Претстојниот викенд на програмата се мечевите од 20.коло во ПМФЛ, и тоа во недела од 14 часот. Сепак дербито на ова коло во кое се среќаваат Струга ТЛ и Вардар е закажано за во сабота од 14 часот. Ова доаѓа откако и двата клуба најдоа заеднички јазик ако се знае дека во среда се играат средбите од 1/4 финалето во Купот на Македонија. Тогаш Вардар го дочекува Силекс а Струга ТЛ му е домаќин на Гостивар. Преостанатите средби од оваа фаза во Купот ...

Екипата на Вардар се избори за многу важна победа и славеше на гостувањето кај шампионот Струга Трим Љум со конечни 0-2 (0-0) во натпреварот од дваесеттото коло во Првата македонска лига. Вардар тргна поконкретно во натпреварот и диктираше темпо, иако на клупата за резерви на стартот останаа Мато кој беше прва опција во нападот на претходната средба, како и Дианеси кој беше стандарден во есенскиот дел. Имаше иницијатива тимот на Седлоски, прво ...

После поразот во првото пролетно коло во Првата македонска фудбалска лига, пред најтрофејниот македонски клуб Вардар кој во моментов е последнопласиран тим, стои уште еден сериозен предизвик. Вардарци гостуваат во Струга, кај актуелниот првак Струга ТЛ, кој исто така сака да дојде до првата победа во пролетниот дел, со оглед дека стартуваа со пораз од Гостивар во оваа 2025 година. Струга ТЛ несомнено е фаворит со оглед на квалитетот, позицијата ...

На стартот на 20. коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра натпревар меѓу актуелниот шампион и „фенерџијата“ во лигата. На „Градскиот стадион“ во Струга истоимениот клуб ќе го дочека најтрофејниот Вардар кој моментално ја зазема последната позиција во лигата. Дуелот на двата тима кои претрпеа стартни пролетни порази ќе биде единствен во саботниот термин, а во него стружани важат за голем фаворит. Сепак, како што и самите тие ...

Денеска со дуелот меѓу Струга ТЛ и Вардар од 14 часот се “отвора“ 20.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Останатите пет средби се закажани за утре, исто од 14 часот. Повеќе од јасно е дека ова е значаен меч и за двете екипи. Имено во првото пролетно коло и двете беа поразени иако одиграа добри натпревари. Вардар немаше среќа со Шкендија, а Струга ТЛ прими гол во 90+6.минута од пенал од Гостивар за пораз од 1:0. Токму затоа велиме дека оваа ...