Добивај вести на Viber Објавени се први снимки од трагедијата во Кочани, каде имаше голем пожар во дискотека. Телевизија Кочани објави први снимки од трагедијата во Кочани, откако рано утрово во ноќен клуб избувнал пожар. Засега нема точен број на жртви, но има многу повредени. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово изјави дека во моментов заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се во Кочани. ...
Повеќе светски медиуми и новински агенции ја пренесоа веста за трагедијата во Кочани во која при пожар во дискотека загинаа 59 млади лица, над 150 се повредени од кои десетина во критична состојба. „Блумберг“ пишува дека „пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија ги однесе животите на најмалку 51 лице, а повеќе од 100 се повредени“. „Пожарот најверојатно бил предизвикан од пиротехника користена за сценски ефекти за време на концерт, изјави ...
Зе зголемува бројот на починати лица во трагедијата во Кочани. СПоред најновите информации што министерот за внатрешни работи ги сподели со јавноста, бројот на починати се искачи на 59. „Од нив 35 се идентификувани. Од идентификуваните 31 лице е од Кочани, 4 од Штип. Бројот на повредени, по последните информации што ги добив до 12:00, е 155 лица“, рече Тошковски. Како што кажа Тошковски, меѓу настрадание е и еден полициски службеник од ...
Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, утринава телефонски разговарал со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во врска со несреќата во Кочани. На својот македонски колега му изразил сочувство за жртвите во несреќата во која загина 51 лице, а околу 100 други се повредени. Шефот на грчката дипломатија, како што јавуваат локалните медиуми, за време на телефонскиот разговор со Муцунски изразил подготвеност Грција ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани. – Длабока жалост за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани, наведе Калас во објавата. Таа изрази сочувство до „сите погодени од оваа трагедија“, а на повредените им посака брзо закрепнување. – ЕУ ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија, додаде ...
Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА. Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства. Бројот на повредени во пожарот во дискотека во Кочани е голем и го надминува капацитетот и можностите на болницата во градот, па дел од нив се префрлен во Штип и во Скопје. ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица. Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата. -Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република ...
Добивај вести на Viber Десетици мртви има во пожарот во Кочани, кој изби во дискотека за време на концерт. Полицијата апси за случајот. На концертот на популарна македонска група во дискотеката присуствувале околу 1.500 гости. На другата снимка која во меѓувреме се појави на социјалните мрежи може да се видат високи пламени јазици снимени од далечина. Се смета дека пожарот избувнал кон 3 часот по полноќ. Граѓаните на социјалните мрежи пишуваат ...