
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Управата за јавни приходи објавува оглас за вработување на четириесет (40) извршители на определено работно време поради привремено зголемен обем на работа до крајот на тековната фискална година (2021). Огласот може да се преземе на следниот линк. ...
Предлог-законот за буџети е во собраниска процедура. Предлагач на законот е Владата. Со новиот закон за првпат се воспоставува регистар на јавни субјекти, кој ќе биде јавно достапен. Во овој регистар ќе бидат евидентирани сите правни субјекти основани директно или индиректно од страна на државата или на општините и на тој начин ќе се обезбеди сеопфатност и транспарентност за сите јавни субјекти, независно дали се на централно или на локално ...
1. Работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати, согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април, мај, јуни 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’, број 111/20…154/20) и/или согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите ...
Судот ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, a единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од 9 години за обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Сами Љута се одбива обвинението поради откажување на јавниот обвинител. Случајот „Монструм“ го ...
Кривичниот суд денеска ја изрече пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на незаконското масовно прислушување во Македонија, кое се вршело од 2008 до 2015 година. Пред изрекувањето на пресудата судиите истакнаа дека пресудата била донесена пред два дена, на 24 февруари, и тоа, како што појасни судијата Владимир Туфегџиќ, едногласно. Според судот, со масовното прислушување се извршила повреда на човековите права и правото на ...
Се продолжува рокот на важење на Законот за постапување со бесправно изградени објекти Владата во Собранието поднесе нови измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. „Во Законот за постапување со бесправно изградени објекти не се предвидени одредби за вршење на инспекциски надзор, а со тоа и кои инспектори ќе бидат надлежни да ги констатираат веќе предвидените прекршоци сторени од страна на службеното лице – административен ...
Министерството за правда подготвува Предлог-закон за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или извршување на кривични санкции. Целта на Предлог-законот, образложуваат од Министерството, е заштита на правата и слободите и хармонизација на законодавството со регулативата на ЕУ во делот на обработката на личните податоци заради цели на ...
„Управата за јавни приходи известува дека на електронската платформа е-ПДД постави нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата мој ДДВ. Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД , има можност во новото прозорче ,,МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот,, да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ. Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира ...
„Министерството за економија, во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (групација на Светската банка), изработи Нацрт-зaкон за инсолвентност“, информираат од Министерството. „Со изготвување на Законот за инсолвентност ќе се овозможи заштита на инвеститорите и нивните бизниси, пофлексибилна и поедноставна постапка за малите бизниси, појаснување на условите за учество на доверителите во стечајните постапки. Исто така, се предвидуваат ...
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, и директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска, информираа за заедничките контроли што ги спроведоа УЈП и ДИТ врз работодавачи на кои им била исплатена финансиска поддршка за исплата на плати која не ја префрлиле на сметката на работниците. Лукаревска информираше дека УЈП и ДИТ уште во декември 2020 почнале со координирани контроли кај овие даночни обврзници, при ...
Според состојбата до 2 февруари 2021 година, на 13.160 работодавачи им се исплатени вкупно 961.709.306 денари за исплата на декемвриската плата за 60.974 вработени. Од нив, 306 работодавачи не им ја исплатиле земената финансиска поддршка во износ од 16.305.020 денари на 992 вработени. За овие работодавачи, рече директорката, Управата за јавни приходи изготви и достави опомени и за неисплатената плата, а по истекот на рокот од опомената против ...
Целта што се очекува да се постигне со издавањето на оваа книга е да се обезбедат сеопфатни и детални сознанија во однос на заштитата на интелектуалната сопственост пред Европскиот суд за човекови права, како и да се инспирира понатамошна дебата, вели во интервјуто за Академик Јелена Ристиќ, адвокат, професор и автор на најновата книга во издание на Академик „Интелектуалната сопственост како човеково право: Заштита пред Европскиот суд за ...
Политичката партија Левица до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива – претставка за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за попис. По тој повод, претседателот на партијата, Димитар Апасиев, одржа прес-конференција, на која ги презентираше четирите основи по кои Левица го спори овој закон. „Прво, сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое ...
„Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2021 година. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2021 година изнесува 20.571,00 денари (50% од 41.141) Највисока основица за пресметка на придонесите за 2021 година за примањата од работен однос ...
„Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04. Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 ...
Со пописот, се пропишува во Предлог-законот за попис, ќе бидат опфатени: државјани на Република Северна Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во Република Северна Македонија, без оглед на тоа дали во моментот на пописот се наоѓаат во Република Северна Македонија или во странство; странски државјани кои престојуваат во Република Северна Македонија со одобрение за престој и лица без државјанство, кои во моментот на спроведување на ...
