„На вчерашната седница на Владата на Р.С. Македонија, беше усвоен ребалансот на Буџетот за 2021 година. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година, а согласно Гранскиот колективен договор склучен од Синдикатот на УПОЗ и Владата на Р. С. Македонија, се предвидоа и средства за исплата на регресот за годишен одмор за 2021 година. Согласно Гранскиот колективен договор, регрес за годишен одмор ќе добијат вработените во органите на државната управа, ...

Осомничената без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетната ќерка на оштетената и ги прикачувала на нејзиниот личен прифил. На така преземените фотографии додавала недолични и лажни коментари, коишто предизвикале чувство на омаловажување кај оштетената и нејзината ќерка. ...

Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за работните односи, со кои се креирани законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор во недела и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право. Во насока на предложените законски решенија за прогласување на неделата како неработен ден, на седницата беа усвоени и измените и дополнувањата на Законот за трговија со цел да се уреди ...

„Во соработка со Министерството за правда и Адвокатската комора да се изврши намалување на висината на цените на адвокатските услуги во однос на бранителите по службена должност, што влијае на средствата кои се издвојуваат за оваа намена од судскиот буџет и во консултација со експертската јавност“, е една од препораките на Судскиот буџетски совет во годишниот извештај. М.В ...

Националниот совет за евроинтеграции денеска треба да одржи седница. На денешната прва седница на Советот на дневен ред е Планот на активности на Националниот совет за евроинтеграции за периодот јуни 2021–јуни 2022. Советот, исто така, ќе дискутира и за перспективите за европската интеграција на државата во пресрет на јунскиот самит на Европскиот совет. ...

Директорката на Управата за јавни приходи ја информираше јавноста за искористеноста на мерката – финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година како, и за неисплатените плати од страна на компаниите кои ја добиле оваа финансиска поддршка, а истата не ја исплатиле на работниците. „За февруари на 11 694 работодавачи е исплатено 851 157 045 денари, за 53 348 вработени, а за март на 11 197 работодавачи исплатено е ...

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, изработено во март 2021 година, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2021 година ...

Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на сексуалните работници за декриминализација на нивната работа, портпаролот на Владата истакна дека е во тек процес на разговори за измените на Кривичниот законик, во кој, меѓу другите чинители, се вклучени и претставници на невладиниот сектор. „Барањата се разгледуваат. Во измените на Кривичниот законик, кои се очекува многу скоро да бидат на седница на Владата, се воведуваат нови кривични дела – ...

Владата го утврди текстот на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи кој предвидува усогласување со реализацијата на Проектот и започнатата имплементација на Европскиот број за итни повици во Република Северна Македонија, E-112. Министерството за одбрана претходно најави дека подготвува измени на Законот за управување со кризи. „Потребата од измена и дополнување на Законот за управување со кризи ...

„На предлог на Министерството за финансии донесена е Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2022-2024 (со изгледи до 2026). Фискалната стратегија ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории на проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот. Фискалната стратегија e одраз на среднорочните фискални цели и стратешките ...

„Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2020 година, во споредба со претходната година, е намален за 25.6 % и изнесува 10 278. Најмногу бракови, 1 423 или 13.8 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 162 или 1.6 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94.1 % за жените и 92.8 % за мажите. Во втор брак со учество од 6.5 % и трет брак со учество од 0.6 %, во вкупниот број ...

„Уписите во средно образование ќе се реализираат преку три пријавувања во текот на следниот месец, почнувајќи од 14 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, поточно на 23 август, за што доставуваат доказна документација. Идните средношколци имаат доволно време да размислат каде ќе продолжат да се образуваат. ...

Во собраниска процедура е Предлог-законот за ратификација на Протоколот за измена на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци. Целта на оваа Конвенција и протокол, која е донесен во Стразбур, е да го заштити секој поединец, независно од неговата национална припадност или живеалиште, во однос на обработката на личните податоци. Со тоа Конвенцијата придонесува во глобалното почитување на човековите права ...

Двете собраниски комисии – за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија го прифатија предлогот на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ да се иницира референдум за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Тоа беше второ поднесување на предлогот во Собранието на групата родители кои не се согласуваат со новиот закон и ...

„Во Клубот на пратеници, во организација на министерот за правда, Бојан Маричиќ, се одржа нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик, на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Левица, ВМРО – Народна партија, ЛДП, Демократски сојуз, парламентарни партии на помалубројните етнички заедници, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Поканети беа и претставници на ДОМ ...

„На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата донесе одлука да го повлече Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните од собраниска процедура поради искажаната потреба од доусогласување на текстот на барање на повеќе кинолошки друштва и расни клубови“, соопштуваат од Владата. М.В ...

