Доналд Трамп се огласи откако канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка. Трамп, кој на 20 јануари ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, ги повтори своите тврдења за идејата северниот сосед да стане 51-ва американска држава. - Многу луѓе во Канада ја сакаат идејата да се биде 51-та држава на САД. Соединетите Држави повеќе не можат да ги толерираат огромните трговски дефицити и субвенции кои и се потребни на Канада за да опстане. ...

Самуеле Ричи следната сезона ќе се пресели во дресот на Милан. Според инсајдерот Фабрицио Романо, „Росонерите“ постигнале конкретен напредок во потпишувањето на договорот со Ричи, кој треба да биде главната аквизиција за следната сезона. Фудбалерот на Торино е главна трансфер цел на Милан за да се засили средниот ред. Преговорите за личните услови со 23-годишниот играч одат во добра насока, и наскоро се очекуваат конкретни информации и за ...

Партијата на Кикл го зазеде првото место на парламентарните избори во септември, со 28,8 отсто од гласовите, зад конзервативната Австриска народна партија на канцеларот во заминување Карл Нехамер. Во октомври, Ван дер Белен му даде на Нехамер мандат за формирање влада, откако неговата партија објави дека нема да влезе во влада со Партијата на слободата додека ја води Кикл, а другите партии ја отфрлија можноста за соработка со екстремната ...

Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка. Тој ја напушта функцијата шеф на Либералната партија и премиер. Но, тој ќе остане на премиерската позиција додека партијата не избере ново партиско раководство. Тој ја започна прес-конференцијата велејќи дека секое утро откако се разбудил како премиер, е инспириран од издржливоста и дарежливоста на Канаѓаните. Тој вели дека откако станал премиер во 2015 година, се борел за Канада и нејзиниот ...

Илон Маск со ДЕНОВИ жестоко го напаѓа британскиот премиер Кир Стармер. Основачот на Tesla минатата недела повика на национална истрага за постапување со случаи на силување малолетници од мажи со пакистанско потекло додека Стармер беше главен обвинител. „Во Обединетото Кралство, за сериозните злосторства, како што е силувањето, потребна е потврда од Кралската обвинителска служба (ЦПС) пред полицијата да ги обвини осомничените. Кој беше на чело на ...

„САД треба да ни помогнат да ја промениме природата на ситуацијата и да ја убедат Русија да седне на преговарачка маса“, додека Европејците ќе треба да „изградат безбедносни гаранции“ за Украина, што ќе биде нивна примарна одговорност, рече Макрон за време на годишниот средба на француските амбасадори за да ги претстави главните точки од неговата надворешна политика. Макрон посочи дека Европа треба побрзо да ја зајакне својата одбранбена ...

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека актуелната влада на Република Српска, која ја предводи, ќе продолжи со напорите за постигнување на целта – отцепување на овој ентитет од Босна и Херцеговина. Додик, кој од почетокот на декември се опоравува по операцијата извршена во Белград, заради проблеми со хранопроводникот, заедно со своите адвокати тврди дека не е во состојба да учествува во продолженото судење што се води против него ...

Коалицијата ВЛЕН, во рамки на Владата, објави значително зголемување на пензиите за 5.000 денари од март 2025 година, нагласувајќи ја својата посветеност на исполнување на изборните ветувања. Коалицијата ВЛЕН објави можност за значително зголемување на пензиите за 5.000 денари, кое ќе стапи на сила од март 2025 година. Оваа одлука, овозможена со законските измени усвоени во септември 2024 година, е дел од напорите за подобрување на животниот ...

Бадниковата вечера премиерот Христијан Мицкоски ја помина кај неговите родители. „Оваа година, за Бадник кај моите родители, семејната топлина и радост беа дополнети со едно мало, но значајно изненадување – паричката од бадниковата погача падна кај мојот син Антониј! Со искрена радост и надеж дека и вас ве следи среќа во новата година, ви посакуваме убави празнични моменти, мир во срцата и многу љубов во вашите домови. Среќни празници и Христос ...

И македонските стопанственици инвестираат во разни земји во светот. Секако, најмногу директни инвестиции од Македонија има во Европа. Според податоците од Народната банка, во третиот квартал од 2024-та инвестирани се 44,53 милиони евра, а проценката е дека во целата 2024-та година Македонците во странство инвестирале околу 120-130 милиони евра. Вкупните директни инвестиции од почетокот на годинава, заклучно со септември се речиси 123 милиони ...

