ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги поздрави извештаите за договорот за прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, повикувајќи ги двете страни целосно да го почитуваат примирјето, јавува Анадолу. „Турција решително ќе го задржи својот принципиелен став што го почитува меѓународното право и ја има дипломатијата како приоритет“, рече Реџеп Таип Ердоган на аеродромот во Анкара пред неговата посета на Холандија за ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес за време на самитот на НАТО во Хаг го повтори своето тврдење дека нуклеарните постројки на Иран биле „целосно уништени“ во нападите извршени за време на викендот, јавува Анадолу. Трамп го потврди ова во разговорот со новинарите заедно со холандскиот премиер Дик Шуф. Американските разузнавачки служби заклучија дека воздушните напади врз три ирански нуклеарни постројки за време на ...

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска во Скопје оствари средба со делегација од Меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Северна Македонија при Големото турско национално собрание, која престојува во тридневна посета на земјата, јавува Анадолу. На средбата беше нагласено дека во изминатата година се бележи значително интензивирање на билатералната комуникација на повеќе нивоа, ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 51 Палестинец, вклучително и оние што барале помош, се убиени, а стотици се ранети во новите израелски напади низ Газа денес, објави палестинската новинска агенција Вафа, повикувајќи се на медицински извори, јавува Анадолу. Еден од изворите за Анадолу изјави дека 12 лица се убиени, а неколкумина се повредени во напад во населбата Шеџаја во источниот дел на Газа. Осум лица се убиени од израелски оган при обид да добијат ...

ИСТАНБУЛ (АА) — Лидерите на НАТО денес се собраа во Хаг на историски самит насочен кон зајакнување на Алијансата во услови на растечки глобални закани, бидејќи генералниот секретар Марк Руте предложи сите земји членки да издвојат 5 % од БДП за трошоците за одбрана, јавува Анадолу. Во својот воведен говор, Руте ја опиша моменталната безбедносна средина како „опасна“ за 1 милијарда граѓани на Алијансата, наведувајќи ги војната на Русија во ...

БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ги пофали дипломатските напори на Турција за потенцијално примирје и мировен договор меѓу Русија и Украина, јавува Анадолу. Зборувајќи на прес-конференцијата по самитот на НАТО во Хаг, Мерц рече дека имал долг билатерален состанок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот, на кој разговарале за конфликтот во Украина и за други меѓународни прашања. „Се заблагодарив за ...

РАМАЛА (АА) - Палестинското Министерство за образование објави дека 16.802 палестински ученици и студенти се убиени, а повеќе од 26.000 се повредени во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа во геноцидната војна што Израел ја започна на 7 октомври 2023 година, известува Анадолу. Во соопштението споделено на фејсбук-профилот на палестинското Министерство дадени се информации за бројот на ученици, студенти и образовен персонал кои ги загубиле ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се состана со германскиот канцелар Фридрих Мерц на маргините на самитот на лидерите на НАТО во Хаг, јавува Анадолу. Состанокот се одржа зад затворени врати во конгресниот центар „Светски форум“. За време на состанокот турскиот претседател беше придружуван од министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, шефот на разузнавањето Ибрахим Калин, ...

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) на Северна Македонија денес објави соопштение во кое информираше дека вчера била реализирана евакуација на четворица македонски државјани, односно едно семејство (мајка и три деца), со лет од Тел Авив до Атина, известува Анадолу. Во соопштението се истакнува дека заклучно со денес, вкупниот број евакуирани македонски државјани изнесува 12 лица, од кои 8 се ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Експлозии одекнаа утринава во крајбрежните градови Џабле и Бањас во Сирија, објави државната новинска агенција САНА, јавува Анадолу. Облак од чад беше видлив во селото Џабле по пожарот во поранешен воен објект, што предизвика експлозија на муниција, соопшти САНА. Сè уште немаше информации за повредени. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За ...

БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес повика на зголемување на трошоците за одбрана од страна на НАТО, предупредувајќи дека растечката агресивност на Русија е закана за мирот и политичкиот ред во Европа, јавува Анадолу. Зборувајќи со новинарите пред состанокот меѓу шефовите на држави и влади на НАТО во Хаг, Холандија, Мерц рече дека денешниот собир ќе биде „историски“ и изрази увереност дека ќе се договорат за целта од 5 % за ...

БЕРЛИН (АА) – Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, изрази надеж дека најавениот прекин на огнот меѓу Иран и Израел ќе трае и ќе овозможи меѓународната заедница повторно да се фокусира на катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа, јавува Анадолу. „Точно е дека вниманието кон Газа драстично се намали последната недела, но ситуацијата таму продолжува да се влошува. Секојдневно се случуваат воени напади, ...

СКОПЈЕ (АА) – Фудбалската репрезентација на Северна Македонија одигра нерешено 1-1 на домашен терен против селекциајта на Белгија во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се игра во Канада, Мексико и САД, јавува Анадолу. Во натпреварот што се одигра на Националната арена „Тодор Проески“, Северна Македонија и Белгија ги поделија бодовите во натпревар исполнет со голем број шанси од страна на двете репрезентации. Првото ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 36 Палестинци, вклучително и оние што барале помош, беа убиени, а стотици се ранети во новите израелски напади низ Газа денес, објави палестинската новинска агенција Вафа, повикувајќи се на медицински извори, пренесува Анадолу. Еден од изворите за Анадолу изјави дека 12 лица ги загубиле животите, а неколку други се повредени во напад во населбата Шеџаја во источниот дел на Газа. Осум лица се убиени од израелски оган при ...

АНКАРА (АА) - Трамп сподели видео за употребата на авиони Б-2 во американскиот напад врз Иран на својот профил на социјалната платформа Трут социјал, известува Анадолу. Во објавата се дадени разни кадри на бомбардери Б-2, а во заднина на видеото оди песната „Бомбардирајте го Иран“ од Винс Венс и Валијантс, објавена во 1980 година. Во песната, покрај зборовите: „Бомбардирајте го Иран. Ајде да заземеме став. Бомбардирајте го Иран. Нашата земја има ...

ОХРИД (АА) - По 17-ти пат во Охрид се одржува Меѓународниот летен камп за извидници, известува Анадолу. На отворањето на летниот камп, организиран од Турската федерација на извидници и извидничкиот клуб „Калкан“ од Северна Македонија, со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), присуствуваа претставници на турски институции и организации во земјата и стотици извидници од Турција и балканските земји. По интонирањето на ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 606 лица се убиени, а 5.332 други се повредени во израелските напади во Иран од 13 јуни, соопшти иранското Министерство за здравство, јавува Анадолу. Министерството соопшти дека меѓу жртвите има жени и деца, без да даде дополнителни детали. Израел започна на 13 јуни воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни постројки, тврдејќи дека Техеран е на работ да произведе нуклеарна бомба, тврдење ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 25 Палестинци, вклучително и оние што барале помош, беа убиени, а стотици се ранети во новите израелски напади низ Газа денес, објави палестинската новинска агенција Вафа, повикувајќи се на медицински извори, пренесува Анадолу. Тројца Палестинци беа убиени, а има и повредени во израелскиот напад на улицата Ал-Мансура во населбата Шеџаја источно од градот Газа. Осум лица се убиени од израелски оган при обид да добијат ...

ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини Си-ен-ен и Њујорк тајмс дека „лажат“ за нивните тврдења дека нападот на САД врз нуклеарните постројки на Иран не ја спречил целосно способноста на Техеран да произведува нуклеарно оружје, известува Анадолу. Во објава на својот профил на социјалната платформа Трут социјал, Трамп ги критикуваше вестите објавени во американските медиуми во кои се тврди дека нападот врз нуклеарните ...

