Трендот на патики што личат на чевли не оди никаде. Комбинирањето на елегантни горни делови со удобни, спортски ѓонови веќе целосно ја освои индустријата. Од New Balance, преку Nike и Hoka, па сè до најновиот играч на теренот – Vans Skate Loafer – сега и скејтерите добија свој хибрид. Новите Vans Skate Loafer пристигнуваат во пет стартни бои: црн велур, кафеав велур, беж велур, црна кожа и зелено-бело кожно комбо. Горниот дел е класичен loafer ...

На петтиот фестивалски ден на седмото издание на фестивалот на филм и музика SИРНИ. започнува 48 часовниот филмски предизвик, каде неколку тимови од филмски ентузијасти ќе имаат шанса да направат филм за време на 48 часа. Сите направени филмови ќе бидат проектирани и се натпреваруваат зa најдобар филм од предизвикот. Овогодишната жири комисија за предизвикот ја сочинуваат: Горјан Атанасов – монтажер, Слаѓана Вујосевиќ – актерка и Игор Христов – ...

На големата сцена “Благој Стефановски – Баге“, синоќа во Народниот театар Битола започна 34. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“. На првата фестивалска вечер по минатогодишната пауза се обрати пред љубителите на класичната музика уметничкиот директор на “Интерфест“, Милица Шперовиќ – Рибарски, која нагласи: Имам особена чест да ги поздравам сите кои сте вечерва со нас, посебно неговото Преосвештанство, Митрополит ...

Охрид, 3. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – „Вечер на класичен балет“ е насловена танцовата претстава што ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“. Настанот е кулминација на цела една година посветена работа, под водство на професионална балерина Оливера Костова, специјализирана во светски познатата Ваганова академија во Санкт Петербург. – Оваа претстава не е само уметнички израз, таа е продолжение на традицијатa на најстарата ...

Две претстави од театри од Софија вечер ќе бидат одиграни во Албанскиот театар – Скопје, соопштија денеска од „Скупифестивал“. Според програмата на Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“, од 19 часот ќе почне перформнасот „Х“ од независниот театар Јалта Арт Рум од Софија, автор и режија – Бојан Крачалов, во интерпретација на Васил Дуев – Туиг. Еден час подоцна, од 20 часот, ќе се изведе претставата „Медеа“ од Еврипид од Народен театар ...

Ниту дождот, ниту сообраќајниот хаос во Скопје, синоќа, не ја спречи синоќа публиката во Филхармонија да ужива во новата концертна сезона со концертот „Класика РеСтарт“, под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски и со врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија како солист. делата од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак. Гостите ја доживеаја класичната музика „без филтер“ (како што е насловена новата сезона), како ...

– Нема да дозволиме ниту една земја, а особено не Виктор Орбан, да ги донесува одлуките наместо нас. Мора да најдеме решение и да најдеме пат напред со Унгарија – нагласи данската премиерка Мете Фредериксен, која беше домаќинка на неформалниот самит на ЕУ во Копнехаген. Таква решителност деновиве изразија и други нејзини европски колеги. – Доколку е можно, ние го поздравуваме тоа – изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон во Стокхолм пред ...

Во рамки на Неделата на гордоста во Црна Гора, вечерва, на 3 октомври 2025 година, со почеток во 20 часот, во просторот „Сопствена соба“ (Бокешка 20) во Подгорица ќе биде објавен регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“. Во поширокиот избор годинава се најдоа 22 дела, а токму вечерва јавноста ќе дознае кои од нив влегуваат во финалната селекција. За сите што нема да можат да присуствуваат во живо, организаторите овозможија директен пренос на ...

Дискусијата ќе ја води реномирана земјоделска едукаторка од Чешка која, како што се наведува во најавата, со својата експертиза и искуство во одржливите практики ќе понуди вредни сознанија за еколошките техники во земјоделството и за други поврзани теми. Сесијата ќе биде отворена за сите учесници заинтересирани да дознаат нешто повеќе за поврзаноста на земјоделството и еколошката одржливост. Целна група се млади од 14 до 18 години, а учество ...

Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“ Маестрален настап на младата струмичанка Тина Русева ја воодушеви публиката и жирито во популарното музичко шоу „The Voice of Germany“. Русева, која заедно со своето семејство живее во Леверкузен, Германија, настапи за првпат на големата сцена и со својот моќен глас ја изведе “Do It Like A Dude” од Jessie J. Нејзиниот дебитантски настап во ова престижно натпреварување ѝ отвори пат кон ...

