Во Србија, од утре до понеделник 22 март, сè ќе биде затворено, освен продавници за храна, аптеки и бензински пумпи, изјави денеска премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. „Нема полициски час, нема забрана на движење, ќе работат продавниците за прехрана, пумпите, сето она што е неопходно за колку-толку нормален живот. Потребно е дополнително да го забавиме животот за да видиме дека бројките на новозаразените стагнираат. Ова е поддршка за нашите ...

Европската комисија предложи денес воведување Дигитален зелен сертификат за патување во ЕУ познат како „ковид-пасош“ кој ќе ги содржи податоците дали лицето е вакцинирано против коронавирусот, дали стекнало имунитет по прележана зараза или има негативен ПЦР тест. „Функцијата на овој сертификат е да покаже дали е лицето вакцинирано, дали има негативен тест или оздравело од ковид-19 и има антитела“, им кажа на новинарите денес претседателката на ...

Федералната комисија за комуникации на САД идентификува пет кинески компании како закана за националната безбедност според законот од 2019 година. Целта на тој закон е да ги заштити американските комуникациски мрежи. Комисијата соопшти дека станува збор за Huawei, ZTE Corp., Hytera Communications Corp., Hangzhou Hikvision Digital Technology и Dahua Technology, објави Ројтерс. Според Законот за 2019 година, од Комисијата се бара да ги ...

Израелската пензиска компанија, Алтшулер Шахам потроши 100 милиони американски долари во сивиот биткоин (GBTC), според извештаите во локалниот печат. Алтшулер Шахам е една од најголемите инвестициски куќи во Израел, со над 50 милијарди долари средства, кои што ги менаџира. Фирмата ја вложи инвестицијата во сивиот биткоин во втората половина на минатата година, кога биткоинот се тргуваше околу 21.000 американски долари, според извештајот. ...

Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да укине до 4.000 работни места во своите погони во Германија, нудејќи предвремени или делумни пензии за постарите вработени, што може да чини неколку стотици милиони евра, соопштија извори од компанијата. Во изјавата на Фолксваген се вели дека постигнал договор со работничкиот совет за делумно пензионирање на родените во 1964 година, додека им понудил предвремено пензионирање на родените ...

Кинеската фабричка активност и прометот во трговијата на мало скокнаа над очекувањата во првите два месеци од 2021 година, со што се зацврсти забрзаното закрепнување на економијата од минатогодишната парализа предизвикана од вирусот корона. Според денешните податоци на Централното биро за статистика (НБС), индустриското производство порасна за 35,1 процент на годишно ниво во првите два месеци, забрзувајќи исто така во споредба со годишниот раст ...

Индија ќе предложи закон за забрана на крипто-валути, казнување на секој што тргува или дури поседува вакви дигитални средства, што може да биде удар за милиони инвеститори. Предлог-законот, еден од најстрогите во светот предложен досега, ќе забрани поседување, издавање, рударство, трговија и трансфер на крипто-средства, изјави за Ројтерс официјален претставник во Индија. Предложената мерка е во согласност со владиниот план кој предвидува ...

Грчката влада најави затворање на сите училишта во земјата и вклучување на уште три региони во црвената зона поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот и притисокот врз болниците. Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, најави построги ограничувања на јавното движење и полициски час за регионите на Халкидики на северот на Грција, Евријанија во централниот дел на земјата и источниот егејски остров Лезбос, ...

Холандија ќе ја сопре употребата на вакцината на „АстраЗенека“ најмалку до 29 март. Како што соопштија од холандската Влада, одлуката е донесена како мерка на претпазливост. Одлуката, која следи по сличен потег на Ирска претходниот ден, е одговор на извештаите добиени од Данска и Норвешка за можни сериозни несакани ефекти. Норвешките здравствени власти соопштија дека тројца здравствени работници во Норвешка кои неодамна беа вакцинирани со ...

Медицинскиот координатор на ковид-болницата во Арена во Белград, Предраг Богдановиќ денеска изјави дека построгите мерки во текот на изминатите три викенди не влијаат врз намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19. Тоа се уште не дава резултати, затоа утрово работиме со зголемен интензитет, имаме поголем број приеми и секогаш се бара место повеќе, изјави Богдановиќ за Радио телевизија Србија (РТС). Тој додаде дека 405 пациенти во моментов ...

ОВЕН Во емотивниот живот не успевате да привлечете внимание, дури и со помош на мали трикови кои лукаво ќе ги смислите. Средбата со една личност не ги исполни вашите големи очекувања, затоа разгледајте алтернативно решение. Избегнувајте ситуации што ве вознемируваат. БИК Пред да донесете нова одлука, преиспитајте ги своите чувства, потребна ви е нота за самокритика. Не можете да го диктирате темпото. Имате впечаток дека некој ги ограничува ...

Северина на својот Инстаграм профил објави фотографија на која покажа како ја оддржува својата линија. – Лета како пеперутка, а боде како пчела – пишува Северина цитат од легендарниот боксер трикратен светски првак во тешка категорија Мухамед Али. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) ...

Земјотрес со јачина од 3.8 степени според Рихтер ја стресе Македонија предмалку во 21 часот и 40 минути. Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот беше на 18 километри југозападно од Гостивар. Земјотресот беше на длабочина од само 2 километри. Засега нема информации за материјална штета. Пред два дена и во текот на вчерашната ноќ беа регистрирани повеќе земјотреси во гостиварско-мавровско-кичевскиот регион, од кој најсилен беше ...

Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани завршува денеска. Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на ...

Интегрален текст од денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „По повеќе од една година корона во Македонија сликата иста како и на почетокот, ако не и полоша, затоа што за оваа година можеше многу да се направи, ама не се направи ништо. Трет бран и Филипче и Заев не направија ништо за да го организираат здравствениот систем, ама се грижеа за провизиите. Прв бран без лична заштитна опрема, без тестови, без соодветни лекови, втор без болнички кревети, ...

На крузерот „МСЦ Лирица“ попладнево околу 15.30 часот изби силен пожар. Големиот брод кој плови под знаме на панама усирен е во заливот Крф во Грција, јавi Морски.хр. Посадата на бродот, што ја чинат 51 лица, на време била евакуирана и сите се на сигурно. „Голем црн чад и пламени јазици се гледаат од десната страна на бродот кој е закотвен на Крф“, сведочат очевици. Еден противпожарен брод стигна до крузерот и пожарникарите се обидуваат да го ...

Заострување на мерките во Италија. Продавниците, рестораните и училиштата ќе се затворат во повеќето делови на земјата од понеделник. Меѓу погодените градови се и Рим и Милано. Луѓето таму ќе можат да излегуваат надвор само за на работа или поради здравствени причини. За Велигден – од 3 до 5 април, земјата ќе биде под целосен карантин. Во текот на изминатите 6 недели, во Италија новите случаи на КОВИД-19 се зголемија на повеќе од 25,000 на ден. ...

Во Бугарија вчера се регистрирани 3.159 нови случаи со коронавирус. Оваа бројка е 18,4% позитивни примероци во 17.161 тестирања. Најмногу нови случаи има во Софија, Бургас и Пловдив. Повеќе од 6.800 пациенти се хоспитализирани, од кои 506 се во единиците за интензивна нега. 102 починале, а 1.697 се опоравиле 12.214 лица биле вакцинирани во последните 24 часа, со што нивниот вкупен број изнесува 336.660. ...

Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтер утринава е регистриран кај Зеница, БиХ. Според податоците кои ги објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е регистриран 23 километри северно од Зеница, утринава нешто по 5 часот. Нема информации за тоа дали земјотресот предизвикал штети. ...

Подносителите на иницијативата предлагаат Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената Одлука, а потоа истата да ја поништи. Хари Костов, главниот извршен директор на Комерцијална банка, и адвокатот Игор Спировски, поранешен судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија, заедно со поголем број акционери на Комерцијална банка, меѓу кои се Адора инжињеринг, ИГМ Трејд, Гранит, Промедика, ...

Припадниците на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и на гарнизонот Скопје се сместуваат во комплетно реновиран објект со висока енергетска ефикасност во касарната „Илинден“. Министерката Радмила Шекеринска денеска во 10 часот ќе го посети овој објект во најголемата армиска касарна, по што ќе даде изјава за медиумите. Ова е втор целосно реновиран објект во оваа касарна, по објектот на армиските Ренџери, кој беше пуштен ...

За време на холокаустот, нацистите го развиле најефикасниот начин за да уништат цел еден народ. И речиси успеале во таа монструозна намера. Во текот на Втората светска војна биле убиени над шест милиони Евреи. Сите биле систематски деперсонализирани, дехуманизирани и уништени, истакна претседателот Стево Пендаровски на комеморативниот настан организиран од Италијанската амбасада во земјава, а во соработка со Еврејската заедница во Северна ...

186 возачи во Скопје биле казнети за прекршување на сообраќајните правила, информираат од министерството за внатрешни работи. Од нив 68 добиле казна за брзо возење, 14 возеле без возачка дозвола. Тројца возачи биле санкционирани за некористење на сигурносен појас. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за управување под дејство на алкохол, две за минување на црвено светло и 43 за непрописно паркирани возила. Засилените ...

Адвокатот Тони Менкиновски денеска пред судот истакна дека определен е 30 дневен притвор за Јордан Камчев и посочи дека и да сакал не можел да замине од државава. „Обвинител од Радовиш денеска пред судот побара поради некаква си индиција, службена белешка од АНБ дека ќе бега, да му се изрече мерка притвор. Сите мерки во овој предмет, кој трае надвор од законскиот рок за истрага (скоро 30 месеци) каде се уште не е подигнато обвинение, се ...

Централниот регистар согласно пристигнатите барања, одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот. -Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од ...

Вкупно 15.000.000 денари од буџетот на Министерството за економија ќе одат на субвенции на годишните одмори на граѓаните со ниски приходи изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Претходната година имавме над 12.000.000 денари определени за оваа програма заедно со ваучерите кои ги доделивме за домашен туризам, а оваа година согласно буџетот на Министерството одлучивме да одиме со 15.000.000 денари за првиот дел на годината.До ...

Податоците за блокчејн може да им дадат утеха на трговците дека цените најверојатно нема да го повторат нивото кој што го имаше биткоинот на крајот на 2020 година. Биткоин честопати беше средство за тргување со голем ризик, во последните неколку недели. Но, новата анализа на податоците извлечена од блокчејн, сугерира дека биткоин може да биде ограничен од лошите страни на купувачите кои се чини дека влегуваат на пазарот секогаш кога цените ...

Елеонора Тодоровска има пет години и се бори со леукодистрофија, ретка генетска болест која се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници бидејќи не може да оди, не зборува, отежнато голта, не може самостојно да се храни. Болеста стагнираше по неколку здравствени третмани направени во Франција, што отвора можност и за подобрување на нејзината состојба. Докторите од ...

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил објави видео под кое напиша: „Кој лаже повеќе, премиерот или претседателот?“ „Факт е дека Македонија, освен неколкуте илјади донирани, сè уште не виде ниту една вакцина од било кој произведувач. Оставка на најнеспособната Влада“, напиша Мицкоски. Оставка на најнеспособната влада! Кој повеќе лаже? Премиерот или Претседателот?Факт е дека Македонија, освен неколкуте ...

Серија земјотреси синоќа се регистрирани на македонско тло. Едниот на само 56 километри од Скопје, на длабочина од 10 километри и со јачина од 3,2 степени според Рихтер. Посилни беа земјотресите во мавровско. Околу 22.17 часот е регистриран на 18 километри југозападно од Гостивар, со јачина од 4,7 степени, се почувствувал во целиот регион. Десетина минути подоцна следеше уште еден помал потрес. Според американското биро за геолошки истражувања ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
36%
1011
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
60%
1012
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
59%
1013
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
40%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.83
50%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
66%
1014
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.02
34%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
44%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
4.12
41%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.34
44%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
63%
1013
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57