Во Националната галерија Чифте амам, на 31 март, традиционално ќе се одбележи Меѓународниот ден на лицата со аутистичен спектар на нарушување. По тој повод, во 11:00 часот ќе биде отворена изложба на графики во техника монотипија изработени на работилниците одржани месецов. – Ликовната уметност е важна за развојот на децата, ги развива имагинацијата и способноста за креативно размислување. Од најрана возраст учат да комуницираат преку бои и ...

Уметницата Тања Балаќ со својот нов проект „Телото што ја памети тишината“ на 31 март, од 20:00 часот, ќе се претстави во Музејот на современа уметност – Скопје. Изложбата е структурирана како просторно и визуелно искуство што се одвива во две целини: инсталација во изложбениот простор и видео проекција во кино салата. Преку минимални, но внимателно артикулирани елементи – светлина, боја и движење авторката создава амбиент што повикува на ...

На 3 април 2026 година (петок), со почеток во 20 часот, во салонот при Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Дијалог во празнини“ на уметниците Стефан Божиновски и Кристина Таневска. Станува збор за истражувачко-уметнички проект кој ја преиспитува комуникацијата надвор од зборот, фокусирајќи се на тишината, празнината и неизговореното како суштински делови од човечкото искуство. Авторите го ...

30/03/2026 12:58 - Трн - +1

На 04 април во 20:00 часот во Џебно Кино – МКЦ, ќе одржат концерт Maiah Ttakun, како дел од нивната Балканска концертна промоција на неодамна излезениот албум “Ehortzi ezazue ene bihotza / Erre ezazue ene gorpua”. Нивната музика е импресивно drone/blues аудио искуство што ги спојува звукот, емоцијата и просторот за прв пат во Скопје. Организаторите најавуваат вечер за длабоко слушање и целосно препуштање. Share this: На 04 април во 20:00 ...

Агенцијата за филм промовираше проект за доближување на домашната кинематографија до публиката под мотото „Македонски филм. На големо платно“. Проектот се реализира во соработка со Синеплекс и предвидува бесплатни проекции на македонски филмови секој понеделник од 18 часот. Влезот ќе биде бесплатен по принципот „прв дојден, прв услужен“, без претходна резервација на билети. Програмата започнува на 6 април со „Панкот не е мртов“ во режија на ...

Фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури по 33. пат ќе се одржи на 26 и 27 август на сцената на Долни Сарај во Охрид. „И оваа година акцентот е ставен на младите пејачи на двете фестивалски вечери, фолк вечер на 26 август и интернационална поп вечер на 27 август. Токму оваа комбинација на традиција и модерност е она што го прави фестивалот уникатен“, велат од Охрид фест. Фото: Дадо Топиќ на ланското издание на фестивалот Фестивалот Охрид ...

На 31 март 2026 година, во 11 часот, во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Антологија на античката лирика“ во издание на „Чудна шума“. „Антологија на античката лирика“ претставува обемен избор од песни кои се создадени во Античка Хелада и Рим, препеани од старогрчки и латински од Елена Колева, Љубинка Басотова, Даниела Тошева, Војислав Саракински, Валериј Софрониевски, Светлана ...

По повод 50 години од основањето, Кинотека на Македонија ја отвори архивата на македонските филмови за публиката. Априлската програма на Кинотека на Македонија претставува внимателно куриран филмски мозаик во кој се преклопуваат историската меморија, авторската естетика и современите општествени дилеми. Овој репертоар не функционира само како календар на проекции, туку како концептуална мапа што го исцртува континуитетот и трансформацијата на ...

Книжевниот клуб Утопија овој четврток ќе биде домаќин на еден од најзначајните современи македонски писатели, Венко Андоновски, на книжевна вечер посветена на неговото творештво и на најновата книга „Александар јава на запад“. Настанот, најавен како отворен и со бесплатен влез, предизвика исклучително голем интерес кај публиката. Капацитетот беше исполнет веднаш по објавата, по што резервациите беа затворени. Овој одѕив јасно покажува дека ...

Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, минатата година театарот го одбележа својот 80-годишен јубилеј, а годинава со меѓународни гостувања продолжува со одбележувањето на 81-та година. Роденденот на МНТ минатата година беше одбележан со македонскиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ во режија на Дејан Пројковски, каде беше истакната важноста на ансамблот на МНТ и ...