Моќни мисли и зборови на реномирани македонски и европски писатели можеа да се чујат на единаесетотто издание на фестивалот на европска литература „Букстар“, кој се одржуваше од 29 септември до 2 октомври. Годинашниот фестивалски слоган гласeше „За писателцките работи“, а својот корен го има во делото на Крсте Мисирков (1874 – 1926), во пресрет на јубилејот сто години од неговата смрт (2026). „За писателцките работи“ како мотив се провлекуваше ...

Frise Lumière е соло проект на Ludovic Gerst, француски уметник, музичар и композитор со адреса во Португалија. Во неговите раце басот добива нов живот, далеку од својата класична улога. Тој не е само ритмичка подлога, туку извор на исклучителен музички универзум: хармонии што дишат, пулсирачки ритми и перкусивни текстури што создаваат чувство на простор и движење. Со внимателно „прочистување“ на инструментариумот, Frise Lumière го открива ...

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, синоќа, во присуство на бројни филмски работници и љубители на филмската уметност, беа доделени наградите на јубилејното 10. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе. Филмот е копродукција на Грузија, Франција и Италија. -Исклучителна режисерска интуиција во раскажувањето приказни која се базира на клише, но далеку ги надминува границите на ...

21 дело со потпис на Салвадор Дали запленети во Италија – изложбата во Парма била измама со фалсификувани уметнички дела Во срцето на Италија беа запленети 21 наводно дело на Салвадор Дали, откако полицијата се посомнева дека станува збор за фалсификати. Изложбата „Дали, помеѓу уметност и мит“, која требаше да ја слави работата на прочуениот уметник, се претвори во голем скандал. Содржина: Полицијата забележала чуден избор на уметнички дела, ...

Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечерво 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството“. Кураторки се Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија на Р.С. Македонија и независната историчарка на уметност од Грција, Ники Папаспиру. Изложбата ќе трае до 25 октомври 2025, а учествуваат уметниците од Македонија, Грција, Србија и Кипар: Слободанка Ступар, Аница Вучетиќ, Дарија С. ...

Националната опера и балет вечер во 20 часот ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. -Едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ е последното и недовршено дело на Моцарт, создадено во последните месеци од неговиот живот и обвиено со мистерија и легенди. Делото претставува музичка исповед, исполнета со драматични контрасти – од тивките молитвени моменти до ...

Новинарката Весна Ивановска-Илиевска и Умно.мк добија благодарница од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија за „непресушниот ентузијазам и поддршката што ја добива македонскиот тим на меѓународните олимпијади по хемија“. Благодарници добија и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Базднкин, наставниците-ментори од средните училишта што ги подготвуваат олимпојците по хемија, ...

10 филмски премиери на Нетфликс што не треба да ги пропуштите оваа есен Морничав документарец за убиство во Флорида, забавна драма со Џорџ Клуни, но и адаптација на добропознатата „Франкенштајн“ од Мери Шели – што ќе гледаме оваа есен? Ако немате време да се посветите на серија, Нетфликс има сè подобра и подобра понуда на филмови. Само оваа есен ќе има десетици нови наслови, од кои голем дел се и во продукција на Нетфликс. 10 филмски ...

Нетфликс објави дека нарачал две сезони од по 6 епизоди од продолжението на хит серијата „Peaky Blinders“, од креаторот на серијата Стивен Најт. Според стриминг гигантот, приказната се одвива во Британија во 1953 година. – Откако бил силно бомбардиран во Втората светска војна, Бирмингем гради подобра иднина од бетон и челик – продолжува описот, дополнително алудирајќи дека „трката за поседување на масовниот проект за реконструкција на Бирмингем ...

На четвртиот фестивалски ден (2 октомври) на седмото издание на фестивалот на филм и музика „Sирни“ ќе бидат прогласени победниците во официјалната и студентската селекција, по што ќе следува доделувањето на наградите, а во филмската програма ќе биде прикажан документарниот филм „Бабички на револуцијата“. Препорачано Жирито кое одлучува за најдобар филм во официјалната и во студентската селекција е во состав: Кристина Леловац, актерка; Трифун ...

