
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



ХАГ (АА) - Европската Унија денес го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Иран што го објави американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „важен чекор“ кон враќање на стабилноста во регионот обележан со ескалација на тензиите, јавува Анадолу. „Европа го поздравува објавувањето на прекинот на огнот од страна на претседателот Трамп. Тоа е важен чекор кон враќање на стабилноста во регион во кој се зголемени тензиите. Ова мора да биде ...
ЛОНДОН (АА) - Ирска е подготвена формално да ја забрани трговијата со окупираните палестински територии (ОПТ), станувајќи првата европска земја што го прави тоа, изјави денес заменик-премиерот на земјата, јавува Анадолу. „Ова е важна мерка, бидејќи зборуваме јавно и зборуваме во име на народот на Ирска во врска со оваа геноцидна активност“, изјави Сајмон Харис пред новинарите. Харис рече дека се надева оти „вистинската придобивка“ од ...
ЛОНДОН (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Русија би можела да нападне земја членка на НАТО во рок од пет години, додавајќи дека планот на Алијансата за зголемување на трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП е „многу бавен“, јавува Анадолу. Во интервју за „Скај њуз“, емитувано денес, Зеленски рече дека верува оти Русија би можела да нападне земја членка на НАТО во рок од пет години за да го тестира член 5 - напад врз една ...
СКОПЈЕ (АА) - Њујорк и околниот регион Три-Стејт се соочува со сè посилен топлотен бран, известува Анадолу. Според Националната метеоролошка служба, температурите изнесуваат од 32 до 35 Целзиусови степени, а перципираната температура се искачи над 38 Целзиусови степени поради високата влажност. Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, прогласи вонредна состојба за 32 окрузи, вклучително и пет градски општини. На фотографиите може да се види поглед на ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - По примирјето воспоставено меѓу Израел и Иран што го објави американскиот претседател Доналд Трамп и беше одобрено од Тел Авив, во Израел има „повици за прекин на огнот во Газа“, известува Анадолу. Јаир Лапид, лидер на главната опозициска партија Јеш Атид (Има иднина), ја даде следнава изјава на својот профил на социјалните мрежи во врска со прекинот на огнот меѓу Израел и Иран што го прогласи Трамп. „Сега е ред на Газа. Време е ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ѝ нареди на армијата да изврши интензивни напади врз иранскиот главен град Техеран, обвинувајќи го Иран за прекршување на прекинот на огнот меѓу двата најголеми непријатела, јавува Анадолу. „Ѝ наложив на израелската армија (ИДФ), во координација со премиерот, да продолжи со интензивни напади врз Техеран, со цел неутрализирање на целите на режимот и терористичката инфраструктура во ...
ХАГ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ја пофали одбранбената индустриска база на Турција и рече дека одбранбената индустрија на земјата треба да биде потесно поврзана со Велика Британија, Норвешка и Европската Унија, јавува Анадолу. „Турција има многу голема одбранбена индустриска база. Понекогаш забораваме што имаат тие. Посетив некои од нивните компании, навистина е импресивно“, изјави Руте на Јавниот форум на НАТО во Хаг. ...
ГАЗА (АА) - Најмалку 50 цивили, повеќето од нив лица што се обидувале да дојдат до храна, се убиени, а над 200 се повредени во новите израелски напади врз Појасот Газа денес, соопштија медицински лица, јавува Анадолу. Медицински извор за Анадолу изјави дека 37 Палестинци ги загубиле животите од истрели на израелската армија додека чекале во близина на пункт за дистрибуција на помош во коридорот Нецарим во централниот дел на Газа и во напад врз ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Прекинот на огнот меѓу Израел и Иран стапи на сила во 04:00 часот по Гринич денес, по часови интензивни напади во кои Иран лансираше бараж од ракети на израелската територија, јавува Анадолу. Израелската армија потврди дека вкупно 11 ракети биле испукани во шест последователни брана од Иран во часовите пред прекинот на огнот. Според израелската служба за итна медицинска помош, најмалку шест лица се убиени, а 15 се повредени, а ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Израел официјално потврди дека се согласил на билатерален прекин на огнот со Иран денес, по предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу. „Во светлината на постигнувањето на целите на операцијата и во целосна соработка со претседателот Трамп, Израел се согласи со предлогот на претседателот за прекин на огнот од двете страни“, се вели во соопштението на Владата. Израел тврдеше дека ги елиминирал заканите во ...