На 28 март, модниот бренд Elena Luka беше домаќин на Салонот на кинеската култура – ексклузивен настан реализиран во ко-организација со Амбасада на Народна Република Кина во Македонија, кој донесе уникатна фузија на мода, традиција и современ израз. Во интимна и префинета атмосфера, со околу 50 внимателно одбрани гости – љубители на високата мода и културното наследство – попладнето помина во духот на инспирацијата, естетиката и ...

Велес, 28 март 2026 (МИА) – На големата сцена на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечер по вторпат, поради големиот интерес на публиката, ќе биде одиграна претставата „Тестостерон“, веднаш по синоќешната премиера што се одржа во рамките на отворањето Фестивалот„ 5 РЕ“. Претставата „Тестостерон“ е по текст на полскиот автор Анджеј Серемонович во режија на Синиша Ефтимов, а во неа играат актерите од велешкиот театар: Филип ...

Со проекција на филмот „Склоност кон пораз“ од Лени и Арпо Гит вечер во Кинотека почнува Неделата на франкофонски филм што ја организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во соработка со амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата. На отворањето ќе се обратат амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и амбасадорот на Белгија во Софија, Пол Ламбер. Влезот за оваа проекција е слободен. ...

Драган Гиновски – Гино е роден на 30 март 1967 година во Скопје. Тој е познат македонски музичар, најпознат како гитарист на музичката група Архaнгел и Темпера. Гиновски дипломирал на Металуршкиот факултет во 1993 година. Слободното време го поминувал во поправка на гудачки инструменти. Соработувал со Горан Трајковски, Александар Вељанов, Moons, Mooger-fooger, V.I.S. Vox. На возраст од 15 години тој ја формирал групата „Gino de Gagi“. Во 1988 ...

Нова отворена аудиција. Овојпат за главната улога во новиот краток игран филм на Лидија Мојсовска, „Сѐ што остана беше приказна“. Аудицијата е отворена за мажи на возраст меѓу 35-45 години од охридско-струшкиот регион кои немаат професионално актерско искуство. Кандидатите треба да имаат видливи карактеристики на мажи кои работат на отворено (земјоделие, градежништво, сточарство). Охрисдко-струшкиот дијалект е пожелен но не е неопходен. ...

Комисијата за култура на СДСМ изразува сериозна загриженост за состојбите во Центарот за култура и Театар Куманово, каде во изминатиот период се случуваат алармантни и недозволиви процеси кои директно го загрозуваат нормалното функционирање на институцијата, се вели во објвата на социјалните мрежи. За првпат во 45-годишното постоење на оваа културна установа, се посочува во текстот, откажан е веќе договорен настан – не поради виша сила, туку ...

Присутните во Македонската опера и балет, завчеравечер, со посебно задоволство ја проследија познатата приказна за Клара, Оревокршачот, Кралот на Глувците, снежните кралица и крал, Шеќерната Вила…, која оживеа на сцената со свежа енергија и емоции кои пленат. Со впечатлива сценографија, раскошни костими и позната празнична атмосфера, новата поставка на „Оревокршачка“, во кореографија на Саша Евтимова, беше и вистински празник за публиката ...

Во Ликовна Галерија на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, отворена е изложбата „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска. За импресивните дела на Артиновска, говореше м-р Викторија Димеска, која посочи дека уметницата за новите апстрактни дела инспирацијата ја црпи од огнот. „Острите назабени форми се извршуваат како бранови и создаваат структури што интуитивно продуцираат преку визуелна интерпретација. Трепетливите арабески ги разбудуваат ...

Групата „Парусион“ ја создаде песната „Бебе во лулка“, заедно со пејачката Катја Корен. Песната е посветена на мајките што ги изгубија своите деца во катастрофалниот пожар во Кочани. „Лулка“ е стара композиција на Парушев која по 20 години стана вокална песна на која Катја напиша текст, а ние аранжманот е на членовите на групата. – „Лулка“ е посветена на сите мајки кои изгубија деца, сите деца кои изгубија родители и на сите кои загинаа и ...

Проф.д-р Драган Даутовски, сега во пензија, истакнат етномузичар, композитор и педагог, музиколошки експерт кој мајсторски свири на повеќе од 20 народни инструменти, влезе во МАНУ, Пантеонот на Великаните. Веста е значајна за него лично, но и за музичката уметност, која по 20 години наидува на широко отворена врата кон највисоката и најзначајна институција во државата. За влезот во МАНУ, за неговиот порив како неуморен истражувач и изведувач ...

Модата не е повеќе само она што го гледаме. Таа е она што стои зад тоа. Втората вечер на 32. Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank ја помести сцената од писта кон систем, каде креативноста, економијата и културната дипломатија престануваат да бидат одвоени категории. Денот започна со UNIBank Fin Talk, под модерација на Ирина Михајлова, каде разговорот за финансиска писменост беше поставен таму каде што најмалку се очекува, во сржта на ...

