
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



ГРАД ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку уште 45 Палестинци се убиени денес во нов масакр извршен од израелските сили врз цивилите што чекаа хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу. Министерството за здравство на Газа соопшти дека жртвите биле таргетирани на кружниот тек Ал-Талија во Кан Јунис, каде што се собрале поголем број луѓе за да земат хуманитарна помош. Се додава дека десетици од повредените се во критична состојба ...
КИЕВ (АА) - Најмалку 14 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени откако руските сили извршија комбинирани напади со ракети и беспилотни летала врз главниот град на Украина во текот на ноќта, објавија локалните власти денес, јавува Анадолу. Нападите, кои започнаа синоќа и продолжија до раните утрински часови, беа насочени кон повеќе области на Киев, при што се оштетени станбени згради, училишта и клучна инфраструктура. „Прелиминарните извештаи ...
СКОПЈЕ (АА) - Израелскиот систем за противвоздушна одбрана денес е активиран над Тел Авив, а тензиите со Иран продолжуваат да ескалираат по серијата лансирања ракети и предупредувањата за натамошни напади, јавува Анадолу. Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучително и воени и нуклеарни постројки, што го натера Техеран да започне одмазднички напади. Израелските ...
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје започна Македонскиот енергетски форум (МЕФ), јавува Анадолу. Осмото издание на овој форум, кое се одржува под слоганот „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“, ги собра владините министри од земјите од регионот, експерти и високи претставници од меѓународни институции. Турција на овој форум ја претставува заменик министерката за животна средина, урбанизам и климатски промени, Фатма Варанк. Во својот говор на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Од самиот почеток, Турција се залагаше разговорите за иранската нуклеарна програма да се одржат на преговарачка маса, и тоа е истиот став и денес, истакна денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Ердоган имаше свое обраќање до нацијата по состанокот на Кабинетот. Тој нагласи дека Турција вложува интензивни дипломатски напори, и тој лично и преку министерот за надворешни работи, за да ги запре судирите во ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија ја нападна зградата на Иранската државна телевизија за време на емитување во живо, објавија иранските медиуми, пренесува Анадолу. Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека израелската армија ја нападнала Иранската национална телевизија додека емитувала програма во живо. Неколку медиуми објавија видеа од последиците од нападите. Претходно, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека државната ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Две силни експлозии се слушнаа во северозападниот ирански град Тебриз, објавија иранските медиуми денес, пренесува Анадолу. Регионалните тензии ескалираат од петокот, кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучително и воени и нуклеарни постројки, што го натера Техеран да започне одмазднички напади. Израелските власти соопштија дека оттогаш најмалку 24 лица се убиени, а стотици се повредени ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараа за ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, како и за билатералните односи и регионалните прашања, соопшти Директоратот за комуникации на Турција, пренесува Анадолу. За време на телефонскиот разговор Ердоган предупредил дека циклусот на насилство предизвикан од израелските напади врз Иран ја загрозува безбедноста на ...
ТИРАНА (АА) - Во Тирана се одржува Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој учествуваат високи претставници и министри за надворешни работи од земјите членки на иницијативата, јавува Анадолу. Во воведното обраќање на министерскиот состанок албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, изјави дека ПСЈИЕ останува платформа и политички простор во кој сите учесници ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Руското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека следната рунда консултации меѓу Москва и Вашингтон е откажана на иницијатива на американската страна, јавува Анадолу. Во писмен коментар портпаролката на Министерството, Марија Захарова, истакна дека средбата, која требаше да биде дел од консултациите за нормализирање на работата на дипломатските мисии на Русија и САД, била откажана од американските преговарачи. „Се ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес соопшти дека од петокот досега уништила повеќе од 120 ирански ракетни лансери, што претставува околу една третина од вкупниот капацитет на Иран, јавува Анадолу. „Од почетокот на операцијата уништени се повеќе од 120 ракетни лансери - една третина од сите ирански лансери“, наведе воениот портпарол Авичај Адраи на својот профил на X. Тој додаде дека синоќа околу 50 израелски борбени авиони ги таргетирале ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Израел денес започна нова серија воздушни напади врз централниот дел на Иран, во услови на сè поголема ескалација на регионалните тензии од крајот на минатата недела, јавува Анадолу. „Израелските воздухопловни сили имаат целосна контрола врз небото над Техеран“, рече Нетанјаху во изјавите во воздухопловната база Тел Ноф во Реховот, Централен Израел. Израелскиот Канал 12 јави дека армијата напаѓа десетици цели во Централен Иран, ...