ДАМАСК (АА) – По експлозијата што се случи вчера во сирискиот главен град Дамаск, илјадници луѓе денес се собраа во подрачјето на црквите во населбата Баб Тума во знак на протест, известува Анадолу. Демонстрантите побараа сторителите на експлозијата да бидат изведени пред лицето на правдата и пренесоа пораки за единство и солидарност носејќи крстови. На протестот, кој се одржа во подрачјето во кое христијанската заедница е густо населена, ...
СКОПЈЕ (АА) - Поради ракетните напади што меѓусебно ги извршуваат Израел и Иран, Израелците се принудени ноќите да ги минуваат во засолништа, известува Анадолу. Меѓусебните напади на Израел и Иран продолжуваат веќе дванаесетти ден. Поради звукот на сирените и можноста од напад, Израелците ноќта ја минуваат во засолништа, главно формирани во метро-станиците и на паркинзите во трговските центри низ главниот град Тел Авив. Непријателствата ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп во вечерва соопшти дека е постигнато прекин на огнот меѓу Израел и Иран, известува Анадолу. „Во потполност е договорено меѓу Израел и Иран дека ќе има целосен и тотален прекин на огнот (откако Израел и Иран ќе се повлечат и ќе ги завршат своите активни финални мисии!), во период од 12 часа, по што Војната ќе се смета за завршена! Трамп на платформата Truth Social го објасни процесот на ...
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп утринава објави дека сега е на сила прекинот на огнот меѓу Иран и Израел, повикувајќи ги двете страни да го почитуваат, јавува Анадолу. „Прекинот на огнот сега е на сила. Ве молам, не прекршувајте го!“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Трут Соушал. Трамп вчера објави дека Израел и Иран се согласиле на „целосен и тотален“ прекин на огнот во услови на растечки конфликт на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за одбрана на Катар објави дека ракетниот напад на Иран врз американската воздухопловна база Ал-Удејд е спречен и нема пријавени жртви, известува Анадолу. Во писменото соопштение од Министерството за одбрана е наведено дека воздушниот простор и територијата на Катар се безбедни и дека катарската армија е подготвена да се справи со секоја закана. „Катарската воздушна одбрана успешно го спречи ракетниот напад насочен ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Иран започна воена операција врз американските бази во Катар и Ирак, известува Анадолу. Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека нападот, наречен „Добра вест за освојување“, бил насочен врз американската база Ал-Удејд во Катар. Иранската новинска агенција ИРНА објави дека е извршен ракетен напад и врз американска база во Ирак. Израелскиот печат тврди дека нападот што го започна Иран бил насочен врз американските бази во ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Израел изврши нов воздушен напад врз нуклеарната постројка Фордо, јужно од иранската престолнина Техеран, соопштија иранските медиуми денес, јавува Анадолу. „Пред неколку моменти агресорот повторно ја нападна нуклеарната постројка Фордо“, изјави портпаролот на Штабот за управување со кризи во провинцијата Квом. Полуофицијалната новинска агенција Тасним го потврди нападот, но не даде детали за евентуалната штета. Овој напад се ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 55.998 Палестинци се убиени во геноцидната војна што Израел ја води во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, јавува Анадолу. Министерството истакна дека во последните 24 часа во болниците се донесени 39 тела, а 371 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 131.559. „Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на ...
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изрази силна поддршка за Израел и САД во врска со нивните воздушни напади врз иранската нуклеарна програма и ракетни капацитети, јавува Анадолу. Говорејќи на настан организиран од Федерацијата на германската индустрија (БДИ) во Берлин, Мерц истакна дека неговата Влада работи на справување со надворешните политички предизвици, особено поради новата ескалација на Блискиот Исток. „Сакам повторно ...
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија денес остро го осуди „терористичкиот напад“ врз црквата „Свети Илија“ во источниот дел на Дамаск, изразувајќи поддршка за сирискиот народ, јавува Анадолу. Според Министерството за здравство на Сирија, самоубиствен напаѓач од терористичката организација ДЕАШ вчера отворил оган во црквата, по што се разнел. Загинаа најмалку 20 лица, а 52 се повредени. Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во соопштение оцени ...
