нуклеарни објекти, соопшти денес ирански пратеник, јавува Анадолу. „Парламентот донесе заклучок дека Ормутскиот Теснец треба да се затвори“, изјави генерал-мајор Есмаил Ковсари, член на Комисијата за национална безбедност на Парламентот, во изјава објавена од државната Прес ТВ. Ормутскиот Теснец се смета за најважната ...
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес во Истанбул се состана со својот сириски, јеменски, ирански, туниски и ирачки колега, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу. Фидан оствари средби со сирискиот министер Асад ал-Шаибани, јеменскиот министер Шаја Зиндани од Јемен, иранскиот министер Абас Арагчи, со тунискиот министер Мохамед Али Нафти од Тунис и со својот колега од Ирак Фуад ...
СКОПЈЕ (АА) – Министерството за надворешни работи и надворешна политика на Северна Македонија денес објави дека во моментов вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, поради безбеносната ситуација, пренесува Анадолу. Согласно информациите добиени од Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив, Министерството истакна дека по денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел ...
СКОПЈЕ (АА) - Калдерата Немрут, лоцирана во подрачјето Татван во источната турска област Битлис, продолжува да ги маѓепсува луѓето што кампуваат, љубителите на природата и фотографите со своите сини и зелени езера и недопрената природна убавина, јавува Анадолу. Позната по своето вулканско „сино“ езеро и термалното „зелено“ езеро – чии бои произлегуваат од алги и минерални наслојки – калдерата нуди спектакуларен пејзаж што се менува со секоја ...
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Организацијата за исламска соработка (ОИС) денес ја издаде Истанбулската декларација по министерскиот состанок, остро осудувајќи ги нападите на Израел врз Иран, Сирија и Либан, и повикувајќи ја меѓународната заедница да преземе итни мерки за сузбивање, јавува Анадолу. Во соопштението, објавено по 51-та сесија на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, постапките ...
СКОПЈЕ (АА) - Иран денес изведе ракетен напад врз израелскиот аеродром „Бен Гурион“, центри за биолошки истражувања и командни и контролни објекти, како и врз Хаифа, објавија иранските државни медиуми, пренесува Анадолу. Во нападите повредени се најмалку 23 лица во Израел, повеќето со лесни повреди, а едно лице е во умерена состојба, јави израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“. Израелскиот јавен радиодифузер КАН јави за причинета штета на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денес го предупреди Иран дека одмаздата против американските сили би била „најлошата грешка“ што земјата некогаш ја направила, јавува Анадолу. „Тие се целосно ранливи. Тие немаат контрола на сопствениот воздушен простор; тие не можат да го заштитат сопствениот воздушен простор. Тие дури не можат да ги заштитат ниту сопствените лидери“, изјави Рубио за Фокс њуз по катастрофалните ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американските напади врз Иран не беа за промена на режимот, изјави денес американскиот секретар за обрана Пит Хегсет, јавува Анадолу. „Оваа мисија не беше за промена на режимот“, рече Хегсет на прес-конференција заедно со претседателот на Здружениот штаб на воздухопловните сили, генерал Ден Кејн. Неговите изјави дојдоа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американските сили извршиле „многу успешни“ напади ...
АНТАЛИЈА (АА) – СУЛЕЈМАН ЕЛЧИН – Рачно ткаени килими и теписи, собрани еден по еден од различни региони на Турција, се послани на полињата во областа Дошемеалти во Анталија, јавува Анадолу. Во Дошемеалти, област позната по килими што рачно се ткаени на оригинални разбои и се бојосуваат со природни бои добиени од растенија, летото донесува поинаква живост. Килимите и теписите собрани од различни делови на Анадолија се перат, сушат и потоа се ...
АТИНА (АА) - Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде денес изјави САД „сега директно зедоа учество во војна што започна кога Израел го нападна Иран“, по американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни постројки, објави јавниот радиодифузен сервис, пренесува Анадолу. Еиде им рече на новинарите: „Длабоко сме загрижени за оваа понатамошна ескалација на војната на Блискиот Исток, преку американските напади врз иранските ...
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари телефонски разговор со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, порачувајќи дека Хрватска е докажан пријател на Северна Македонија, пренесува Анадолу. Во објава на својот профил на социјалните мрежи по повод разговорот, Мицкоски истакна дека во пресрет на извештајот на Европскиот парламент продолжува да ги користи „сите контакти за да ја ...
СПЛИТ (АА) - Пожарот што избувна рано утрово на подрачјето на Писак и Марушиќ, источно од Омиш во Хрватска, се разгорува бидејќи пожарникарите не успеваат да го стават под контрола, објавија денес хрватските медиуми, пренесува Анадолу. Во соопштението на хрватската Противпожарна служба во Омиш, кое го пренесе агенцијата Хина, се наведува дека припадници на противпожарната служба се ангажирани во спасувањето на загрозените станбени објекти. ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Иран поднесе формална жалба против шефот на нуклеарното надзорно тело на Обединетите нации (ОН), Рафаел Гроси, обвинувајќи го за пристрасност и пасивност во врска со израелските напади врз земјата, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу. Во писмо до Советот за безбедност на ОН, амбасадорот и постојан претставник на Иран во ОН, Амир-Саид Иравани, ги нарече изјавите на Гроси за време на израелските напади врз Иран и ...
