СПЛИТ (АА) - Пожарот што избувна рано утрово на подрачјето на Писак и Марушиќ, источно од Омиш во Хрватска, се разгорува бидејќи пожарникарите не успеваат да го стават под контрола, објавија денес хрватските медиуми, пренесува Анадолу. Во соопштението на хрватската Противпожарна служба во Омиш, кое го пренесе агенцијата Хина, се наведува дека припадници на противпожарната служба се ангажирани во спасувањето на загрозените станбени објекти. ...

Хрватска Ангел Митревски, наш постојан дописник од Сплит, Хрватска Сликите на пеплосан пејзаж најдобро го опишува пожарот во Марушиќи, Мимице и Писак кај Омиш, кој избувна по вторпат за два дена, а сега, конечно, според главниот командант на окружната противпожарна служба Иван Ковачевиќ, е под контрола на пожарникарите. – Моментално ситуацијата на местото на пожарот е под контрола на пожарникарите, но се очекува силна бура во ова подрачје. ...