Наместо појаснување, добивме вадење од контекст, а тоа не однесе во кујната на пропагандата. Наместо целата изјава, се фатија за пинџурот, за тавче-гравчето и, сè останато – контекстот, пораката, почитта – исчезна во шумата од потсмев. Андреја СТОЈКОВСКИ „Идентитетот не е музеј. Тој е жив, противречен, комплексен и личен.“ „Во Мадрид сум дома. Таму не ме прашаа од каде сум, туку како се чувствувам.“ Идентитетот, велат, е нешто со што се раѓаш, ...
„Идентитетот не е музеј. Тој е жив, противречен, комплексен и личен“. „Во Мадрид сум дома. Таму не ме прашаа од каде сум, туку како се чувствувам“. Идентитетот, велат, е нешто со што се раѓаш, ама и нешто со што живееш. А јас растев со сложувалка – понекогаш расфрлана, понекогаш совршено сложена, но секогаш моја. Во сложувалката од страната на татко ми, имав баба родена во село Давидовац, Србија. Баба ми говореше „врањански“. Како добра снаа ...