СКОПЈЕ – (АА) – Овчарите од регионот го започнаа со своето годишно патување, водeјќи ги стадата овци кон високите пасишта на планината Нeмрут, во Адијаман, Турција, јавува Анадолу. Движејќи се по нагорнините, стадото крева густ прав, создавајќи впечатлива глетка додека златните зраци од сонцето се пробиваат низ маглата, фрлајќи топол, магичен сјај врз ридестиот пејзаж. За да ги заштитат обработливите површини, овчарите го избираат потешкиот пат ...
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи денес изрази длабока загриженост поради американскиот напад врз нуклеарните постројки на Иран, предупредувајќи дека тоа би можело да го ескалира регионалниот конфликт во глобална криза, јавува Анадолу. „Нападот на САД врз нуклеарните постројки на Исламска Република Иран на 22 јуни го максимизираше ризикот што постојано го истакнувавме, ескалација на конфликтот и дестабилизација на ...
АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, за време на денешната прес-конференција во Истанбул изјави дека САД „ги преминале сите црвени линии“ со најновиот напад врз иранските нуклеарни објекти, предупредувајќи дека дипломатијата можеби повеќе нема да биде можна, јавува Анадолу. Американските напади врз Иран се „скандалозни, сериозни и невидени прекршувања на основните принципи на Повелбата на ОН и меѓународното право“, ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран да не се одмаздува за американските напади врз клучните нуклеарни објекти, велејќи дека ќе се соочи со невидена „трагедија“ доколку започне контранапади, јавува Анадолу. Трамп рече дека „опсежните прецизни напади“ што ги одобри против нуклеарните централи Фордо, Натанц и Исфахан „беа спектакуларен воен успех“, оставајќи ги тие објекти „целосно и тотално уништени“. „Иран, ...
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари средба со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на маргините на 51-та сесија на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, на која разговараа за тековниот израелско-ирански конфликт, јавува Анадолу. За време на состанокот, двајцата лидери разговараа за ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, како и ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за нападот врз нуклеарните објекти на Иран, јавува Анадолу. Нетанјаху, во видеопорака, ја нарече одлуката на Трамп „храбра“ и додаде: „Прво доаѓа моќта, потоа мирот“. „Честитки, претседателе Трамп. Вашата смела одлука да ги таргетирате нуклеарните објекти на Иран со неверојатната и праведна моќ на Соединетите Американски ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека американските сили завршиле „многу успешни“ воздушни напади врз три ирански нуклеарни локации, поради страв од пошироко разгорување на судирите во регионот, јавува Анадолу. Трамп рече дека полн товар бомби е фрлен врз „примарната“ иранска нуклеарна постројка во Фордо, а дополнителни напади се извршени врз објектите во Натанц и Исфахан. Сите американски воени авиони го ...
СКОПЈЕ (АА) - Најмалку 8 лица загинаа откако балон на топол воздух се запали во воздух во Бразил, јавува Анадолу. Балонот, во кој имало 21 патник, се запалил во воздух и паднал во Праја Гранде, Санта Катарина, според локалните медиуми. Ова е втора фатална несреќа со балон на топол воздух во Бразил во рок од една недела. На 15 јуни, во слична несреќа во Сао Паоло загина една жена, а 11 лица беа повредени. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) ...
ВАШИНГТОН (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) фрлија шест бункер-разбивачки бомби (бункер-бомби) врз нуклеарниот објект Фордо и извршија десетици напади со крстосувачки ракети од подморници врз две други локации, таргетирајќи ја нуклеарната програма на Иран, пренесува Анадолу. „Фокс њуз“ соопшти дека Трамп детално му образложил за нападите на ТВ-водителот Шон Ханити, велејќи дека секоја од бомбите тежела 15 тони и била фрлена од ...
СКОПЈЕ (АА) - Петмина Палестинци се убиени денес во израелски воздушен напад врз Палестинците кои чекале на пункт за делење на хуманитарна помош во близина на коридорот Нецарим во Газа, јавува Анадолу. Телата на починатите и повредените се однесени во болницата Ал-Авда. Израелската војска дозволува влез само на ограничен број камиони со хуманитарна помош во Газа, што не ги задоволува ни минималните основни потреби на населението. Отфрлајќи ги ...
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари телефонски разговор со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, порачувајќи дека Хрватска е докажан пријател на Северна Македонија, пренесува Анадолу. Во објава на својот профил на социјалните мрежи по повод разговорот, Мицкоски истакна дека во пресрет на извештајот на Европскиот парламент продолжува да ги користи „сите контакти за да ја ...