Јубилејното, 20-то издание на фестивалот за современи уметности „Акто“ ќе почне на 2 октомври со преднастан во форма на предавање насловено „Еколошки иднини“ на архитектот Даниел Кунерт од „Арх плус“ (ARCH+). Препорачано „Арх плус“ е водечко германско списание од областите на архитектурата и урбанизмот, основано во 1967 година во духот на еманципаторското самопросветлување, кое критички ги разгледува општествените аспирации на изградената ...

За јапонското дуо „heavenphetamine“ немав чуено премногу. Освен тоа дека два пати биле да свират во Скопје и биле „супер“ и „одлични“. Толку. Ама тоа ништо не ми значеше. Затоа сакав да ги слушнам во култниот локал „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, свирка организирана од газда Змејко со помош на Ѓорѓи Јаневски од „5060“, како финиш на нивната тура низ Балканот и Македонија. Самото име „heavenphetamine“, очигледна споенка од „рај“ и ...

Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска влезе во официјалната селекција на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио, што ќе се одржи од 27 октомври до 5 ноември. За македонската кинематографија ова претставува значаен успех и продолжување на традицијата на присуство на еден од најреномираните филмски фестивали во светот. Во последните години македонските филмови добија значајна видливост на TIFF: „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир ...

Претставата „Дон Жуан“ на бугарскиот режисер Васил Василев, во продукција на Народно позориште од Ниш, Србија ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Албанскиот театар во Скопје. Гостувањето е во рамките на Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“. Премиерата беше во јануари годинава. Главната улога во претставата ја игра Дејан Лилиќ, првенец во Драмскиот театар во Скопје. Играат и: Драгиша Вељковиќ, Маја Вукојевиќ Цветковиќ, ...

„Во моментов го разгледувам делот Литература од учебникот за прва година што го избраа. Само од првите 20 страници имам напишано повеќе од 5 страници забелешки“, вели во коментар на една од социјалните мрежи проф. д-р Трајче Стамески од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. По повод учебникот Македонски јазик и литература за прва година средно гимназиско образование, на социјалните мрежи се обрати и професорката Елка Јачева-Улчар од Институт за ...

Во Музејот галерија Кавадарци, на 3 октомври, во 20:00 часот ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот уметник Трајче Чатмов. – Трајче Чатмов (Скопје, 1971 г.) е еден од водечките современи македонски сликари. Неговиот ликовен опус последниве две-три години ( 2023-2025) импресионира со бројноста и со квалитетот на насликаните и изложени дела, што покажува дека тој е плоден автор, кој се движи кон самиот врв на своето творештво и ...

Разговор со светски познатиот турски писател Ахмет Умит, мајстор на модерниот криминалистички роман, се одржа синоќа во рамки на фестивалот на европска литература „Букстар“ во Салон 19.19 во Културно-информативниот центар. Ахмет Умит (1960) е еден од најпознатите турски автори на детективскиот роман. Неговиот прв роман „Магла и ноќ“ (1996) се смета за ремек-дело на детективската книжевност. Умит е автор и на графички романи со инспекторот ...

Секој од четирите текстови поместени во книгата „Драмолетање“ носи специфичен авторски глас и отвора простор за ново сценско истражување – од интимни прашања, преку социјални и политички теми, до хумор и апсурд. Со оваа книга не само што ја претставуваме новата генерација драмски автори, туку и поставуваме темели за идни соработки и нови претстави, рече Петар Антевски, приредувач на изданието „Драмолетање“, во продукција на Македонскиот народен ...

Филмот „Сите го викаат Реџо“, во режија на Ибер Деари, ја освои наградата за Најдобра режија на престижниот Tirana International Film Festival. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм и беше дел од натпреварувачката програма во категоријата Perspective. Жирито ја оцени режијата како најдобра со следното образложение: „Во уметноста на филмот, режисерот мајсторски ги обединува креаторите и гледачите, водејќи ансамбл актери за да создадат ...

Не постои добар филм, а режисерот да не ве воведе во приказната, без првично да ве збуни. Да се чудите зошто некое нешто е употребено и да барате врска со структурата или контекстот на филмската приказна. Така беше и сношти, на скопската премиера на долгометражното деби на Георги Унковски „ Диџеј Ахмет“, што се одржа во Cineplexx. Филмот дојде по прикажувањето на затворањето на фестивалот на филмска камера „ Браќа Манаки“ во Битола, каде веќе ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
80%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
4.63
61%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.17
95%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
91%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
84%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
77%
1012
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
100%
1010
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
94%
1019
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
85%
1016
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
100%
1019
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60009

Currency

1.26054