Бројот на повредени во пожарот во дискотека во Кочани е голем и го надминува капацитетот и можностите на болницата во градот, па дел од нив се префрлен во Штип и во Скопје. – Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни ...

По големиот пожар во дискотека во Кочани, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираше Министерството за здравство. Распределба на хоспитализираните пациенти: •Детска хирургија – 4 •Клиника за пластична хирургија – 11 •Клиничка болница Штип – 45 •Општа болница Кочани – 30 •Св. Наум Охридски – 29 •8 Септември – 17 •КАРИЛ – 16 Од вкупниот број ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски информираше дека петмина обвинители по двајца обвинители од Кочани и Скопје и еден обвинител од Штип и еден раководител се дел од тимот кој работи на случајот со изгорената дискотека во Кочани. Во однос за причините рече дека допрва ќе се утврдуваат, а не откри и колкумина осомничени досега се испрашани. Државниот обвинител најави повеќе информации во текот на денот и вети брза и темелна истрага. ПОВРЗАНИ ...

Голема трагедија го погоди Кочани, а од ОЈО велат дека сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Како што велат, бројот на жртви и повредени се утврдува. „Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени ...

Во болниците во Кочани, Штип, во Клиничкиот центар во Скопје како и во „8 Септември“ и во Градската болница, досега се хоспитализирани 118 луѓе, по трагедијата што ноќеска се случи во дискотеката во Кочани. Препорачано Како што предмалку изјави министерот за здравство Арбен Таравари, пациенти има на Клиниките за хирургија, на КАРИЛ, на клиниката за пластична хирургија, како и на Детска хирургија. „Нема пациент кој не е сместен и не е ...

На социјалните мрежи кружи список на деца примени на скопските клиники, кои по повредите, од болниците во Штип и Кочани се префрлени на Клинички центар. По пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најмалку 51 лице загина, а над 100 се повредени. Родителите си ги бараат децата на социјалните мрежи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Официјално: Најмалку 51 лице загина во пожарот во дискотеката во Кочани (Видео) Родители не знаат каде им се децата ...

Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноческа се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош. Поради сериозност на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники. Пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини ...

Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноческа се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош. Поради сериозност на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники. Пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини ...

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во кочанската дискотека која се запали. Станува збор за фотографии од млади лица, на кои има напишано и телефонски броеви. Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група. Според неофицијалните информации, пожарот избувнал околу 3 часот, поради употреба на пиротехнички средства на ...

Членовите на аренби дуото ДНК, бендот и придружните вокали кои ноќеска настапувале во дискотеката во „Пулс“ во Кочани во која изби пожар и загинаа најмалку 50 лица, се дел во болница, дел на домашно лекување, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од семејството на еден музичарите и од тимот на групата. Од тимот на бендот ни рекоа дека според информациите кои ги имаат досега, музичарите се однесени во болница, дел во Скопје, дел во Штип. Еден од членовите на ...

Десетици роднини на повредените во пожарот што ноќеска изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани се наоѓаат пред градската болница во Скопје „8 Септември“. Амбулантни возила постојано транспортираат повредени а предмалку во правец на болницата се упати хеликоптер. Дел од присутните не знаат дали нивните блиски се во оваа болница или на друго место. Неодамна министерот за здравство Арбен Таравари испрати допис до болниците од внатрешноста да не ...