
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



ХАМИЛТОН (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, денес предупреди на растечката хуманитарна катастрофа во Појасот Газа, нагласувајќи дека „потрагата по храна“ не треба да биде „смртна пресуда“, јавува Анадолу. „Конфликтот меѓу Израел и Иран доминираше во насловите. Но, не можеме да дозволиме страдањето на Палестинците во Газа да биде турнато во сенка“, рече Гутереш на прес-конференција во седиштето на ОН во ...
СКОПЈЕ (АА) - Тримесечното палестинско бебе, Џури ал-Масри, почина од неисхранетост во градот Деир ал-Балах во централна Газа, каде што Израел од 2 март го блокира влезот на хуманитарна помош, јавува Анадолу. Израелската блокада доведе до сериозен недостиг на храна и лекови низ енклавата, а медицинските установи во северна и јужна Газа пријавија критичен недостиг на залихи. На 19 јуни, болницата „Рантиси“ на северот и болницата „Насер“ на југот ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена за трета рунда мировни преговори со Украина и ја поздрави идејата за средба со американскиот претседател Доналд Трамп, опишувајќи го како „храбар човек“, јавува Анадолу. Во обраќањето до медиумите во Минск, Путин потврди дека шефовите на делегациите во моментов преговараат за датумот за следната рунда преговори, истовремено признавајќи дека Украина и Русија ...
ИСТАНБУЛ (АА) — Австралија и Нов Зеланд имаат највисока распространетост на употреба на кокаин во светот, покажува најновиот Светски извештај за дрога објавен од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), јавува Анадолу. Иако вкупното користење на кокаин останува највисоко во Америка, годишната стапка на распространетост - процентот на населението што ја користи дрогата - е утврдено дека е највисока во Океанија, која ги ...
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Москва е подготвена да ја одржи следната рунда мировни преговори со Украина во Истанбул, јавува Анадолу. Говорејќи на прес-конференција во Минск, Белорусија, Путин рече дека датумот на третата рунда руско-украински преговори во Истанбул ќе биде утврден по завршувањето на размената на воени заробеници, договорена во Турција на 2 јуни. „Општо земено, ние сме подготвени за тоа ...
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Амбасадорот на Иран во Турција денес изјави дека неговата земја не го прифаќа терминот „прекин на огнот“ во врска со неодамнешното запирање на непријателствата со Израел, тврдејќи дека Иран ги запрел нападите дури откако спротивната страна ги прекинала нападите, јавува Анадолу. Мухамед Хасан Хабиболазаде изјави за новинарите во турската престолнина Анкара дека неодамнешното деескалирање се случило на барање на другата ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Само 8 % од Полјаците сметаат дека нивната земја е подготвена за евентуална војна со Русија, според анкетата на ИБРиС, пренесува Анадолу. Анкетата покажа дека само 8 % од Полјаците веруваат дека Полска е подготвена за војна со Русија, а само 9 % сметаат дека Вооружените сили на земјата се „доволно опремени“ за таков конфликт, објави полската државна телевизија „TVP World“. Исто така, анкетата откри дека половина од јавноста го ...
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека потпишале трговски договор со Кина и дека ќе може да склучат „голем“ договор и со Индија, известува Анадолу. На настанот организиран во Белата куќа Трамп зборуваше за економијата. Информирајќи дека министерот за финансии Скот Бесент, министерот за трговија Хауард Лутник и Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата, работеле прекувремено за да склучат трговски договор ...
СКОПЈЕ (АА) - Ескадрилата за воздушно дотурање на гориво – 101-ва Ескадрила, од 10-тата главна база на борбени авиони во Инџирлик, Турција, игра клучна улога во поддршката на мисиите на Турското воено воздухопловство преку операциите за дотурање гориво во воздух на височина од 8.000 метри и брзина до 950 километри на час, јавува Анадолу. Позната е како „Ескадрила асеналар“, единица управува со авионите „КЦ-135Е Стратотанкер“ способни да ги ...
ЛОНДОН (АА) - Црномурестите деца приведени од полицијата во Лондон имаат 15 % поголема веројатност да бидат обвинети и да влезат во кривичниот систем во однос на нивните врсници белци за слични прекршоци, покажа нова студија, јавува Анадолу. Студијата на Фондот за млади (YEF), спроведена во партнерство со Тимот за бихевиорален увид и Метрополитенската полиција, анализираше податоци што опфаќаат седум години и вклучуваат речиси 265.000 деца и ...