СКОПЈЕ (АА) – Министерството за надворешни работи и надворешна политика на Северна Македонија денес објави дека во моментов вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, поради безбеносната ситуација, пренесува Анадолу. Согласно информациите добиени од Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив, Министерството истакна дека по денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел ...
АНКАРА (АА) - Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, изјави: „Според Светскиот туристички барометар од мај 2025 година објавен од Светската туристичка организација на Обединетите нации, Турција се искачи од петто на четврто место на светската листа на земји што привлекуваат најмногу туристи во 2024 година со 56,7 милиони странски посетители, надминувајќи ја Италија“, известува Анадолу. Според податоците на Светската ...
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека третата рунда преговори меѓу Русија и Украина ќе се разјасни оваа недела и додаде: „Продолжува процесот на спроведување на договорите постигнати во Истанбул“, известува Анадолу. Песков даде оцена за можноста за нова рунда преговори меѓу Русија и Украина пред новинарите во главниот град Москва. Наведувајќи дека продолжува работата со Украина на експертско ниво, Песков истакна: ...
СКОПЈЕ (АА) - Протести „Да ги држиме рацете подалеку од Иран“ се одржаа во САД и Канада, по неодамнешниот напад на администрацијата на Трамп врз нуклеарните постројки на Иран, јавува Анадолу. Вчера демонстрантите излегоа на улиците носејќи транспаренти и веејќи палестински и ирански знамиња, изразувајќи протест поради тековните напади врз Појасот Газа и Иран. Голем број луѓе се собраа со повици за итен прекин на огнот и осуда на, како што рекоа, ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес ги опиша нападите врз Иран како „непровоцирана агресија“ без никакво правно или морално оправдување, јавува Анадолу. „Апсолутно непровоцираната агресија врз Иран нема никаква основа и никакво оправдување,“ изјави Путин за време на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Москва. Израел и Иран се вклучени во воздушни судири од 13 јуни, кога Тел Авив изврши ...
АНКАРА (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган го осуди гнасниот терористички напад врз црквата „Свети Илија“ во Дамаск и изјави: „Нема да дозволиме Сирија да биде вовлечена во нова средина на нестабилност со подизведувачки терористички организации. Ќе продолжиме да ја поддржуваме борбата на Сирија против тероризмот“, известува Анадолу. Претседателот Ердоган на својот профил на социјалните мрежи го објави следното: „Го осудувам гнасниот ...
АНКАРА (АА) - Палестинскиот активист Махмуд Халил вчера се врати пред Универзитетот „Колумбија“, само еден ден по неговото ослободување од притвор на американската Служба за имиграција и царина (ICE), јавува Анадолу. Тој маршираше заедно со пропалестинските демонстранти, приклучувајќи се на обновените повици за правда, слобода на изразување и поддршка за Палестина на универзитетскиот кампус. По неговото ослободување, Халил даде интервју за ...
ГАЗА (АА) - Еден Палестинец е убиен, а неколку други беа повредени откако израелските војници отвориле оган врз толпа луѓе кои се обидувале да добијат хуманитарна помош во областа Заким, во северниот дел на Појасот Газа, соопштија очевидци и здравствените власти, јавува Анадолу. Илјадници Палестинци се собраа во областа во обид да дојдат до храна, во услови на тешка хуманитарна криза и акутен недостиг на основни прехранбени производи низ целата ...
ПРИШТИНА (АА) - Косовското Собрание не успеа да се конституира ниту во 36-тиот обид поради недостиг на доволно гласови за гласањето за претседател на законодавниот дом, јавува Анадолу. Претседавачот со седницата, Авни Дехари, на 1 мај предложи создавање ад-хок комисија за тајно гласање за позицијата претседател на Собранието, но сите парламентарни групи, освен Движењето „Самоопределување“, не го поддржаа нејзиното формирање. Од 91 пратеник ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинските власти денес соопштија дека најмалку седум лица се убиени, а 22 други се повредени во ноќен руски воздушен напад врз главниот град Киев, јавува Анадолу. „Дваесет и две лица се повредени во непријателскиот ноќен напад врз главниот град. Во моментов, 12 се хоспитализирани, додека другите добија медицинска помош на самото место. Засега е потврдено дека шест лица се убиени“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ...