Денес, токму кога секаде во светот се прославува Меѓународниот ден на детето, Првата детска амбасада „Меѓаши“ го презентираше Детскиот алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Македонија. На прес-конференцијата, на која говореа учениците автори на извештајот, беа презентирани повеќе аспекти од животот на децата во државата и проблемите со кои тие се соочуваат, поделени во седум тематски целини: Запознаеност со детските права ...
Во исчекување на одлуката на Владата на Република Северна Македонија за прогласување кризна состојба на територијата на целата држава, се појавија доста интересни правни дилеми кои произлегуваат од Законот за управување со кризи. Повеќе од јасно е дека кризната состојба ќе се прогласи, меѓу другото, и поради законската можност Владата да може да управува со ресурсите на приватните болници, во смисла на опрема и кадар. Тука се поставуваат ...
Со новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето на мерки за превенција од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово базирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и ...
16 дена активизам против родово базирано насилство е годишна меѓународна кампања, која започнува на 25 ноември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, и трае до 10 декември – Денот на човековите права. Координирана од Центарот за женско глобално лидерство, кампањата се користи како стратегија за организирање на поединци и организации ширум светот кои се активни на полето на спречување и елиминирање на насилството врз жените ...
„Со донесувањето на овој Предлог – закон се предвидува воведување континуирана обука за адвокатите, организирана од страна на Адвокатската комора со законски утврден фонд на часови на годишно ниво, како и сеопфатна анализа на постојаната законска поставеност и работа на адвокатската професија и пристапување кон нејзина реформа согласно со реформите во другите сегменти од правосудниот сектор“, известуваат од Министерство за правда. ...
„Согласно Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, Министерството за правда на Република Северна Македонија отпочна со постапка на разгледување на Законот за адвокатура и негова евентуална измена. Ги повикуваме членовите на Адвокатската комора внимателно да го разгледаат текстот на aктуелниот Закон за адвокатура, кој моментално се применува и предлозите и забелешките да ги достават до Комората“, соопштуваат од ...
За љубовта кон правото разговараме со д-р Александра Груевска-Дракулевски, редовен професор и продекан за настава на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како се јави кај вас љубовта кон правото? Далечната 1996 година се запишав на Правниот факултет во Скопје. Оттогаш, со секоја прочитана книга, со секој положен испит бев сѐ посигурна дека сум го направила вистинскиот избор. Знаете зошто? Затоа ...
За љубовта кон правото разговараме со адвокатот Кристијан Поленак. Како се јави кај вас љубовта кон правото? Веројатно секој од нас носи во себе дел од семејните вредности, кои свесно или несвесно го определуваат патот на секоја индивидуа. Растејќи во семејство во кое правната професија е повеќегенерациска определба, за мене правото беше „природна средина“ во која растев и се развивав. Особено влијание на мене имаше непосредното посведочување ...
За љубовта кон правото разговараме со Дарко Павловски, национален правен офицер во Мисијата на ОБСЕ во Скопје Како се јави кај вас љубовта кон правото? Веројатно се чини како клише доколку кажам дека љубовта кон правото кај мене се јави поради правдољубивоста која ја носам длабоко во себе. Се насмевнувам присетувајќи се како на училиште интуитивно реагирав на некои неправди, па од наставниците добивав укори дека не ни е потребен адвокат во ...
За љубовта кон правото разговараме со Иван Дургутов, магистер по право, вработен во Народната банка на РСМ. Зошто го сакате правото? Правото го сакам затоа што е алатка која ми понуди да работам на тоа да бидам промената која сакам да ја видам во светот. Вљубеник сум во животниот стил што го нуди професијата правник затоа што сметам дека за мене лично не постои подобра и посоодветна професија, односно кога би се вратил повторно во деновите кога ...
За љубовта кон правото разговараме со Маја Ристова, адвокат. Како се јави кај вас љубовта кон правото? Уште од најрана возраст реагирав на неправда, се бунтував за правда. Никако не можев да прифатам неправедни состојби, па сакав да ги променам. Некогаш тоа го правев за себе, а некогаш за друг/и. И низ детска игра, кога ќе настанеше кавга помеѓу некои деца, си дозволував да се вмешам и да кажам како сметам дека е праведно и кој е во право, а ...
Како што објави вчера Академик, Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на граѓаните на кои им беше наметнато да плаќаат за парно греење, иако не го користат. Граѓаните како сопственици на станови се жалеа дека противправно им е наметната обврската да плаќаат за парното греење во колективните објекти за домување, односно во зградите во кои живеат, со што им се нарушиле загарантираните права за мирно уживање на сопственоста, на ...
Што прават правниците во време на полициски час воведен заради превенција од коронавирусот Карантинот, со ограничување на слободата на движење и неработењето на судовите, како човек и како адвокат, исклучително тешко го преживувам. Пред се јас сум екстовертна личност со огромен број социјални интеракции и живеам со и заради луѓе. Тоа е нештото што ме дефинира како човек бидејќи ќе го парафразирам Хемингвеј никој од нас не е остров сам за себе. ...
Повод за разговорот со универзитетските професори Дејан Мицковиќ и Милица Шутова е нивната нова книга „Разводот на брак во европските земји“. Големиот пораст на бројот на разведените бракови, како и сериозните економски, правни и психолошки последици кои разводот на брак ги предизвикува за децата, семејствата и современите општества се основниот мотив за оваа книга, нагласуваат авторите Мицковиќ и Шутова. Во таа насока, авторите сметаат дека е ...
Доверителите правни лица кои имаат побарување по основ на депозит немаат обврска да го пријават во стечајната постапка кај стечајниот управник. Овие побарувања стечајниот управник е должен самиот да ги внесе во шемата за утврдени и оспорени побарувања, врз основа на преземената документација од банката. Останатите побарувањата правните лица ги пријавуваат кај стечајниот управник, вели во интервјуто за Академик, Дејан Костовски, експерт за ...
На барање на одбраната, Кривичниот суд одлучи дека е настаната апсолутна застареност за кривично гонење на поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Траекторија“, кој се однесува на изградбата на кинеските автопати. СЈО го гонеше Груевски за примање награда за противзаконито влијание. Апсолутна застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на ...
Денеска во Кривичниот суд започна постапката за случајот „Рекет“, во кој обвинети се Зоран Милески–Кичеец, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13. Во издвоена постапка Зоран Милевски–Кичеец денеска призна вина пред Кривичниот суд. Пресудата за Зоран Милевски–Кичеец Судот ќе ја изрече утре напладне. На денешното рочиште Јанева истакна дека е горда што го водела тимот на СЈО и дека ...
Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за предметот КОК бр. 115/16 во јавноста познат како „Еразмус“, со која обвинетите Б. Ш., Д. Ј., С. Р. и Д. Д. ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар, додека обвинетиот С. Д. согласно член 403 од ЗКП се ослободува од обвинение за кривичното дело Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст. 1 од КЗ. „Имено, како што беше и кажано од судечкиот совет при објавата на ...