ЖЕНЕВА (АА) - Израелско-американската шема за дистрибуција на храна во Газа претставува масакр под маската на хуманитарна помош и мора веднаш да биде укината, соопшти денеска меѓународната организација „Лекари без граници“, осудувајќи го едномесечниот механизам како намерно деградирачка операција што ги тера цивилите да го ризикуваат животот за да дојдат до храна, јавува Анадолу. „Повеќе од 500 лица се убиени и речиси 4.000 повредени додека се ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ќе ги трансформира своите геополитички можности во сеопфатна економска предност со проектот „Патот на развојот“ што ќе ѝ користи на целата заедница, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде неговите изјави за време на обраќањето на Глобалниот форум за транспортна поврзаност во Истанбул. Се очекува товарот што пристигнува во ирачкото пристаниште Фоу да стигне до Европа преку ...
ГАЗА (АА) - Бидејќи Израел ги држи затворени сите копнени гранични премини во Појасот Газа од 2 март, недостигот на бебешка храна претставува сериозна закана по здравјето на новороденчињата, а особено на предвреме родените бебиња, известува Анадолу. Болниците „Рантиси“ во северниот дел на Појасот Газа и „Насер“ во јужниот дел на 19 јуни предупредија дека „бебешката храна е потрошена и дека новороденчињата може да умрат во рок од 48 часа“. На 20 ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека Анкара ги осудува „сите форми на напади“ кои го нарушуваат суверенитетот на Катар, нагласувајќи ја поддршката на Турција за своите „катарски браќа“ во телефонски разговор со емирот Тамим бин Хамад ал-Тани, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство, јавува Анадолу. За време на разговорот, станало збор за билатералните односи, како и за регионалните и ...
ТЕХЕРАН/ИСТАНБУЛ (АА) - Иран не донел никаква одлука за започнување нуклеарни разговори со САД, изјави денес министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервјуто за иранската државна телевизија, јавува Анадолу. Арагчи истакна дека Техеран бил вклучен во преговори со САД кога Вашингтон го поддржал израелскиот напад врз Иран, а потоа на крајот започнал свои директни воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки. „Во неодамнешните ...
АНКАРА (АА) - Иран денес потврди дека е убиен уште еден нуклеарен научник за време на неодамнешната воена кампања на Израел против земјата, јавува Анадолу. Според полуофицијалната новинска агенција Тасним, Иранскиот универзитет за наука и технологија објави дека инженерот Сулејман Сулејмани, дипломиран на нивниот оддел за хемиско инженерство, е убиен во израелските напади. Тасним објави дека Сулејмани бил нуклеарен научник во нивната земја кој ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Грчкиот кошаркарски клуб Панатинаикос АКТОР, предводен од главниот тренер на турската национална кошаркарска репрезентација, Ергин Атаман, потпиша двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, кој е со американско потекло, пренесува Анадолу. „Панатинаикос АКТОР со задоволство соопштува за потпишувањето на 2-годишен договор со Ти-Џеј Шортс“, стои во објавата на профилот на грчкиот тим на социјалните мрежи. ...
АНКАРА (АА) - Израелската Армија денес започна широк и интензивен воздушен напад, насочен кон шумите во Али ал-Тахер и висорамнините Кфар Тебнит и Набатија ал-Фука во јужен Либан, јавува Анадолу. Либанската национална новинска агенција ННА објави дека во нападите биле употребени ракети кои предизвикале масивни експлозии што се слушнале низ целиот регион. За помалку од 10 минути, непријателските авиони го обновија своето тешко бомбардирање врз ...
СКОПЈЕ (АА) – По ненадејните поплави во Париз поради силната бура што го погоди градот, забележано е полициско возило како се движи по поплавените улици и на звучник ја пушта познатата музика од филмот „Титаник“, јавува Анадолу. Главниот град на Франција го погоди силна бура проследена со обилни врнежи од дожд, предизвикувајќи поплавување на улиците и јавните површини. Истовремено Франција се соочува и со интензивен топлотен бран што во одредени ...
СКОПЈЕ (АА) – Од 1 јули до 31 август 2025 година во Република Северна Македонија стапува на сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, со цел превенција од шумски пожари, јавува Анадолу. Одлуката е донесена врз основа на барање од ЈП „Национални шуми“ и националните паркови, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дало согласност за воведување на забраната, во согласност со член 57 став 3 од Законот за ...
