Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Претставата „На отворено море“ во изведба на НУ. Народен Театар Битола, во режија на Благој Мицевски, синоќа ја воодушеви публиката на фестивалот Direction East во Бјалисток, Полска. „ Беше брилијантно, апсурдно и актуелно во исто време“, истакнуваат од фестивалот. Меѓу бројната публика беше и македонскиот амбасадор во Полска, Јасмин Ќахил. Претставата е направена по делото на Славомир Мрожек, а во истата играат: Марјан Георгиевски, Никола ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 301, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (4-5.10.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со филмскиот режисер Георги М. Унковски: Успехот на „Диџеј Ахмет“ ги надмина сите очекувања кои ги имавме – разговор со Дарко Јовчевски од „Котур“ за фестивалот на филм и музика „Ѕирни“: Јавните површини ни припаѓаат на ...
Филмот на Георги М. Унковски, „Диџеј Ахмет“ кој на светската премиера во јануари на престижниот фестивал на независен филм „Санденс“ во Јута, САД, освои две награди, учествуваше на повеќе од 30 фестивали, и го затвори годинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки“ , сега ги полни салите на „Синеплекс“ во Скопје и во Битола со убава публика. Филмот кој годинава не успеа во трката за македонски претставник на Оскарите во март ( „изгуби“ од ...
Претставата „Медеја“ според Еврипид, во режија на Деклан Донелан, а продукција на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, го освои Гран прито на 19. „Скупифестивал“, што заврши синоќа во Албанскиот театар. Освен најглавната награда, жирито одлучи да ја додели и наградата „Љуран Ахмети“ за претставата „Половина – животот на Марија Кири“ на театарот „Метропол“ од Тирана, Албанија, а со специјална охрабрувачка награда посвети на театарот „Хера“ од ...
„Диџеј Ахмет“, дебито на Геoрги М. Унковски, е филм за љубовта, пркосот, исцелувањето и растењето. И најважно, тоа е филм што се бави со луѓе, а не со пораки. Затоа е меѓу, малкуте, најдобри дебија последниве 15 години во македонската кинематографија. Приказната, на турски јазик, е за тинејџерот овчар Ахмет (Ариф Јакуп) од патријархалната јуручка заедница во село во Радовишко и неговото семејство скршено по семејната трагедија – татко му (Аксел ...
Автор на книгата е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустрациите ги изработи уметницата Викторија Попоска. Промотори на книгата ќе бидат отец Александар Димоски, отец Александар Крстаноски и новинарот Горан Величковски. Според уредникот на книгата, отец Александар Димоски, мотивацијата за создавање на ова дело произлегла од потребата содржините од духовното и културното наследство да станат разбирливи, блиски и инспиративни за децата. „Можеби не ...
Во пресрет на промоцијата на книгата „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски (9 октомври, 20 часот во „Јавна соба“) го објавуваме предговорот Пишува: Гоце Дртковски Умберто Еко вели: Напишав роман затоа што добив желба да го напишам. Мислам дека тоа е доволна причина човек да почне да раскажува. Би го парафразирал мотивот на Горан Стефановски кој го сретнав во едно негово рано интервју, каде што тој искрено зборува дека пишува за да ги помири ...
Повеќе од 14.000 тркачи од над 58 земји го исполнија Скопје со спортска енергија, позитивна утринска атмосфера и безброј насмевки. Улиците на главниот град пулсираа со ритамот на најмасовната спортска манифестација во Македонија – Виз Ер Скопски маратон, кој оваа година го одржа своето 21 издание. Препорачано Трките традиционално започнаа во 08:00 часот од центарот на Скопје, а завршницата на сите дисциплини беше на плоштадот „Македонија“. ...
Крива Паланка, 4 октомври 2025 (МИА) - Народната мудрост, топлината на говорот и духот на кривопаланечкиот крај, оживени во страниците на новата книга „Тантелина“, од авторката Мора Ѓоргиевска, вечерва беа претставени пред јавноста на промоцијата што се одржа во фоајето на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, како дел одиздавачката дејност на установата во рамки на годишната програма за работа за 2025 година, поддржана од ...
ЧУ-ДЕС-НА-ТА Да речам што? Речи го најтажното. *** Што ќе ти е песната небесната? Да ме погали и утеши Сама, од себе да ме спаси. Ете зошто ми е песната Чу-дес-на-та. Пред една година (2024) на шести октомври стивна поетската реч на великиот наш трубадур Михаил Ренџов. Сега осамениот одек на клепалото на Св. Пантелејмон во Горно Нерези, е тивкиот говорник на неговата поезија. А тој таму на небесата им ја пренесува на „ѕвездите кои говорат ...
