Според Законот за ФОД, Фондот за осигурување депозити е специјализирана финансиска институција која ги обесштетува осигурените депозити во банките, филијалите на странските банки и штедилниците во кои настанал ризичен настан. Што се осигурува во Фондот? Банките, филијалите на странски банки и штедилници основани во Република Северна Македонија се должни во Фондот да ги осигурат депозитите на население, во кои спаѓаат: денарските и девизните ...

Работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе можат од денеска до 30 април да аплицираат за мерката од Петтиот пакет мерки – Финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март. Поддршката изнесува од 14.500 до 21.776 денари по вработен, согласно падот на приходите три месеци пред месецот за кој се аплицира за поддршка, во однос на истиот период лани. Посебни поволности се предвидени за оваа во Петтиот пакет, односно ...

„Главниот кризен координативен штаб ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на истите предлага на наредната седница на Владата, да се усвои одлука со која постојните мерки кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник). Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог ...

Управата за јавни приходи реализирала наплата на даноците во износ од 7.720.610.346,00 денари, што во споредба со истиот месец во 2020 година претставува повисока наплата кај даноците од страна на компаниите. Поединечно, кај данокот на додадена вредност се бележи поголема наплата за 29,49 %, наплатата кај данокот на личен доход е повисока за 12,55%, додека пониска наплата за 1,32 %, се регистрира само кај данокот на добивка. Ваквите податоци ...

Министерството за образование подготвува Закон за стручно образование и обука. Со овој закон се уредуваат организирањето, структурата и управувањето на системот на стручното образование и обука. Се регулира дел од системот на образованието кој обезбедува индивидуален развој на личноста преку стекнување компетенции, знаења и вештини во одреден сектор неопходни за вклучување на пазарот на трудот или продолжување на образованието. „Основна цел на ...

Во членот 163 од Законот за банките се пропишува: (1) Со денот на отворањето на стечајната постапка престануваат побарувањата на физичките лица од банката во стечај по основ на депозит до висината на осигурениот износ на депозитот во согласност со Законот за Фондот за осигурување на депозити. (2) Пред исплатата на доверителите од стечајната маса се издвојува дел на средства за трошоци на постапката, вклучувајќи ги и трошоците на банката која ги ...

„На предлог на Министерството за образование и наука, Владата го утврди текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта. Преку оваа измена се гарантира стабилност на работниот однос на наставниците, се подобруваат можностите за професионален и кариерен развој и се воведуваат нови можности за стручните соработници“, посочуваат од Владата. ...

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Даночно затајување според член 279 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 2014 до 2018 година, обвинетиот во својство на физичко лице, одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход. Иако во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, тој приходите не ги навел во даночните ...

Кривичниот суд денеска изрече пресуда во предметот „Трезор“, кој се однесува на начинот на набавка на опрема за следење на комуникациите од Велика Британија. За злоупотреба на службената положба и овластувања Сашо Мијалков е осуден на 8 години затвор, Горан Грујевски на 15 години затвор, а Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ на 5 години затвор. Во врска со предметот Кривичниот суд определи и конфискација на имот и надоместување на штетата ...

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денес се обрати на настанот организиран од „Цивил“ по повод петгодишнината од почетокот на „Шарената револуција“. Маричиќ истакна дека борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува и дека тоа е континуиран процес. „Велевме ‘Нема правда – нема мир’ и сега од позиција на министер, функција на која сум само неколку месеци, чувствувам огромна одговорност, но и ...

Денеска собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе одржи расправа за спроведување на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија и Упатство за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија во првото тримесечје од 2021 година. Целта на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието е зачувување и афирмирање на ...

Владата во Собранието ги поднесе измените на Законот за добивка во врска со пандемијата. „Целта на предложените изменувања на Законот за данокот на добивка е пропишување на законски решенија во функција на поддршка на обврзниците во справувањето со последиците од коронавирусот ковид-19, односно поттикнување на работодавачите да исплаќаат регрес за годишен одмор во повисок износ од минимално утврдениот, како и да вложуваат средства за ...

„Ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена“, соопштуваат од Кривичниот суд. М.В ...

Министерството за финансии на својата веб-страна го објави Календарот на даночна регулатива – нова алатка за транспарентност и поголема предвидливост на бизнис климата. „Во Календарот објавени се сите планирани промени на даночната регулатива до крајот на годината. Целта е да се информира бизнис-заедницата, како и јавноста, за да може поефикасно и поефективно да ги планираат своите активности во текот на годината. Новата алатка е и во правец на ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, одржа онлајн состанок со јавните обвинители на јавните обвинителства во Република Северна Македонија. Тема на состанокот беше последниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во 2020 година, во кој во делот за Република Северна Македонија се нотира пречекорување на роковите за истраги. Јавниот обвинител Јовески од јавните обвинителства во државава ...