АНКАРА (АА) - Израелската армија денес потврди дека 12-дневната кампања против Иран постигнала „целосна воздушна супериорност“ и нанела голема штета на нуклеарната и воената инфраструктура на Иран, јавува Анадолу. Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае изјави дека армијата „елиминирала 11 високи нуклеарни научници поврзани со иранската програма за нуклеарно оружје“ и извршила широки напади врз „стратегиски цели“ низ иранска територија. ...
БЕРЛИН (АА) - Германија го продолжи мандатот на мисиите на НАТО за мировни сили на Косово (КФОР) и на Привремените мировни сили на Обединетите нации (ОН) во Либан, известува Анадолу. Германскиот Парламент ја одобри одлуката на Владата за продолжување на мандатот на вооружените сили на КФОР во Косово и на трупите на УНИФИЛ во Либан за уште една година. За мисијата КФОР „за“ гласаа 391 пратеник, 189 гласаа „против“ и двајца беа воздржани. На ...
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста ја опиша хуманитарната криза во Газа како катастрофална и ја осуди состојбата со човековите права таму, јавува Анадолу. „Човековите права се прекршени. Ревизијата на усогласеноста на Израел со нашиот заеднички договор за асоцијација потврди дека ова е неприфатлива ситуација“, рече тој. Коста рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за следните можни чекори, ...
БОГОТА (АА) - Бројот на загинати во свлечиштата предизвикани од обилните дождови во колумбискиот град Меделин на 24 јуни се зголеми на 16, а осум лица сѐ уште се водат за исчезнати, известува Анадолу. Во соопштението што го дадоа властите на градот Меделин се наведува дека се пронајдени нови тела во свлечиштата што настанаа во подрачјата Бело и Алтос де Ориенте на градот како последица на обилните дождови. Бројката на загинати во свлечиштата се ...
СКОПЈЕ (АА) - Демонстранти се собраа денес пред канцеларијата на Европскиот парламент во Софија во знак на протест против планираното усвојување на еврото од страна на Бугарија, закажано за 1 јануари 2026 година, јавува Анадолу. Предводени од популистичката партија Величие, демонстрантите повикаа земјата да ја задржи својата национална валута, левот. Безбедносните сили поставија кордон околу подрачјето за да го одржат редот. Се очекува ...
БЕРЛИН (АА) - Земјите членки на ЕУ разговараат за начините на кои ќе влијаат врз Израел за прекин на огнот во Газа, изјави доцна синоќа германскиот канцелар Фридрих Мерц, јавува Анадолу. Зборувајќи со новинарите по серијата состаноци со европските лидери во Брисел, кои траеја повеќе од 16 часа, Мерц рече дека земјите од ЕУ се загрижени за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. „Многу интензивно разговаравме за различни можности за тоа како ...
ГАЗА (АА) - Уште две бебиња починаа од неисхранетост и недостиг на храна за бебиња поради блокадата што Израел ја спроведува во Појасот Газа и неговиот геноцид врз Палестинците, известува Анадолу. Со солзи и длабока тага безживотните тела на бебињата беа испратени на нивното последно патување од болницата „Насер“ во јужниот град Хан Јунис. Семејствата доживеаја болка од губењето на своите бебиња, кои беа лишени од најосновните здравствени права ...
СКОПЈЕ (АА) - Стотици Израелци се собраа вечерва на плоштадот Рабин во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа и ослободување на заложниците што ги држи Хамас, јавува Анадолу. Израелската Армија започна брутална офанзива врз Газа од октомври 2023 година, во којашто загинаа над 56.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Израел тврди дека нападите имаат за цел да вратат околу 50 заложници што ги држи Хамас во Газа и да биде расформирана ...
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на ЕУ се собраа денес во Брисел на последниот самит за оваа година за да се разговараат за растечките геоекономски и безбедносни предизвици, фокусирајќи се на стратешката конкурентност на Европа, одбранбената подготвеност и надворешните односи во услови на тековните кризи во Украина и на Блискиот Исток, јавува Анадолу. Лидерите се собираат во Брисел на последниот собир од редовниот мандат и завршувањето на шестмесечното ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги продолжи роковите за реципрочните царини, соопшти денес Белата куќа, јавува Анадолу. На прашањето дали претседателот сè уште е посветен на постигнување трговски договори до крајните рокови, портпаролката Каролин Ливит рече дека датумот „не е критичен“. „Претседателот едноставно може да им обезбеди на овие земји договор доколку одбијат да се договорат до крајниот рок“, рече ...