СКОПЈЕ (АА) – На социјалните мрежи се појави видеоснимка за која се тврди дека е направена од патнички лет на националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати „Емирати“, на која се гледаат лансираните ракети од Иран кон територијата на Израел, снимен од прозорец на авион, јавува Анадолу. Снимката е направена во екот на сериозната ескалација на регионалните тензии што започнаа во петокот, кога Израел изврши координирани воздушни напади ...
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, оствари телефонски разговор со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и египетскиот министер за надворешни работи Бедир Абдулати, известува Анадолу. Според информациите добиени од извори на турското Министерството за надворешни работи, Фидан остварил телефонски разговор со азербејџанскиот министер за надворешни работи Бајрамов и египетскиот министер за ...
СКОПЈЕ (АА) - Еден од најголемите и најмодерните патнички авиони во светот, Ербас A350, првпат ќе слета во Скопје со летовите на „Туркиш ерлајнс“ на 19 и 27 јули, јавува Анадолу. Овој настан ќе означи историски момент за македонското воздухопловство, првпат ќе слета и полета авион од типот Ербас A350 до и од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Ова е дел од редовната линија на „Туркиш ерлајнс“ на релација Скопје-Истанбул на 19 јули и Истанбул-Скопје ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 55.432 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 68 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, а 182 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелската офанзива се искачи на 128.923. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи ...
СКОПЈЕ (АА) - По повеќе од четири месеци од општите избори одржани на 9 февруари во Косово, конститутивната седница на косовското Собрание е одложена 32. пат откако повторно не е избран претседател на Парламентот, известува Анадолу. Седницата започна со повеќе од 20 минути задоцнување, а во салата беа присутни 75 пратеници. Претседавачот со Собранието, Авни Дехари, ги повика претставниците на Демократска партија на Косово (ДПК), Демократски ...
ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со иранскиот колега Масуд Пезешкијан, при што дискутираа за ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран, како и за пошироките регионални и глобални прашања, јавува Анадолу. Според Директоратот за комуникации на Турција, во телефонскиот разговор Ердоган рекол дека Турција е подготвена да игра улога на олеснувач за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да ...
ПАРИЗ (АА) – Француските власти ги покрија производите на израелските компании кои одбија да ги отстранат своите офанзивни вооружени системи на Парискиот саем на воздухоплови, со црна завеса, спречувајќи го изложувањето на такво оружје, јавува Анадолу. Штандовите што им припаѓаат на израелските компании беа покриени со црни церади денес на отворањето на Парискиот саем на воздухоплови во Франција. Организаторите на саемот побараа од израелските ...
САМСУН (АА) - Мачка со храна заглавена во трахеата во Самсун беше спасена со Хајмлихов зафат (Абдоминално притискање) од страна на лице од обезбедувањето, известува Анадолу. Трахеата на мачката била блокирана од храна што ја јадела во местото Чаршамба, во турската област Самсун. Забележувајќи дека мачката има тешкотии со дишењето, Селчук Чавдар, вработен во приватно обезбедување на банка, го примени Хајмлиховиот зафат врз мачката. По ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Иран истрела 370 балистички ракети кон Израел од 13 јуни, при што се пријавени напади на 30 локации, соопшти денес прес-службата на израелскиот премиер, додавајќи дека повеќето од ракетите биле пресретнати, јавува Анадолу. Во соопштението на кабинетот се потврдува и дека 24 лица се убиени во иранските ракетни напади, а 592 лица се повредени, од кои десет се во критична состојба. Бројките се споделени како дел од официјалното ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денес се закани дека Израел ќе ги интензивира нападите врз Техеран по синоќешниот ирански ракетен напад, јавува Анадолу. „Арогантниот диктатор од Техеран стана кукавички убиец, нишанејќи цивилни области во Израел со цел да ги одврати ИДФ (Израелските одбранбени сили) од продолжување на нападот, што ги осакатува неговите способности“, напиша Израел Кац на социјалната мрежа X. „Жителите ...