ДУИ нон грата продолжува да ја потценува интелигенцијата на нашите граѓани кои ја казнија оваа застарена корумпирана каста. Овој клуб на луѓе гладни за власт и нурнати во корупција со години ја водеа околината со катастрофални кадри која, како резултат на тоа, доведоа до оваа состојба. Дури, не треба да се заборави и иницијативата на качакот, Артан Груби, кој се обиде да ја претвори ДУИ во зелена партија откако ја уништија животната средина, но ...

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод, по повод божикните празнувања, во Божикното послание до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква со порака да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир во себе, мир во својот дом, мир со луѓето и мир меѓу народите. -Возљубени чеда на Македонската Православна Црква, Сите ние како ...

Од 2015 година кардиналот Роберт Мекелрој (70) бил бискуп на Сан Диего. Тој го заменува кардиналот Вилтон Грегори, кој ја водеше надбискупијата во Вашингтон од 2019 година и се пензионира. Во првата администрација на Трамп, Мекелрој остро го критикуваше неговиот план да започне кампања за масовна депортација во која ќе бидат вклучени милиони имигранти кои живеат во САД. Во статија од 2017 година Мекелрој ги повика Американците да ги блокираат ...

Трофејниот унгарски тим, Ференцварош има ново блескаво тренерско име. Легендата на фудбалот во Ирска, Роби Кин е нов шеф на струката во најтрофејниот фудбалски колектив во Унгарија, кој пак доаѓа на местот на Паскал Јансен. Кин нема преголемо искуство како тренер, и досега ги водеше сак АТК, односно Макаби Тел Авив, со кого го освои купот на Израел. Ференцварош во моментов е во битка за титулата во домашниот шампионат, и е втор на табелата, а е ...

„Сметам дека е вознемирувачки што личност со огромен пристап до социјалните медиуми и огромни економски ресурси толку директно се меша во внатрешните работи на другите земји“, изјави Сторе за Норвешката јавна телевизија. Тој рече дека тоа не е начинот на кој треба да се случуваат работите меѓу демократиите и сојузниците. „Ако Маск се меша во норвешката политика, политичарите во земјата треба колективно да се дистанцираат од таквите напори, ...

Секторот за внатрешни работи Тетово ја известува јавноста дека сообраќајот во Маврово е нормализиран и се одвива без проблеми. Согласно годишниот план за постапување во зимски услови, на подрачјето на Маврово е воведен кружен тек на движење на возилата за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Но, поради непочитување на правилата и препораките, во текот на вчерашниот ден настанаа проблеми во одвивањето на сообраќајот. За да ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод утрешниот големи христијански празник Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. Честитката на претседателката прочитајте ја во продолжение: Имам особено задоволство и ...

Тој изјави дека се направени невидени напори за унапредување на целосното и строгото партиско управување и борбата против корупцијата, кои даваат широко признати резултати. „Корупцијата е најголемата закана за партијата и борбата против неа е најдлабокиот вид на самореформирање. Соочувајќи се со значителни предизвици во борбата против корупцијата, Кинеската Комунистичка партија останува посветена на истрагата и справувањето со сите случаи на ...

Тој ја започна прес-конференцијата велејќи дека секое утро откако се будел како премиер, е инспириран од издржливоста и дарежливоста на Канаѓаните. Тој вели дека откако станал премиер во 2015 година, се борел за Канада и нејзиниот народ, за зајакнување и раст на средната класа. Тој истакнува дека гледал како земјата се обединува кога се поддржувале меѓусебно за време на пандемијата и како работел за да ја заштити слободната трговија на ...

Членот на Манчестер Сити, Иса Каборе, заминува на шеста позајмица по ред. Десниот бек до крајот на сезоната ќе игра за екипата на Вердер Бремен, која се согласи да му даде шанса на дефанзивецот кој иако има 23. години и е под договор со Сити, сеуште нема официјален настап за овој тим. Каборе првата половина од актуелната сезона ја мина во Бенфика. За португалскиот гигант одигра седум натпревари, од кои два во Лигата на шампионите. Манчестер Сити ...

Европската комисијата денеска објави јавен повик за избор на организатор на третото издание на Европски фестивал на новинарство и слобода на медиумите, чија цел е зајакнување на дијалогот, соработката и партнерството меѓу новинарите, медиумите, граѓанските организации и медиумските професионалци во ЕУ. Во рамки на Фестивалот, за чија организација годинава е предвиден буџет од три милиони евра, ќе се одржат дебати поврзани со законодавството за ...