Романи од турскиот книжевен мајстор Ахмет Умит, што мора да ги прочитате оваа есен Мајсторот на детективските романи од Турција, Ахмет Умит, воодушевува со леснотијата со која ги раскажува приказните - поради својот брилијантен ум и начинот на кој ја „замрсува“, а потоа и отплеткува приказната, го нарекуваат и турскиот Агата Кристи. Кои негови романи треба да ги прочитате оваа есен? Ахмет Умит (65) е еден од најпознатите турски автори на ...
Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Марко Угарковиќ, насловена „Сенки / Светло / Сцена“. -Изложбата претставува авторско истражување на односот меѓу светлината и темнината, сцената и зад кулисите, видливото и скриеното. Делата носат силна емотивна порака и го покануваат гледачот да стане дел од играта на сенките и светлината, наведува авторот на изложбата која е поддржана од ...
Вечерва од 20:00 часот на програмата на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола ДУО ДВЕ Пијана, Италија. ИЛАРИА КОНСТАНТИНО / Ilaria Constantino МАРТИНА ЏОРДАНИ / Martina Giordani Концертот ќе се оджи во салата на Државното музичко училиште во Битола. ПРОГРАМА В.А. Моцарт: Соната К. 448 (1756-1791) – Allegro con spirito – – Andante – Molto Allegro Шаминаде: 2 Пиеси оп. 36 (1857 – 1954) – Intermede – Pas de Cymbales Г. ...
Во вторник (7-ми октомври) во малата сала на НУ Завод и музеј – Битола ќе се реализира проектот „За историските објекти, заштитени со закон, од османлискиот период“ која се состои од изложба и видео проекција. Во проектот учество зедоа Љупчо Стојановски професор по историја и Орхан Демири, имам во Исхак Челеби џамија и професор по исламски науки. Покрај нив работеа повеќе лица како сниматели, видео монтажери и фотографи. Проектот е реализиран со ...
Утре со почеток од 12:00 часот, пред платото на Дом на АРМ ќе се одржи бесплатен концерт на најперспективниот алтернативен македонски бенд – Луфтанза. Бендот е формиран во текот на карантинот во 2020 година како плод на долго пријателство и заедничко музичко создавање. Нивниот стил се карактеризира како свеж, енергичен рокенрол со искрен, бунтовен дух и допадлив ентузијазам. Членови на бендот се Лука Јованоски, Мартин Џорлев, Иво Николовски, ...
В недела, на 5 октомври, во 12 часот, пред платото на Дом на АРМ во Скопје ќе се одржи бесплатен концерт на најперспективниот алтернативен македонски бенд – Луфтанза. Бендот е формиран во текот на карантинот во 2020 година како плод на долго пријателство и заедничко музичко создавање. Нивниот стил се карактеризира како свеж, енергичен рокенрол со искрен, бунтовен дух и допадлив ентузијазам. Членови на бендот се Лука Јованоски, Мартин Џорлев, Иво ...
На 6 октомври, понеделник, во 19 часот, во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Падот на ангелите” од уметникот Никола Пијанманов. Изложбата е поддржана од Министетството за култура и туризам. Уметноста не како последен бастион на креативноста и слободата на духот, туку како веќе единствена рефлексивна длабочина во која можеме бескомпромисно да си ги огледаме стврднатите души и ...
Ретроспективна изложба на фотографии од Александар Кондев Изложбен салон Империјал 1 и 2 7 октомври 2025, 20 часот Александар Кондев, Македонски фотограф,роден во Скопје 1950 г.Основно и средно образовани го стекнува во Скопје и студира на Економскиот факултет. Интересот за фотографијата и фото техниката се појавува уште во раните школски денови,учествува на натпреварите и конкурсите организирани од Фото кино сојузот на Македонија и Народна ...
Отворена изложбата на KONNTRA како пре-отворање на БИМАС XXII 04.10.2025 • Изложби „KONNTRA е резултат на пријателство и вера во нешто што изгледа недостижно. Потекнувајќи од земји со различни култури на поранешна Југославија, ја користиме секоја можност за создавање нови врски. Стремиме да предизвикаме емоции и да дефинираме нов вид поетика на просторот. Создаваме архитектура која не познава граници. Архитектура која си дозволува — и им ...
Со претставата „Половина – Животот на Марија Кири“ од авторот Лаурен Гундерсон во изведба на театар Метропол од Тирана вечерва во Скопје завршува МТФ „Скупифестивал 2025“. Режисер на претставата е Армела Демај, а улогите ги толкуваат Уљка Мујо и Армела Демај. Како што најавуваат организаторите, по нејзиното завршување се очекува жирито на 19-тата едиција на МТФ „Скупифестивал“ во состав Замира Кита, Сребра Ѓорѓијевска и актерот Адриан Азири, да ...
