Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите. Утре – вторник, 18 март, во Бугарија ќе биде прогласен за Ден на национална жалост како израз на солидарност со нашиот најблизок сосед на Балканот. Ова го соопшти премиерот Росен Желјазков во врска со трагичниот инцидент во градот Кочани, во кој во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени, јавува БГНЕС. Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите. ...

Се потпишав во книгата на жалост која е отворена во Собранието на Република Македонија. Ова е време за тага, сочувство и солидарност!, објави Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба. „Како човек и родител сочувствувам со семејствата кои ги загубија своите деца во несреќата во Кочани. Нема зборови кои можат да ја опишат болката и тагата која ја чувствуваме сите ние. Македонија е завиена во црно и заедно тагува. Моите молитви и мисли ...

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорот на Република Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска. „Ова не е прв трагичен случај во РСМ, имало и други, но не од вакви размери. Има сериозни основи за постоење на корупција. Македонското општество сака чистка. Сака промена во работата на институциите за да работат поправедно“, изјави амбасадорот за бТВ. Таа ...

Реки студенти од сите факултети на УКИМ се слеаја напладне на платото на универзитетскиот кампус за да им оддадат почит на починатите и повредените во несреќата во кочанската дискотека „Пулс“. Облечени претежно во црна облека, студентите палеа свеќи, положуваа цвеќе и оставаа донации кои преку Црвениот крст ќе бидат испратени до семејствата на унесреќените. Цвеќе положија и министерката за образование Јаневска и ректорката Ангелова. Тие во ...

Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков пред новинарите во селото Дамјаница, општина Сандански, јави БТА. Жељазков уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во ...