Премиерот Заев за неделникот „Фокус“, одговарајќи на прашање, категорично изјави дека судството и обвинителството се независни од извршната власт и дека власта не влијае на судот. „Јас водев своевидна револуција против такви премиери и министри кои се јавуваа на судии и обвинители. Не смее никому да му падне на памет да се јави и да диктира пресуди, обвиненија“, вели Заев, посочувајќи дека оваа извршна власт не влијае на судот и дека е позната ...

Измените на Законот за даноците на имот се пред Законодавно-правната комисија. Предложените законски измени, се вели во образложението, се во функција на усогласување на одредби предвидени во Законот за даноците на имот со Законот за прекршоците. Со Законот за данокот на имот се уредува начинот на оданочувањето на следните видови даноци на имот: Данок на имот; Данок на наследство и подарок и Данок на промет на недвижности. ...

„Владата денеска дискутираше за дел од актуелните теми, меѓу кои беше и Одлуката на Уставниот суд, кој на денешната седница по иницијативата за оценување на уставноста, го укина членот 163 од Законот за банки, според кој Фондот за осигурување депозити, кој е создаден за да се гарантира исплатата на штедните долгови до 30.000 евра, е прв што ги наплаќа побарувањата кога една банка ќе пропадне. Со укинувањето на членот е создаден правен вакуум и ...

Пред собраниската Комисија за финансирање и буџет на дневен ред се измени на повеќе закони. Во фаза на второ читање пред Комисијата се измените на Законот за данокот на добивка, Законот за комуналните такси, Законот за административните такси, Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за јавен долг, Законот за стоковните резерви и Законот за даноците на имот. ...

„Во организација на Министерството за правда, во Клубот на пратеници попладнево се одржа состанок на Работната група за измени на Изборниот законик, на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица, ВМРО – Народна партија, ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз, како и министерот за правда, Бојан Маричиќ, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На првиот состанокот, кој помина во ...

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, залагајќи се за доследно остварување на принципот на отвореност, правото на информирање и слобода на медиумите, укажува дека еден од основните принципи во работењето е транспарентноста и отчетното работење гарантирани во член 8 од Законот за јавното обвинителство и во Упатството за односи со јавноста. Медиумите се помош во работењето на јавното обвинителство, бидејќи често од нив се добиваат ...

„Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница“, се пропишува во членот 13 од Законот за семејството. ...

„Согласно Одлуката за начинот на спроведување на 66-тото годишно Собрание на Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) во услови на вонредни мерки поради состојбата со ковид-19, донесена на 20.4.2021 година, 66-тото годишно Собрание на АКРСМ, односно состаноците на надлежните тела се одржаа во просториите на Комората на ден 14.5.2021 година. На ваше запознавање во прилог ги објавуваме Записникот од 66-тото годишно Собрание и ...

Граѓанската иницијатива за распишување на референдум за одлучување на државно ниво доставена преку Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, преку овластениот предлагач Драгана Спасевска, е на дневен ред на Законодавно-правната комисија и на дневен ред на Комисијата за политички систем. Во согласност со Уставот и законите, изјавија родителите при поднесувањето на Иницијативата, ќе пристапиме кон собирање на 10.000 потписи за ...

„Доброволното плаќање на даноците, изразено како подготвеност на даночните обврзници за законско, правилно и навремено исполнување на даночните обврски, ефикасноста, ефективноста и намалувањето на административниот товар, изразени како самооданочување без спроведување на даночна постапка, како и меѓусебната доверба меѓу Управата за јавни приходи и даночните обврзници изразена како транспарентност во меѓусебните очекувања и преземање одговорност ...

За вршење видеонадзор во едностанбени и повеќестанбени објекти задолжително е потребна писмена изјава за согласност од најмалку 70% од вкупниот број на сопственици, станари, односно закупци на становите, се пропишува во Законот за заштита на личните податоци. По обезбедување на согласноста, потребно е сопствениците, станарите, односно закупците на становите задолжително да се информираат за отпочнување на функционирањето на системот за вршење ...

Група пратеници предложиja измени на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка. „Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за земјоделското земјиште. Целта на законот е да се овозможи на закупците на земјоделското земјиште во државна сопственост на кои им е раскинат договорот за закуп поради неплатена закупнина да може да се укине изјавата за ...

„Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на ...

Денеска Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ до Собранието достави предлог за граѓанска иницијатива за распишување на референдум. Во согласност со Уставот и законите, изјавија денеска од Иницијативата, ќе пристапиме кон собирање на 10.000 потписи за поддршка на иницијативата за распишување на референдумот. Родителите бараат можност за референдумско изјаснување во врска со најавениот процес на дигитализација во образованието, односно ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
58%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
55%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
50%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.45
60%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
45%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
45%
1011
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
55%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52