Некогашниот холандски репрезентативец, а сега успешен тренер, Патрик Клајверт е нов селектор на репрезентацијата на Индонезија. Оваа егзотична фудбалска држава, планира да се пласира на следниот Мундијал, во 2026 година, па затоа го ангажираше големото фудбалско име. Во моментов Индонезија е на сред квалификациска кампања. Во рамките од групата Ц во азиските квалификации е на третата позиција со шест бодови. Пред неа е Австралија со бод повеќе, ...

- КНДР веќе добива руско воено оружје и обука. Имаме причина да веруваме дека Москва планира да сподели напредни технологии за сателити со Пјонгјанг, рече Блинкен на прес-конференција во Сеул. САД сметаат дека Русија би можела да го признае нуклеарниот статус на Северна Кореја, додаде Блинкен. На заедничка прес-конференција, Блинкен и неговиот јужнокорејски колега Чо Те-Џул го осудија тестирањето на балистичка ракета од Северна Кореја, ...

- Прво со Трамп. Ќе се договориме со него како да ја завршиме војната, како да го запреме Путин, изјави Зеленски во тричасовно интервју со американскиот поткастер Лекс Фридман. Тој нагласи дека е „многу важно Европа да има глас“ во овие дискусии. Зеленски смета дека гаранциите за безбедност на Украина ќе бидат ефикасни само доколку ги обезбедат САД, нагласувајќи: „Без САД, гаранции за безбедност не се возможни. Такви гаранции се потребни за да ...

20 мај за Златко Јаќовски е посебниот ден во 2024 година. Денот кога го освои врвот Лотце висок 8516 метри и е четвртио највисок врв на Хималите. За крајот на годината неговото искуство со рој емоции го раскажа пред љубителите, неговите, пријатели и семејство предизвикот на Хималаите по искачениот Монт Еверст во 2023 година. Лотце силен и моќен, но искуството од Еветст му помогнало во искачувањето. Во искачувањето на планините нема брзање, нема ...

Немања Матиќ иако има полни 37. години нема намера да сопре со играњето фудбал на највисоко можно ниво, напротив. Србинот зимава е актуелен со евентуалното враќање во Италија, поточно во Серија А, каде што своевремено настапуваше за Рома. Сега, тој е многу веројатно засилување за Комо, тимот кој што се обидува да обезбеди опстанок во Серија А, а е во сопственост на неговиот некогашен соиграч од Челзи, Цеск Фабрегас. Матиќ во моментов е член на ...

Искусниот Клаудио Раниери пристигна сезонава во Рим, на клупата на Рома, за да ја спасува ситуацијата што се вели. На тимот не му одеше, но полека но сигурно работите тргнуваат на подобро. Синоќа, Рома го доби големото гратско дерби против Лацио, а искусниот Раниери имаше само пофални зборови за неговите избраници. Посебно кога станува збор за Лоренцо Пелегрини. „Пелегрини дојде да разговара со мене вчера и сфатив дека има огромна желба да биде ...

Иако изгледаше дека четирите партии во бугарското Собрание се на чекор до конечен договор за стабилна влада, партијата на Борисов - ГЕРБ неочекувано ги прекина преговорите, поради несогласување со „Демократска Бугарија“ кој треба да биде следниот премиер, јавија бугарските медиуми. По вчерашната рунда состаноци, синоќа од прес-центарот на ГЕРБ, соопштија дека не е постигнат договор за персоналниот состав на идната влада и за името на кандидатот ...

Двајца штипјани на возраст од 38 и 20 години заработија кривични пријави и определена им е мерка притвор, бидејќи постојат основни сомненија за сторено кривично дело изнуда и палење на автомобил. Според соопштението од СВР-Штип, кривичната пријава е поднесена против 38-годишниот К.А и 20-годишниот М.М, двајцата од Штип, за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. „По ...

„Почитувани граѓани и граѓанки на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, велат универзитетските професори во Србија. Тие ги осудија обидите на власта да ги заплаши колешките и колегите студентки и студенти преку јавно споделување на нивните приватни податоци, со ширење невистини за нив, како и со испраќање полицајци и ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
30%
1009
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1009
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
38%
1008
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
27%
1010
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.4
33%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
43%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
52%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
41%
1009
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1008
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
41%
1009
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
46%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52