СКОПЈЕ (АА) - Иран започна нов бран напади со балистички ракети во раните утрински часови денес како одмазда за израелските воени акции, според јавувањата, пренесува Анадолу. Ракетите лансирани од Иран се појавија на небото над Тел Авив, каде што беа активирани сирените за воздушен напад. Израелските системи за противвоздушна одбрана одговорија на дојдовните закани, пресретнувајќи некои од ракетите во воздух. На веб страницата на Anadolu Agency ...
АНКАРА (АА) – Австралиски истражувачи развија модел на вештачка интелигенција (ВИ) што може да ги дешифрира зборовите и речениците од мозочните бранови детектирани со нослива капа, поставувајќи нови граници во медицината, јави Австралиската радиодифузна корпорација денес, пренесува Анадолу. Ова научно достигнување може не само да помогне на пациентите со нарушена когниција, туку и да го промени начинот на кој луѓето комуницираат со компјутерите. ...
ЖЕНЕВА (АА) - Шефот за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, денес изрази длабока загриженост поради неодамнешната воена ескалација меѓу Израел и Иран, повикувајќи на воздржаност и враќање на дипломатијата, јавува Анадолу. „Воената ескалација меѓу Израел и Иран е длабоко загрижувачка“, рече Турк додека го презентираше својот годишен извештај пред 59-от Совет за човекови права во Женева. Тој ги повика сите страни да се вклучат во ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Уште три лица се убиени од иранските ракети во Хаифа, северен Израел, пренесува Анадолу. Израелското воено радио на X соопшти дека бројот на жртви од последниот ирански напад се искачил на 8, а за три исчезнати лица е потврдено дека се мртви. Според Националната служба за вонредни ситуации на Израел, Маген Давид Адом, 24 лица се убиени, а стотици повредени во иранските напади од петокот. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку пет лица се убиени, а 103 се повредени во иранските ракетни напади врз Израел рано утринава, според извештаите на израелските медиуми, пренесува Анадолу. Бројот на жртви во Израел како резултат на најновите напади на Иран се искачи на пет, откако телата на две лица беа пронајдени во Бнеи Брак и Петах Тиква, источно од Тел Авив, објави израелскиот „Канал 12“. „Једиот ахронот“ објави дека 103 повредени лица се ...
ТЕХЕРАН - Драматично видео покажува големи оштетувања на една зграда погодена од израелскиот напад во источниот дел на Техеран, главниот град на Иран, известува Анадолу. Тимовите на иранската Црвена полумесечина спроведуваат операција за пребарување и спасување во зградата во регионот Нармек. Израел во петокот започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне ...
АНКАРА (АА) - Седум лица загинаа, вклучувајќи го и пилотот, кога хеликоптер се урна во шума во индиската држава Утараканд, известува Анадолу. Според Телевизија Њу Делхи (NDTV), хеликоптер кој се враќал од храмот Кедарнат се урнал во шума околу 10 минути по полетувањето. Во несреќата животите ги загубија 7 лица, вклучувајќи го и пилотот. Официјалните лица соопштија дека меѓу загинатите е и двегодишно дете. Инцидентот е евидентиран како петта ...
СКОПЈЕ (АА) - На периферијата на главниот град Скопје, во Северна Македонија, тивко и посветено се гради еден поинаков свет за кучињата, јавува Анадолу. Центарот „АвАв хепи дог“ не е само хотел и дневна градинка за миленици – тоа е оаза на грижа, социјализација и хуманост, каде љубовта е водилка, а секое куче добива внимание како член на семејството. Наде Богоевска, која е основач и сопственик на центарот за миленици, одлучила освен за своето ...