Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во ВМФЛ. Интересно, ниту една од водечките екипи не направи кикс, сите победија и освоија по три бода, па така на табелата во горниот дел нема никакви поместувања. Македонија ЃП на свој терен со 1:0 славеше против Детонит. Башкими се очекуваше да има полесна задача со Вардарски, но сепак не беше така.Дури во самиот финиш кумановци го скршија отпорот на тимот од Богданци за победа од 2:0. Арсими, ...

Екипата на ГФК Осогово освои бод во битката за опстанок на гости кај ГФК Охрид, но остана без младинецот Михаил Николов кој се повреди тешко по еден дуел со противник. Се играше судиското надополнување, кога Николов се судри со Христијан Спироски од ГФК Охрид и падна на тревата. Евидентно беше дека ударот е силен и дека се работи за тешка повреда, па на терен влезе и брзата помош. Публиката во Охрид го испрати младиот играч од теренот со аплауз, ...