Годишниот извештај на Советот на јавните обвинители е на разгледување во Собранието. Според извештајот, во 2019 година Советот постапувал по вкупно 171 претставка, што во однос на 2018 година, кога биле евидентирани 201 претставка, е намалување на обемот на работа за 30 претставки или за 15 %. Од вкупно 171 претставка, најголемо учество со поднесени 150 претставки заземаат физички лица, од кои 144 претставки се поднесени од оштетени, 5 се од ...

„За време на оваа здравствено-економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази, добивме позитивна вест. ‘Гласен текстилец’ го следеше судскиот случај на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот ѝ даде незаконски отказ поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го ...

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност, дека на системот ,,е- Персонален данок,, е поставено Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход. Користењето на правото се однесува на даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување ...

„Во основните јавни обвинителства во Република Северна Македонија во текот на 2019 година применети се посебни истражни мерки од чл. 252 од ЗКП во вкупно 103 случаи, против 338 лица со утврден идентитет, 17 лица со неутврден идентитет и 313 предмети на кривично дело“, се нотира во извештајот на Јавното обвинителство. За компарација, образложуваат од Јавното обвинителство, во 2018 година во сите основни јавни обвинителства применети се посебни ...

Владата поднесе во Собранието измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух. Измените се поднесени со европско знаменце. Главна цел на измените, се вели во законското образложение, е воспоставување на јасен начин на подготовка на плановите за квалитет на воздухот и на краткорочните акциски планови, како и ефикасно спроведување на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот. Дополнителна цел е усогласувањето на прекршочната и ...

Предлог-законот за лобирање, чиј предлагач е Владата, е во собраниска процедура со европско знаменце. Со овој закон се уредуваат условите за стекнување статус на лобист и лоби организација, регистрирањето на лобистите и лоби организациите, обврските на лобистите и лоби организациите и обврските на лицата и органите кај кои се лобира, со цел транспарентност на процесите на подготвување, донесување и изменување на јавни политики, односно ...

На покана од Германската фондација за меѓународна правна соработка регионално здружение (ИРЗ) и Уставниот суд на Босна и Херцеговина, претседателот и судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваа на онлајн Регионална конференција на тема „Издвоени мислења при одлучувањето на уставните судови“. Поради рестрикциите со кои се соочува регионот од пандемијата со ковид-19, традиционалната Регионална конференција годинава се ...

На иницијатива на адвокатот Александар Ристески од Скопје, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на членот 247 став 2 и членот 254 став 2 од Законот за семејството. Според подносителот на иницијативата, оспорените законски одредби биле во спротивност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, односно со принципот на владеењето на правото. Ова од причина што оспорените законски одредби упатувале ...

Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е на дневен ред на денешната собраниска седница. Предлог-законот е поднесен по скратена постапка. Под утврдување на правен статус на бесправен објект се подразбира запишување на бесправниот објект во Катастарот на недвижности и вклопување на истиот во планската документација, односно само запишување на бесправниот објект изграден на земјиште на кое согласно важечката ...

Државата треба да ги обесштети Ромките кои биле одбиени да изберат матичен гинеколог, велат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари, а во врска со првата одлука на ООН со која се утврдува нееднаков пристап и дискриминација по основ на етничката припадност од страна на гинеколог во Македонија. На 2 декември, Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените при Организацијата на обединетите нации (ООН) утврди повреда на ...

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица. „Целта на Предлог-законот е поедноставување на условите и постапката за отворање нова фирма и нејзино отпочнување со работа, на начин што преку едношалтерскиот систем, воспоставен во рамки на Централниот регистар, основачите на фирмите, како што тоа досега е предвидено за законските ...

Во просториите на Македонската академија на науките и уметностите беше презентирано основањето на Платформата за еколошка правда, како дел од проектот „Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда“. Настанот го отвори академик д-р Владо Камбовски, кој преку филозофијата на екоцентризмот ја претстави универзалната вредност и значењето на екологијата, чувањето и унапредувањето на животната средина и забележа дека Платформата и самиот ...

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ја информираше јавноста за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец октомври 2020 година. Анализата на УЈП ја објавуваме во целост: „За месец октомври 2020 поднесени се 13,819 барања БФП-ИП/2, на 12,598 работодавачи е исплатено вкупно 961,613,984 денари, за вкупно 61,556 вработени. Вкупно 179 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец ...

Собраниската Комисија за изборите и именувањата до Собранието поднесе предлози за нови членови на Советот на јавни обвинители. Предложени се народниот правобранител Иџет Мемети и адвокатот Љупчо Ивановски. Како што посочуваат од Комисијата, кандидатите се изгласани со мнозинство гласови. Покрај народен правобранител, Иџет Мемети е и поранешен министер за правда и поранешен уставен судија. Мемети бил и државен советник во Владата, како и член на ...

Министерството за правда го објави документот со коментарите и предлозите за Законот за парничната постапка. „Овој документ претставува осврт на работната група на Министерството за правда формирана 2019 година за подготвување на Предлог-законот за парничната постапка, на сите коментари, предлози и забелешки кои пристигнаа на објавениот Нацрт-закон за парничната постапка, и тоа како преку страницата на ЕНЕР така и непосредно до Министерството ...

Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година е на дневен ред на денешната собраниска седница. Последниот попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија беше спроведен во 2002 година врз основа на одредбите од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2001 година, кој беше донесен за реализација на оваа ...

Според идеја на адвокатот Владимир Кацарски регистриран е патент „Конструкција за превенција на рударска прашина и воздухопловна безбедност кај рудници со отворен површински коп“. Кацарски посочува дека во периодот кога се одвиваа засилени граѓански активности по повод, како што истакнува, (не)работењето на рудниците со отворен површински коп, добил идеја како да работат овој тип на рудници, а притоа да не ја загадуваат околината со својата ...

Врховниот суд објави сентенца во врска со работните односи, односно за работа кај ист работодавач како услов за трансформација на работен однос од определено на неопределено време. Сентенца Работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи кај ист работодавач, со прекин или без прекин по истекот на рокот од пет години работен стаж или ...

За овогодишното одбележување на Денот на човековите права, Обединетите нации ја избраа темата „Закрепни подобро – Бори се за човековите права“, ставајќи ги човековите права во центарот на напорите за подобро закрепнување од пандемијата на ковид-19. „И кај нас, како и во другите земји во светот, пандемијата ги исфрли во прв план системските аномалии и слабости на државите, коишто придонесуваат за зголемување на нееднаквоста и дискриминацијата по ...

Група пратеници поднесоа измени на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. „Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен се менува насловот на Законот во Закон за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка. За подобра и ...

Теа Мицевска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избрана за нов студентски правобранител на УКИМ. Мицевска ги повикува студентите да стапат во контакт со неа секогаш кога ќе се соочат со прекршување на нивните права. „Цврсто верувам во идејата за користење на образовниот систем за развој на поединецот како автономен критички мислител. Досегашните искуства треба да се трансформираат во свест, а тоа подразбира активно реагирање од страна на ...

Денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа свечена седница по повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. На свечената седница се обратија ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, професорот Никола Јанкуловски, и деканот на Правниот факултет, професорот Горан Коевски. Двајцата говорници го истакнаа значењето на Меѓународниот ден на човековите права, како и важноста на човековите права од аспект на ...

Владата поднесе измени на Законот за трговија во Собранието. Целта на донесувањето на Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија по скратена постапка е превенција и зајакнување на заштитата на здравјето на населението од ширењето на вирусот ковид-19 во услови на вршење трговија на мало. Инспекциски надзор над примената на мерките за превенција од ковид-19, во согласност со Законот за трговија има надлежност да врши Државниот пазарен ...

Група пратеници по скратена постапка предлагаат измени на Законот за надворешни работи. Во членот 36 на овој закон се уредени условите и постапката за именување на амбасадори на Република Северна Македонија. Со овој член е предвидено лицето кое треба да е именувано за амбасадор да биде државјанин само на Република Северна Македонија. „Од причина што сметаме дека овој услов го ограничува уставното право на секој граѓанин да учествува во вршењето ...

Денеска на глобално ниво се одбележува Меѓународниот ден на човековите права. На 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание на ОН е усвоена Универзалната декларација за човекови права. Декларацијата е создадена во периодот по Втората светска војна и означува прво глобално изразување на основни права на сите човечки суштества. Декларацијата се состои од 30 члена кои се вклучени во подоцнежни меѓународни договори, ...

Во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија го презентираше Алтернативниот извештај на невладините организации за состојбата со правата на децата во Македонија. Видеото од презентацијата може да се погледне на следниот линк. Подготовката на извештајот ја раководеше Детската амбасада Меѓаши, а свој придонес дадоа повеќе од триесет организации и неформални ...

„Тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поднесе невладината Коалиција Маргини заедно со Мрежата за заштита од дискриминација. Обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како ...

Четвртата апликација поднесена од Томе Главчев, сопственикот на „НОЕЛ“ Гевгелија, во врска со предметот „Поштенска банка“, пред Европскиот суд за човекови права, исто како и претходните три, е прифатена, односно успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност, соопштува адвокатот Петро Јанура. „Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Претходните три апликации беа поднесени во врска со ...

„Потребно е надлежните институции, со директна поддршка и вклученост на претставниците од организациите на лицата со попреченост, поефективно да пристапат кон имплементација на споменатите членови. Исто така, неопходно е лицата со попреченост и нивните организации да бидат вклучени во мониторингот, во надзорот над имплементација на Конвенцијата, при што мора да се изнајдат соодветни модалитети за вашето учество во мониторингот за тој да не биде ...

На 14 и 16 декември (понеделник и среда) Академик ќе одржи студентски обуки од областа на работните односи. Обуките ќе се одржуваат онлајн од 16:00 до 19:00 часот. Агенда: 14 декември – Форма и содржина на договорот за вработување Поим и карактеристики на работниот однос; Прописи кои се применуваат на работниот однос; Договор за вработување: Форма на договорот за вработување и задолжителни елементи; Последици од непочитување на обврските за ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1009
weather icon

Белград

29ᴼ / 24ᴼ
2.57
39%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
35%
1011
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
44%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.47
55%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
44%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
39%
1010
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
43%
1009
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52