Обраќање на Панче Тошковски. Тој соопшти дека се извршени разговори со 10 повредени лица и со еден член од групата која настапувала вечерта ДНК. Тошковски рече дека е распишана потерница за 4 лица, кои се тие лица не можеше да каже. Работиме интезивно со сите сили со кои располагаме, вклучени се сите кои имаат врска во процес на контрола и дејства кои можеме да ги преземеме. Прашан за сертификат на дискотеката за управување со пиротехнички ...

Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани изјави дека првиот повик бил во 2 часот и 48 минути на брза помош со назнака дека во дискотеката имало пожар. „За 15-30 минути беа мобилизирани сите, кои се јавија на работа иако не беа. Пациентите што пристигнаа беа на возраст од 16 до 24 години. Најмногу имаше со изгореници и со интоксикација со јаглероден моноксид. Тука се направи првата тријажа на пациентите кои беа препратени до ...

Меѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани е и припадник на Министерството за внатрешни работи, вработен во Полициската станица во Пробиштип. Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полициски службеник од ПС Пробиштип, кој во моментот бил службено ангажиран, односно постапувал по претходно изготвен план за контрола на угостителски објекти во делот на недозволена трговија со дрога и присуство на ...

Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип. Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитлизирани во ...