Меѓународниот фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ оваа година го одбележува своето 11-то издание. Фестивалот ќе се одржи на 6 и 7 октомври 2025 година во Кинотеката на Македонија, со почеток во 19 часот. Дводневната програма ќе понуди внимателно одбрани филмови од домашни и странски автори кои преку визуелна антропологија го истражуваат културниот, социјалниот и политичкиот контекст на постоењето. Публиката ќе има можност да проследи ...
Филмот On the Way на турскиот режисер Самир Карахода ја доби наградата за најдобар филм во официјалната селекција на Фестивалот на филм и музика „Sирни“, што заврши синоќа. За наградата одлучи жирито во состав: Кристина Леловац, актерка; Трифун Ситниковски, режисер; и Дина Дума, режисерка. – Веруваме дека прашањата за миграцијата се меѓу најгорливите теми на нашето време, а Самир им пристапува со извонредна суптилност и нежност. Инспириран од ...
Ви ја претставуваме третата епизода од видеокаст серијалот „Балкански Перспективи“, правени во соработка меѓу Pro Peace и Радио МОФ. Во епизодата „Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?“ Максим Никифоровски, Ивана Драгшиќ и Ханис Багашов разговараат за улогата на филмот и музиката во постконфликтното општество во Македонија. Дали уметноста и нејзиниот универзален јазик успева да ги надмине етничките поделби денес и да се обрати ...
Во кафе книжарницата „Буква“ денеска (сабота, 4 октомври) ќе има целодневен настан „Play it loud“ со работилници и потоа музика, организирани во соработка со „JM Macedonia“, „Imagine“ и колективот „Гола планина“. „Придружете ни се на вториот ‘Play it Loud!’ настан годинава, кој воедно ќе биде и загревање за натпреварот за млади бендови и музичари ‘Imagine’ кој ќе се случува на 10ти во денсинг салата на МКЦ во Скопје како дел од фестивалот ...
Во Подгорица, во рамки на Неделата на гордоста, беше објавен изборот за регионалната книжевна награда „Штефица Цвек“ за 2025 година. Меѓу седумте номинирани дела се најдоа и две македонски авторки – Билјана С. Црвенковска со романот „Приказни од Ѕунливото море“ (ИД-Концепт / Чудна шума, 2024) и Румена Бужаровска со книгата „Тони“ (ТРИ, 2024). Нивната номинација претставува значајно признание за современата македонска литература и нејзината ...
„Среќен сум што дојдов на ова топло место, да настапам со овој прекрасен оркестар“, рече Курт Розенвинкел, еден од највлијателните современи џез-гитаристи кој неделава им приреди големо задоволство на љубителите на џез-музиката во Македонија. И уште еднаш потврди дека имаме врвен Биг бенд за светските сцени. Курт Розенвинкел Концертот го организираше Националниот џез оркестар. Публиката веќе се навикна на беспрекорната прецизност со која ...
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува во Полска каде вечер во градот Бјалисток ќе ја изведе претставата „На отворено море“ од Славомир Мрожек во режија на Благој Мицевски. Во претставата настапуваат актерите Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски. Текстот на Мрожек „На отворено море“ датира од 1961 година, но претставата „зборува“ и денес и отворено го поставува прашањето за тоа каде е ...
Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ вечер во 18:30 часот беспатен концерт ќе одржи Естонскиот камерен хор „Калев“. Основан во 1998 година, овој хор, составен од триесетмина вокалисти, низ годините учествувал на бројни меѓународни фестивали за хорска музика, освојувајќи повеќе награди и признанија. Хорот е познат по својот богат и разновиден репертоар, со посебен акцент на делата на естонски композитори. Меѓу нив се издвојуваат: Арво Парт ...
Тетово, 3 октомври 2025 (МИА) - Националната библиотека „Кочо Рацин од Тетово денес организираше промоција на книга, роман со наслов „Вкусот на задоволството“ од авторката Ива Стојческа. Ова е втор роман на младата авторка, како продолжение на првиот „Вкусот на стравот“. -Мотивот за да ги напишам овие книги беше тоа како се обработуваат детските трауми и како тие влијаат понатаму врз човечкиот живот, поточно дека треба да се побара помош доколку ...
Скопје, 3 октомври 2025 (МИА) - Излезе од печат научнофантастичната новела „Денот кога се сетивме да плачеме“ од Магдалена Стојмановиќ - Константинов. Рецензенти на книгата се проф. д-р Анис Сефиданис и Бранко Прља. Како што велат од Мој збор, „Денот кога се сетивме да плачеме“, претставува тематско, но не и хронолошко продолжение на успешната збирка раскази „Денот кога заборавивме да плачеме“. -Новелата е структурално поделена во два паралелни ...