ХАГ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу. Претседателите Ердоган и Трамп се сретнаа по ручекот што го приредија холандскиот крал Вилем-Александар и неговата сопруга во чест на лидерите и нивните сопруги кои присуствуваат на Самитот на шефовите на држави и влади на НАТО што се одржува во Хаг. Средбата се одржа зад затворени врати во Кралската палата. Според ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските борбени авиони започнаа нова рунда воздушни напади во Иран по прекинот на огнот денес и покрај повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Тел Авив да не го напаѓа Техеран, јавува Анадолу. Борбените авиони погодија радарска инсталација во близина на главниот град Техеран, објави израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН. Иранската новинска агенција Мехр ги потврди израелските воздушни напади во Баболсар, ...

ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги поздрави извештаите за договорот за прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, повикувајќи ги двете страни целосно да го почитуваат примирјето, јавува Анадолу. „Турција решително ќе го задржи својот принципиелен став што го почитува меѓународното право и ја има дипломатијата како приоритет“, рече Реџеп Таип Ердоган на аеродромот во Анкара пред неговата посета на Холандија за ...

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје допатува делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Северна Македонија, на Големото турско национално собрание, која се сретна со пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка, известува Анадолу. Во оваа возвратна посета на земјава, турската делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Северна Македонија ја предводеше нејзиниот претседател Ахмет ...

БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека продажбата на муниција на Израел е прекината по конфликтите што започнаа со нападите на Израел врз Иран, известува Анадолу. Во изјавата што ја даде по продолжениот состанок на одборот на Генералштабот на Србија во главниот град Белград, Вучиќ рече дека неговата земја ги гледа и Израел и Иран како пријатели. Вучиќ изјави дека не го криеле фактот дека му продале муниција на Израел по ...

АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изрази незадоволство од Израел, велејќи дека и Тел Авив и Техеран го прекршиле договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу. „Тие не знаат што прават“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа пред да замине на самитот на НАТО во Хаг, Холандија, истакнувајќи дека треба да го „смири“ Израел. Изјавата дојде по извештаите за прекршување на примирјето меѓу Иран и Израел. Прекинот на огнот ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е за промена на режимот во Иран, предупредувајќи дека таквата промена би предизвикала „хаос“, објави „Скај њуз“ денес, јавува Анадолу. Говорејќи за новинарите на авионот „Ер форс уан“ на пат кон самитот на НАТО во Хаг, Трамп рече дека не сака да види промена на режимот во Иран, тврдејќи дека транзицијата би „предизвикала хаос“. Изјавата претставува пресврт од претходниот став ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес го предупреди Израел да не го бомбардира Иран, нарекувајќи го тоа „големо прекршување“ на договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу. „Израел, не фрлај ги тие бомби. Ако го направиш, тоа е големо прекршување, врати ги пилотите дома, сега!“, напиша Трамп во објава на неговиот профил на „Трут соушал“. Трамп ја даде оваа изјава откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац ѝ нареди ...

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, по нападите на Соединетите Американски Држави (САД) врз иранските нуклеарни објекти, ги поддржа акциите на САД за одржување на глобалната безбедност, пренесува Анадолу. На социјалната платформа X, Муцунски истакна дека Северна Македонија „во овој клучен момент го потврдува своето цврсто противење на пролиферацијата на нуклеарното оружје што ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција денес соопшти дека ги поздравува извештаите дека Израел и Иран постигнале договор за прекин на огнот, повикувајќи ги двете страни да се придржуваат кон условите во околности на зголемени тензии во регионот, јавува Анадолу. „Ги поздравуваме извештаите дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи. Сепак, Министерството истакна дека ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција вложува интензивни напори за да спречи нападите на Израел и неговите поддржувачи врз Иран да се претворат во „поголема катастрофа“, јавува Анадолу. Ердоган ги даде овие изјави за време на обраќањето на синдикален настан во главниот град Анкара. Анкара никогаш не ги толерира нападите врз суверенитетот на Иран, безбедноста на регионот, „без разлика од кого доаѓаат“ и ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1011
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
49%
1009
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
83%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
56%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.33
36%
1012
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
36%
1009
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
64%
1011
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
54%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
41%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1010
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
57%
1011
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71