Измени на Законот за социјалната заштита, чијшто предлагач е Владата, се во собраниска процедура. „Цел на Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита е да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шестгодишна возраст со намален функционален капацитет, со цел да се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности, и тоа заради пристап до образовните институции, ...
Управата за јавни приходи објави повеќе соопштенија во врска со пресметката на плата, новите обрасци и новите законски измени за данокот на добивка. Соопштенијата се достапни на следните линкови: ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2021 ГОДИНА – НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ОД 01 ЈАНУАРИ 2021 ВО ПРИМЕНА НОВ ОБРАЗЕЦ ДДВ-04, ИЗВЕШТАЈ ДДВ-ИПДО/П И ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ФИСКАЛНИ УРЕДИ НА ОПРЕМА СО ...
Во новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата регулиран е и сообраќајот на електрични тротинети. Возачот на електричен тротинет, се пропишува во законските измени, е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, ...
„Владата го разгледа и го усвои Предлог-законот за буџети со цел имплементација на реформите во процесите на планирање и извршување на буџетот, зајакнување на фискалната дисциплина, стабилни фискални проекции за среднорочен период, интегрирање на процесите во јавните финансии и подобрена транспарентност. Со оглед на тоа што постојниот Закон за буџети е од 2005 година, со новиот Предлог-закон се предвидени неколку дополнителни измени и ...
На дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата е утврдувањето предлог-листа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација се пропишува дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е самостоен и независен орган кој работи во согласност со надлежностите утврдени со овој закон. Членовите на ...
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во своето обраќање на прес-конференцијата по повод презентирањето на методологијата за проверки во правосудството истакна дека овој процес ќе биде клучен за враќањето на довербата на граѓаните во правната држава. „Овој процес, како на Влада и на Министерство, ни е од исклучително значење и веруваме дека ќе придонесе кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, која во моментот е на ...
Адвокатската комора на РСМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, потпиша меморандум за соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП), претставувано од претседателот Зоран Дранговски, информираат од Адвокатската комора. Целта на меморандумот е постојано унапредување на состојбата на заштитата на човековите права и остварувањето на начелото на владеењето на правото како едни од клучните темелни вредности на уставниот ...
На денешната седница на Советот за реформи во правосудството со која претседаваше министерот за правда Бојан Маричиќ, беше претставен и потврден Интерниот план на Судскиот совет за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за 2021 година. „Дополнително беа потврдени и двете веќе усвоени методологии, од кои едната за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за ...
Со новиот Предлог-закон за меѓународна соработка во кривичната материја ќе се зголеми ефикасноста и брзината на постапките за меѓународната правна помош, се вели во образложението на предлог-законот кој е во собраниска процедура со европско знаменце. Со Предлог-законот за меѓународна соработка во кривичната материја се уредуваат условите и постапката за меѓународна соработка во кривичната материја. Одредбите од овој закон имаат директна ...
Во Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, кој е во собраниска процедура, предвидени се и казнени и прекршочни одредби. Повреда на Пописот Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако како учесник во Пописот неовластено издаде податоци од Пописот на трето лице или ако во својство на државен инструктор, реонски ...
Проектот „Заедно во борба против корупција” го спроведуваат СКУП, како носител, Институтот за човекови права (ИЧП) и Медиум, како партнери, за подобрување на капацитетите на граѓанскиот сектор за остварување на улогата на контролори на работата на државните органи со цел законито и транспарентно извршување на функцијата и спречување ризици од корупција и злоупотреба на службената должност. Во рамки на третата година од имплементацијата на овој ...
Министерството за правда подготвува измени на Кривичниот законик. Потребно е, велат од Министерството, усогласување на одредбите од законот со меѓународните стандарди во одредени области и со праксата на Европскиот суд за човекови права, како и отстранување на лоцираните слабости од праксата. „Со законските измени ќе се изврши усогласување на одредбите од Кривичниот законик со одредбите од: Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба ...
Во очекување на новото издание на Академик – книгата „Катастар на инфраструктурни објекти“, објавуваме интервју со авторката на трудот, д-р Соња Димова, реномиран експерт од областа на катастарското право, законодавство и практика. Катастарот на инфраструктурни објекти, нагласува д-р Димова, е комплексна област која во себе го вклучува учеството на јавните претпријатија, приватните компании и физичките лица. Инфраструктурните објекти, истакнува ...
„Самостојното вршење на дејност и во 2019 најпрофитно за скопјани, кои доминираат на листата со доход по овој основ, од кој највисокиот изнесува 44.065.522,00 денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители. Земјоделието најисплатливо во Скопскиот регион, каде граѓанин од скопско остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 32.345.815,00 денари, а Гевгеличанец остварил ...