За љубовта кон правото разговараме со Маја Ристова, адвокат. Како се јави кај вас љубовта кон правото? Уште од најрана возраст реагирав на неправда, се бунтував за правда. Никако не можев да прифатам неправедни состојби, па сакав да ги променам. Некогаш тоа го правев за себе, а некогаш за друг/и. И низ детска игра, кога ќе настанеше кавга помеѓу некои деца, си дозволував да се вмешам и да кажам како сметам дека е праведно и кој е во право, а ...

За љубовта кон правото разговараме со Дарко Павловски, национален правен офицер во Мисијата на ОБСЕ во Скопје Како се јави кај вас љубовта кон правото? Веројатно се чини како клише доколку кажам дека љубовта кон правото кај мене се јави поради правдољубивоста која ја носам длабоко во себе. Се насмевнувам присетувајќи се како на училиште интуитивно реагирав на некои неправди, па од наставниците добивав укори дека не ни е потребен адвокат во ...