Во периодот од 29 март до 4 април, од страна на седумте инспекциските служби се спроведени вкупно 5.197 надзори и контроли. При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат изрече 34 прекршочни пријави, 91 решение за констатирани неправилности, како и 43 прекршочни платни налози. Од вкупниот број решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на ...

МТСП подотвува измени на Законот за работните односи. Со законските измени, велат од МТСП, се овозможува создавање на законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор, при што се дозволуваат исклучоци во определени дејности и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право. „Со Предлогот на закон, се овозможува подобро усогласување на приватниот со професионалниот живот, се врши создавање ...

Главната расправа за предметот со КОК бр. 3/19 од обвинителството означен како „Талир“, насрочена за 07.04.2021 се одлага за 27.04.2021 година заради издадено решени за изолација на член на судечкиот совет. Главната расправа за предметот со КОК бр. 30/20 од обвинителството означен како „Шпански скали“ која требаше да се одржи денеска ( 06.04.2021 година) се одлага за 20.04.2021 година заради издадени решенија за изолација на дел од обвинетите и ...

„За време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче) да може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 часот до 23:00, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат“, се наведува во образложението за новите рестриктивни мерки. ...

Директорката на Управата за јавни приходи,Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција ја информираше јавноста за анализата што ја направи Управата за јавни приходи од поднесените барања за пресметување на износот за враќање на финансиската поддршка, односно нејзино претворање во грант. Таа истакна дека мерката финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плата за април, мај, јуни 2020 година ја искористиле 22.195 работодавачи во ...

RATIO LEGIS е поим со кој се означува смислата на законот, т.е. барање на мотивот поради кој едно правно правило е донесено, односно утврдено. На тој начин може да се определи и досегот на тоа правно правило во врска со неговата примена на одредени случаи. Овој поим често овозможува примената на правото да се изврши и преку аналогија, т.е. во случај кој не се совпаѓа со диспозицијата на правното правило, но постои ratio legis и за примена на ...

Измените на Законот за попис со кои се предвидува одложување на пописот се на дневен ред на Законодавно-правната комисија. Законот е предложен по скратена постапка и со европско знаменце. „Решенијата кои се предлагаат произлегуваат од меѓународно прифатени стандарди кои секоја држава треба да ги исполни заради единствена обработка на статистичките податоци. Поради потребата од имунизација на населението во Република Северна Македонија и поради ...

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува нов Закон за дивечот и ловството. „Покрај останатите услови кои беа предвидени во досегашниот закон за одгледување на дивеч во ограден простор, да се одгледува дивеч за лов, фармерско производство, во полигони за лов на дивеч и да се одгледува дивеч за обука на ловечки кучиња и истиот ќе биде во сопственост на правни и физички лица“, велат од Министерството. М.В ...

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година кои се случија во Собранието на Р.М., ја информираме јавноста дека денешната расправа како и сите расправи насрочени до 25.04.2021 година, се одлагаат со оглед да дел од членовите на судечкито совет се во изолација по добиен позитивен ковид – тест. Следната расправа е насрочена за ...

„Ве информираме дека од страна на работната група за изменување на Кривичниот законик доставен е на увид Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Ги повикуваме членовите на Адвокатската комора на РСМ да достават предлози и коментари на Кривичниот законик како би можеле навремено да се разгледаат и пренесат истите. Предлог-законот може да се преземе на следниот линк:ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ...

„Владата донесе одлука за основање на Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска. Основањето на Културно–информативен центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска, ќе придонесе за ефективна промоција и афирмација на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија во оваа држава преку долгорочно изградена стратегија за презентација на Министерството за ...

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година. До Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доставен Предлог-закон со внесени измени и дополнувања со кои се одлага пописот за септември 2021 година, односно дека се врши менување на датумите за ...

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, постигнаа договор за одложување на пописот. „Постигнавме договор заради имунизацијата на населението, и заради можноста да се прими и втора вакцина од страна на попишувачите, да го одложиме пописот на населението во земјата и тоа да се одржи во периодот 5 до 30 септември, со што се одлагаат и локалните избори и наместо како што е пропишано да се одржат во ...

Се известуваат сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25.03.2021 година, дека најдоцна до 31.03.2021 година ќе може ...

Државниот завод за статистика ги демантира информациите што се појавија во јавноста дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство. Тоа се дезинформации, се вели во соопштението на Заводот. „Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема, ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број. ДЗС ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1009
weather icon

Белград

29ᴼ / 24ᴼ
2.57
39%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
35%
1011
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
44%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.47
55%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
44%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
39%
1010
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
43%
1009
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52