
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Комисијата за заразни болести на состанокот кој го одржа утринава донела предлог да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки, информира МИА. Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот. Предлогот за олабавување на мерките беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем ...
„Владата ги усвои најновите мерки кои се однесуваат на ограничувањето на движењето на граѓаните, како и други мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести (КЗБ). Согласно новите измени и дополнувања забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на територија на Република Северна Македонија, наместо како до сега, ќе започнува во 24:00 часот и ќе трае до 4:00 часот наутро, почнувајќи од 13 мај 2021 година со важност до 18 ...
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлогот, утврди дека сеуште постојат основите од чл. 165 ст.1 т.1 од ЗКП и донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител и го продолжи притвор на Ј.К. за 30 дена, определи мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода за Н.Г., а ги прифати и предложените мерки за претпазливост против останатите двајца обвинети. Против овие решенија ...
„Адвокатот и адвокатското друштво не смеат да вршат дејност, професија или активност кои со Кодексот на адвокатска етика се определени како несоодветни професии. Адвокатот може да врши јавна функција или јавна служба доколку за вршење на истата не заснова работен однос“, се пропишува во новиот Предлог-закон за адвокатурата. Во постојниот закон, пак, се пропишува дека адвокатот не може да врши јавна функција или професија и друга јавна служба. ...
„Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 65-годишник, револтиран од политички настани, на 15.03.2019 година на својот личен профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил пост поврзан со терористичките напади во Нов Зеланд. Со статусот тој ...
Родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ на денешната прес-конференција пред МОН истакнаа дека ќе организираат протести и ќе иницираат референдум во врска со новиот Закон за учебници. Родителите најавија дека од сабота започнуваат протести во Скопје, како и во останатите градови низ земјава. Најавата за протести и референдум, истакнаа родителите, следува откако МОН одговори негативно на нашите барања за дигиталните учебници ...
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на тркалезна маса на тема „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“, на која што се презентираше „Анализата за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка“, во организација на Аналитика тинк-тенк, а со финансиска поддршка на ...
До сега во конкретниот предмет шест обвинети своеволно ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар и добија првостепени пресуди, додека за останатите обвинети главната расправа продолжува во текот на денешниот ден“, соопштуваат од Кривичниот суд. Кривичниот суд за пресудата во предметот „Двојник“ во врска со пасошите М.В ...
„Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам“, соопштуваат од ...
Целта на Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија е олеснување на нормалното функционирање на јавните претпријатија и реализација на нивните развојни активности. „Со ова законско решение се очекува надминување на проблемите на јавните претпријатија основани од општините, особено долговите преземени од страна на општините како нивни основачи, кои го доведуваат во особено отежнати услови ...
Толковниот речник на македонскиот јазик е еднојазичен, описен речник на македонскиот стандарден јазик. Во него е опфатен и лексикографски опишан најупотребуваниот зборовен фонд на јазикот. По обем речникот се определува на околу 100 000 зборови (заедно со внесените како подзаглавни зборови во речничките статии), а по изборот на лексичките единици и по обработката има нормативен карактер. Толковиот речник е на следниот линк: makedonski.gov.mk ...
Главниот координативен кризен штаб ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки: – забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден; – време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, ...
Министерството за правда објавува информација за пријавување на адвокати за обезбедување на бесплатна правна помош во постапките за признавање право на азил. Информацијата е достапна на следниот линк. ...
Административниот службеник ги почитува законските прописи и никогаш не работи на начин за кој знае или се сомнева дека е незаконски, непрописен или неморален, се вели во Кодексот. Административниот службеник не подлегнува на притисоците за извршување на противуставни и незаконски работни задачи од претпоставените. „Тој не подлегнува на притисоци и закани кои би довеле до корупција или на барање за постапување под закана и спроведување на ...
„Ве информираме дека Нацрт-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам е објавен на ЕНЕР (https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=60126 ). Ги повикуваме членовите на Адвокатската комора на РСМ внимателно да го разгледаат Нацрт-законот и своите коментари, забелешки или сугестии заклучно со 30.4.2021 да ги достават до Комората на е-пошта: lawyermk@mba.org.mk. Дополнително, ...
„Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, со кој, меѓу другото, се овозможува голем број села во Северна Македонија да останат и понатаму покриени со урбанистичка документација и да продолжат да ги спроведуваат општите акти, со што директно ќе се влијае на намалувањето на бројот на можни идни дивоградби во руралните средини, на степенот на иселувања на руралните средини, како ...
„Почнувајќи од 28 април престанува да важи забраната за организирање, одржување и присуство/учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип“ е една од донесените мерки на Владата. М.В ...
„Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување“, соопштуваат од Владата. ...
Врз основа на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, работодавачот може да оствари право на финансиска поддршка во износ во износ од најмногу до 21.776 денари месечно по работник, утврден согласно работното време (полно или неполно работно време) на кое е пријавен работникот, намалено за ...
МОН подготвува измени на Законот за основното образование. Една од целите на овој закон, велат од МОН, е подобрувањето на пристапот до образование за сите категории ученици. „Законот за основното образование е донесен во 2019 година и од неговата досегашна примена во праксата се покажа дека се потребни одредени измени и дополнувања и тоа во делот на инклузивното образование, начинот на побарување, селекција и вработување на образовните ...
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во рамките на истрагата против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување, точно е дека изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери. Воедно, во досегашната истрага, не ...
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. ...
„Министерот за правда, Бојан Маричиќ, утрово оствари средба со новата претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми. Разговараа за повеќе актуелни теми и прашања. Двете институции ќе бидат вклучени во исполнувањето на критериумите и обврските кои произлегуваат од идното отворање на Поглавјето 23 и Поглавјето 24, односно фундаменталните човекови прави и слободи, како и борбата против корупцијата. Токму оваа борба е една најзначајните работи за ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во академската 2020/2021 година изнесува 4 288. Од вкупниот број наставници и соработници, 3 074 или 72 % се наставници и 1 214, т.е. 28 % се соработници во наставата. Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2020/2021 година изнесува 2 102 или 49 %. Соопштението во целост ...
„Oд понеделник 26.04.2021 година, почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според ...
На денешната седница Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија донесе одлука за избор и на 5 јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје, и тоа: Фатиме Фетаи, Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска-Георгиева. За основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга е избран Стојанчо Арнаудов. М.В ...
Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука за избор на пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје. За обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје Советот ги избра обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Колариќ. М.В ...
Уставниот суд го објави извештајот за својата работа. Анализата на вкупните податоци, се вели во извештајот, покажува дека вкупниот број на примени предмети во текот на 2020 година изнесува 324. Во 2019 година биле примени 167 предмети. Споредбено, се констатира во извештајот, во 2020 година биле примени 157 предмети повеќе од 2019 година, односно 48% повеќе предмети. Во текот на 2020 година биле поднесени и 18 барања за заштита на слободите и ...
„Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, кој, меѓу другото, има цел во опфатот на законот да влезе и да се уреди начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество на економските оператори регистрирани во Република Северна Македонија во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји членки. Со овие законски ...
„Врз основа на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на РСМ“, бр. 85/2021), за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците (образец БФП-ИП/3) за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи. ...