Следуваат дводневни семинари со гости предавачи – професори и солисти на кларинет од Грција (Милтос Мумулидес) и од Полска (Роман Видашек, Богдан Очешак и Павер Краузович) и слушатели од земјава и соседството. Фестивалот традиционално ќе биде затворен во недела на 29-ти март со концерт на кој ќе настапат гостите од странство, a ќе се одржи во Салон 19:19. Влезот и на двата концерти ќе биде слободен за сите љубители на класичната музика и на ...

Мушереф Прекиќ Лозана е родена на 18 август 1933 година во Приштина. Таа беше македонска глумица, доајенка на Турскиот театар во Скопје. Била член на Обласниот театар во Приштина (1951-1955), а потоа (1955-1991) била член на драмата на Турски театар – Скопје. Била добитничка на многубројни награди и признанија меѓу кои: награда за најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Капларот во претставата „Кавкаски круг ...

По цели 35 години, едно од највредните музички богатства од македонската фолк ризница добива нов живот. Единствениот LP проект на легендарната Петранка Костадинова, реализиран далечната 1991 година, конечно е дигитализиран и зачуван за идните генерации. Овој музички бисер, кој со децении беше дел од архивите на Македонска радио-телевизија и Радио Скопје, сега добива нова димензија – чист звук, обновена емоција и вечна достапност. Зад целиот ...

Виолета Томовска е родена на 29 март 1945 година во Битола. Таа е позната македонска пејачка на забавна и народна музика. Виолета Томовска потекнува од музичко семејство. Основното образование го завршила во Битола, каде учествувала во сите музички секции во училиштето и свирела на мандолина, а подоцна станала и член на КУД „Илинден“ – Битола. Во 1959 година се запишала на Учителската школа во Скопје и се зачленила во КУД „Орце Николов“. Од ...

Телевизија Алфа, во ударниот термин во недела, од 29 март почнува со емитување на новата македонска играна серија „Утре наутро“ во пет епизоди на режисерот, сценарист и филмски автор Јани Бојаџи. Режисерот Јани Бојаџи има сериозно искуство во подготовката и снимањето на играни серии за прикажување на телевизија. Примерот со серијата „Бистра вода“ покажа дека телевизиската публика е желна за домашна продукција во овој формат. Оттаму се појави ...

Изложбата „Летаргија“ претставува фасцинантен визуелен настан кој ја отвора 62. издание на Рациновите средби во Велес. Овој проект нуди длабок увид во човечката природа и колективната свест, истражувајќи како нашите меѓусебни врски и општествената пасивност влијаат на секојдневното живеење. Чрез телесната меѓузависност, сликите ја прикажуваат сложеноста на заедничките чувства, но истовремено ја истакнуваат човечката ранливост и потребата за ...

Кровот на Европа или „белата планина“. Кој било прекар од двата да употребувате, нивен „сопственик“ секогаш ќе биде едниот и единствен Мон Блан, највисокиот врв на Западна Европа и на Алпите. Оваа неверојатна планина, создадена пред 15 милиони години, ја делат Франција и Италија, а ја нарекуваат и лулка на алпинизмот… И тоа е само почеток. Мон Блан го нарекуваат „белата планина“ и постојано ја менува висината Мон Блан, го делат две земји, ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 326, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (28-29.3.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со музичарот Оливер Јосифовски од групата „Љубојна“ пред нивниот јубилеен концерт во Скопје: Музички разговор со сопственото минато – разговор со филмскиот режисер Јани Бојаџи за телевизиската серија „Утре наутро“: Раскажувам ...

На магичната сцена на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, синоќа (27 март), токму на Светскиот ден на театарот, македонскиот музичар и композитор Сашко Костов се закити со престижната награда „Икар“. Наградата му беше доделена во категоријата за најдобра авторска музика, признание што Сојузот на артистите на Бугарија го доделува за исклучителни достигнувања во театарската уметност. Костов беше награден за неговиот уникатен звучен печат ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1008
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
50%
1007
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
0.51
65%
1004
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
45%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.57
68%
1008
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
73%
1005
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
6.26
53%
1004
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1007
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1007
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1008
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
2.68
49%
1006
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
77%
1005
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Злато

151086.58

Родиум

320703.70

Бакар

13.33

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

47776.01

Калај

55.66

Кобалт

45.39

Сребро

2786.34

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.61

Платина

68063.13