Педесет и девет лица загинаа во пожарот што се случи ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Кочани. Загина и еден полицаец од полициската станица во Пробиштип, кој бил во дискотеката по претходно изготвен план за присуство на малолетници во дискотеката. – Овој полицаец требало да биде награден за најдобар полицаец за територијата Пробиштип. Загина при вршење на контрола за евентуално ...

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се поради повреди од стампедото при паниката за излез, рече директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимовска. „Пациентите доаѓаа со повреда од интоксикација со јаглероден моноксид и со изгореници. Оние што беа со изгореници од прв степен беа задржани во Кочанската болница. Во моментов има 12 деца. За жал, загинатите се поради повреди од стампедото кое настанала при паниката за ...

Најмалку59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани., додека повредени се 155 лица, изјави пред малку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од загинатите идентификувани 35 лица, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип. „Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница по четири лица. Се испитува и документацијата за дозволите на ...