Еден од најпрепознатливите регионални бендови на урбаната музичка сцена, С.А.Р.С (Sveže amputirana ruka Satrijanija), ќе настапи во сабота, 22. ноември во „Паблик рум“ во Скопје. Со повеќе од петнаесет години активна кариера, голем број хитови како „Lutka“, „Perspektiva“, „Buđav lebac“, „Ti, ti, ti“, „To rade“ и „Rakija“, како и публика што ги следи низ целиот регион, С.А.Р.С остануваат бенд кој на сцената спојува емоција, хумор и социјална ...

Kонцептот на годинашниот МОТ е полн погодок и самата максима да ги погледнеме делата на нашите автори во странство многу ми се допаѓа. Многу важно е да се создаде конекција понеѓу театрите каде што работат македонските театарџии и Македонија, бидејќи со тоа се развиваат односите и се зацврстуваат врските онаму каде што се шири македонската култура надвор од нејзините граници. Kолку повеќе ги работам текстовите на Славомир Мрожек сфаќам дека она ...

Го одбележуваме Светскиот ден на детето со промоција на едицијата „Големи зборови за мали уши“ Објавена во: 20 Ноември, 2025 10:56 Едицијата „Големи зборови за мали уши“, на издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе биде промовирана вечерва, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Со овој настан се одбележува Светскиот ден на детето (20 ноември). Промотор на едицијата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а пред ...

Зарина Првасевда, со својот величествен, небесен глас ќе одржи предновогодишен концерт на 20 декември 2025 година, во Македонската филхармонија. На концертот Зарина Првасевда ќе го претстави својот проект насловен „КАДИФЕНО“, а за дополнителната магија на вечерта ќе се погрижат врвни музичари. За прв пат во Скопје пристигнува еден од најголемите мајстори на фретлес-гитарата, турскиот виртуоз Џенк Ердоган, како и перкусионистот и ...

Рап групата „Пука козметика“ прославува 30 години на сцената со концерт на 13 декември во Младински културен центар од 19:30 часот. „Во киното Фросина ќе се раскажува приказната на групата од своите почетоци до денес. Во лобито потоа ќе има промоција на винил изданието ’30 години Пука козметика’ и коктел за присутните, за вечерта кон 22 часот во Денсинг салата да продолжи музичкиот дел со концерт на ‘Пука козметика’ и другарите“, велат од ...

И праисториските неандерталци веројатно се бакнувале на романтичен начин, според ново истражување. Имено, првиот бакнеж се случил пред најмалку 20 милиони години, објави „Гардијан“. Новите откритија говорат дури и дека можеби тој вид луѓе разменувале бакнежи и со раните современи луѓе. Не е првпат научниците да претпоставуваат дека неандерталците и раните луѓе имале и „поблиски“ средби. И претходните истражувања покажаа дека двата вида ги ...

Слабостите во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати и се повторуваат, заклучува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Конечниот ревизорски извештај за работата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија за 2024 година, што денеска го објави на својата веб-страница. -Склучените договори за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм како и за фестивали бележат тренд на ...

На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе биде одбележан 22. Светски ден на филозофијата, во организација на Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија. Овој ден, востановен од УНЕСКО, традиционално се слави на третиот четврток во ноември низ целиот свет. Централниот дел од програмата е симпозиумот на тема „Филозофијата во образованието“, кој ќе се одржи во две сесии, а ќе учествуваат девет истакнати филозофи и ...

Автопортретот на мексиканската уметница Фрида Кало од 1940 година, „El sueño (La cama)“ (Сон (Кревет)), ќе биде понуден на наддавање во американската аукциска куќа „Сотби’с“ во Њујорк со првично проценета вредност од 40 – 60 милиони долари (35 – 52 милиони евра). . Тоа може да го сруши рекордот за најскапо дело од жена-уметник продадено на аукција, според познавачите. Сегашниот рекорд го држи сликата „Џимсон Вид / Бел цвет бр. 1“ на Џорџија ...

Денес во Култ културен центар ќе биде отворена изложба на младата српска уметница Теодора Нешковиќ. Изложбата е плод на соработката на Култ културен центар од Охрид и независниот кустоски проект Круг од Белград. Теодора Нешковиќ е една од најталентираните и најперспективните сликари во Србија. Веќе има позади себе повеќе групни и самостојни изложби, а после Охрид ќе изложува во Брно, Чешка. Отворањето на изложбата ќе биде збогатено и со ...

Филмот за едно неочекувано пријателство меѓу човек и птица, една визуелно маестрална приказна за надеж и исцелување – и три престижни номинации од International Documentary Association (IDA). „Приказната за Силјан“, документарец кој веќе се нарекува визуелна поезија на големото платно, официјално е номиниран за Најдобар документарен филм (Best Feature Documentary) и уште две големи награди на IDA, претставувајќи се како едно од најсилните ...

Синоќа, на големата сцена во Националниот театар (Nemzeti Színház) во Будимпешта, Македонскиот народен театар ја одигра наградуваната претстава „Ничија земја“. Со неколкуминутен громогласен аплауз, публиката ги награди македонските актери, кои страсно и во еден здив ја одиграа претставата. Директорот на МНТ Никола Кимовски потпиша Договор за соработка со Атила Видњански, директорот на Националниот театар во Будимпешта. Гостувањето на „Ничија ...

„Куќата на границата“ на Регионалниот театар од Нови Пазар е на репертоарот на вториот ден (20.11.2025) на МОТ, дело на Славомир Мрожек, во режија на нашиот Андреј Цветановски. „Куќа на граница е приказна која зборува за една фамилија која сака само да живее мирно, и одеднаш во нејзиниот дом се појавуваат дипломати кои сакаат да нацртаат граница која поминува насред куќата. Звучи познато нели? Оваа фамилијарна драма зборува за одземање сé што ...

Скопје, 19 ноември 2025 (МИА) - Деновиве излезе од печат најновото дело на писателот Милован Стефановски со наслов „Тишина што сака да викне“. Стефановски е автор на триесет и четири досега објавени книги од кои шест се романи, осум стихозбирки и неколку книги избори, препеви и есеи. За своето творештво е добитник на највисоките книжевни награди и признанија во земјата, меѓу кои и на државната награда „Свети Климент Охридски“. За најновата ...

Македонскиот народен театар ја одигра наградуваната претстава „Ничија земја“. Со неколкуминутен громогласен аплауз, публиката ги награди македонските актери, кои страсно и во еден здив ја одиграа претставата. Директорот на МНТ Никола Кимовски потпиша Договор за соработка со Атила Видњански, директорот на Националниот театар во Будимпешта. Гостувањето на „Ничија земја“ е првиот резултат од оваа соработка и е значаен исчекор во продлабочувањето на ...

Концертот ќе ги обедини делата на Купрен, Хендл, Марчело/Бах и Силоти, a во центарот на програмата се дуетите на Бах од мисите и кантатите (BWV 232, 236, 124, 91) – пример за суптилен контрапункт и дијалог меѓу два вокални гласа. Вечерта продолжува со избор од современата македонска продукција: композиции на Димитрије Бужаровски, Горан Начевски и Томислав Зографски, чија „Суита за пијано“, оп. 27 го заокружува програмскиот лак од барокната ...

Овој проект, инициран од Полскиот институт во Софија и поддржан од културните центри на ЕУНИК, странските амбасади, Општина Софија и националните медиуми, ги спојува европските литературни традиции во едно живо ткаење. И таму, меѓу сите тие гласови, Македонија стои исправена, препознаена, чуена, со својот јазик како штит, како дар, како белег на постоењето. „Годинава нашата земја на предлог на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ...

Владимир Петровски – Картер е роден на 20 ноември 1962 година во Скопје. Тој е еден од најзначајните македонски музичари, основач на легендарните бендови Сарацени, Бадмингтонс, Александар Македонски и Опструкција, човек кој ја обликуваше македонската рок и панк сцена. Картер ја почнува својата кариера како гитарист во Фол Јазик, првиот панк бенд во Македонија, а во 1981 година основа свој панк бенд, Сарацени, кој стана препознатлив по хитот „Не ...

Реставрацијата на вековна дотраена населба во Каиро се спроведува со демонтирање на куќите и нивна обнова со материјали од старите градби, велат реставраторите. Населбата Дарб ал-Лабана се наоѓа на падина веднаш под повеќе од осум века старата тврдина на Каиро, истакната знаменитост изградена од муслиманскиот генерал Саладин, и се граничи со задниот дел од историски болнички комплекс. Тесните улици и сокаци ги следеа истите патеки како на ...

Едно неочекувано пријателство меѓу човек и птица, една визуелно маестрална приказна за надеж и исцелување – и три престижни номинации од International Documentary Association (IDA). „Приказната за Силјан“, документарец кој веќе се нарекува визуелна поезија на големото платно, официјално е номиниран за Најдобар документарен филм (Best Feature Documentary) и уште две големи награди на IDA, претставувајќи се како едно од најсилните остварувања на ...

Во животот, промените се неизбежни – тие нè обликуваат, нè предизвикуваат и нè водат кон нови верзии од себе. „Се менувам. Природно е.“ е видео рубрика поддржана од Rosa, посветена на истражување на личните и животните трансформации што нè прават посилни, поискрени и посвесни. Во петтата епизода ни гостуваат Дадо и Едит Тапшанови, двојка која низ својата професионална и приватна приказна покажува како изгледа кога промената не само што ја ...

Со својот маркантен изглед и поглед, нашиот најнаградуван актер во театарот и на филмот, Никола Ристановски, раскажува што значат секунда храброст, минута љубов и еден час надеж во кампања за швајцарски бренд на машки рачен часовник. Секој маж заслужува часовник со кој ќе се гордее. Дури и Ристановски. Никола Ристановски со уште една награда во Белград – за улогата во „Уна“ во режија на Пројковски Актерот кој приватно не се експонира, ама ...

Безвременско музичко патување под светлосната магија на свеќите ќе донесе „Охридско лето“ на 29 ноември во Македонската филхармонија преку концертот на Камерниот оркестар „Профундис“ и солистот на виолончело Петар Пејчиќ кои ќе настапат под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Националната установа успешно ќе ја заокружи годинава со уште еден пост-фестивалски концерт на 20 декември во Центарот за култура во Охрид со меѓународно етаблираните ...

„The Game Awards“ ги соопшти номинираните за „Игра за 2025 година“ и, иако имаше некои очекувани наслови, сепак ова е голема година за инди игрите. „Clair Obscur: Expedition 33“, „Hades 2“ и „Hollow Knight: Silksong“ сите влегоа во трка за главната награда, која ќе биде соопштена на церемонијата на 11 декември во Лос Анџелес. На трите како номинирани им се приклучија и „Death Stranding 2: On the Beach“, „Donkey Kong Bananza“ и „Kingdom Come ...

Објавен е нов роман од познатата авторка Лидија Димковска со наслов „Тринаесеттиот“ и поднаслов „Современа бајка за мали и големи“. Ова е прв роман на авторката од овој жанр. Писателката Билјана Црвенковска, која беше една од првите читатели на романот, за „Тринаесеттиот“ изјави: – Роман кој ќе ве изненади во секој поглед! И не само затоа што претставува неочекувано и длабоко нурнување на авторката во литературата за млади, туку и поради ...

Тенденција од неколку години наназад, со која тонеме финансиски, а тоа се одразува и на програмата. Вака од Младинскиот културен центар ја објаснуваат состојбата во која се наоѓаат, што се одрази и врз 50. јубилејно издание на фестивалот Млад Отворен Театар. Во неговата официјалната програма за прв пат нема странски претстави, туку само 8 кои доаѓаат од регионот и еден перформанс. Преку нив ќе ги видиме креациите на македонските режисери и ...

Во своите рецензентски осврти, низа истакнати критичари и проследувачи на македонската поезија и книжевност едногласно ќе ја оценат поетската книга „Ништоцвет!“ како врвно достигнување во поновата македонска поезија. Подвлекувајќи го фактот дека „Ништоцвет!“ е антологиско дело на поновата македонска поезија, Венко Андоновски ќе ја окарактеризира најновата поетска книга на Клетников како „симфонија испреплетена од мрачна и светла музика, од ...

Тања Царовска и НУ Камерен оркестар Битола подготвуваат извонредно музичко патување околу светот - софистицирана фузија на традиционални песни од различни култури и континенти. Со меѓународна кариера во светот на филмската музика што се протега речиси три децении, гласот на Царовска е препознатлив дел од бројни филмски, театарски и танцови продукции. Таа изведува музика на широк спектар на јазици и стилови — од арапски и грчки до ирански, ...

Белградскиот бенд САРС (S.A.R.S, Sveže amputirana ruka Satrijanija) повеќе од 15 години важи за едно од клучните имиња на урбаната музичка сцена на Балканот. Препознатливи се по својот уникатен спој на поп, рок, хип-хоп, реге и балкански ритмови, кој го придружуваат искрени текстови со хумор, емотивност и суптилна, но ударна социјална критика. Нивните песни не се само хитови, тие се жесток одраз на секојдневието, на проблемите и радостите на ...

„Додека смртта не нѐ раздели“ ‒ Кога симболот на љубовта и надежта станува симбол на отпорот Со уметнички перформанс одржан во Чифте амам на 17 ноември, Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство ја започна кампањата „Додека смртта не нè раздели“, насочена кон спречување на фемицидот ‒ едно од најактуелните општествени прашања, не само во Македонија, туку и во целиот регион. Кампањата беше поддржана од познатата ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1022
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
79%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
4.12
83%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
6.91
97%
1029
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1017
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1019
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
100%
1019
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
12.35
79%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
86%
1030
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
94%
1022
Currency

61.545

Currency

52.1668

Currency

70.5371

Currency

35.0381

Currency

38.2156

Currency

66.2688

Currency

7.43314

Currency

0.66136

Currency

0.3354

Currency

0.52426

Currency

1.21929

Currency

0.58206

Платина

73500.79

Рутениум

29192.88

Сребро

2314.89

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Цинк

3.09

Бакар

11.33

Родиум

263636.12

Калај

43.79

Паладиум

59028.77

Злато

144308.60

Иридиум

145787.60