ВМРО-ДПМНЕ под овие околности нема да дозволи промена на премабулата на Уставот, истакна лидерот на партијата Христијам Мицкоски. – Под овие околности нема да дозволиме да има промена на премабулата затоа што при отворањето на Уставот и промената на преламбулата не е пробем дали овие 173 Бугари во Македонија што гласаа ќе бидат внесени во преамбулата. Вие велите, има и хрватска заедница и црногорска, иако еврејската заедница е влезена во делот ...

Изгледа дека нов бран на Ковид-19 би можел да пристигне во Европа со почетокот на постуденото време, додека експертите за јавно здравје велат дека заморот од вакцините и конфузијата за видовите на достапни вакцини веројатно ќе го ограничат опфатот. Подваријантите на омикрон BA.4/5 кои доминираа летово сè уште претставуваат најголем дел од инфекциите, но и поновите подваријанти добиваат на сила. Научниците следат стотици нови форми на омикрон, ...

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека уште 70.000 чеченски борци се подготвени да се приклучат на групата од 10.000 луѓе кои моментално се ангажирани во зоната за специјални воени операции. „Десет илјади чеченски борци веќе се вклучени во оваа благородна кауза. Доколку е потребно, уште седумдесет илјади се подготвени да им се придружат“, напиша Кадиров на својот канал „Телеграм“. Тој додаде дека Чеченците се подготвени да ја бранат ...

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на денот мраз не се најавува. Октомври Октомври според предвидувањата ќе биде исполнет со температури кои наутро ќе се ...

Пет илјади фирми не исплатиле плати на своите работници за месец август. Ова го изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска, која додаде дека овие компании воопшто не ги ни пополниле потребните документи за исплати. Извршниот претседател на бизнис Конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, вели дека не очекува отпуштања од работа поради кризата и повика да се почекаат новите мерки на Владата бидејќи во спротивно, доколку се земат калкулациите на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју објавено денеска го повика НАТО „да покаже дека не се плаши од Русија“. Зеленски го изјави ова како одговор на прашањето дали добил некаков одговор од Северноатлантскиот договор на барањето за членство, односно кога очекува одговор на НАТО на барањето на Украина. „Мојата клучна порака до НАТО е – не треба да се плашите од никого“, рече тој. Зеленски истакна дека „важно е да се договорат ...

Перо Арсеновски, откако беше разрешен од функцијата директор на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром „поради недолично однесување“, сега е вратен на своето претходно работно место кое му било ставено во мирување. Тој сега повторно е советник државен-инспектор за надзор во високото образование во Државниот просветен инспекторат. Раководителот на секторот Африм Саљиу за Плусинфо ја потврди оваа информација, велејќи дека до оваа институција нема ...

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека НАТО треба превентивно да ја нападне Русија, со цел „да се исклучи можноста Русија да користи нуклеарно оружје“. Тој не прецизираше дали имал предвид превентивен нуклеарен напад или употреба на конвенционално оружје. Што треба да направи НАТО? Исклучете ја можноста за употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија. Но, најважното нешто, повторно и се обраќам на меѓународната заедница, е ...

По само три месеци, 28 од 30-те земји на НАТО ги ратификуваа измените на договорите во нивните национални парламенти што ќе им овозможат на Финска и Шведска да се приклучат на алијансата. Документацијата во Вашингтон веќе е поднесена од 24 држави. Но, нордиските земји се уште немаат причина за славење бидејќи Унгарија и Турција го блокираат нивното членство во НАТО алијансата. Финскиот министер за надворешни работи во септември изјави дека ...

За 50 евра е поскапа синдикалната кошничка во мај. Четиричлено семејство со две минимални плати не може да ги покрие основните месечни трошоци. Цените на некои основни продукти се зголемија за над 40 отсто а цените на горивата достигнаа рекордни цени. Струјата допрва ќе поскапи а инфлацијата достигна 12 отсто. Сеуште се чека на Владата да ги соопшти мерките кои ќе ги превземе за справување со економската криза односно ценовниот шок и инфалцијата ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, уште еднаш ја потврдил француската поддршка на евроинтегративниот процес на Македонија, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски од самитот во Прага. Ковачевски е еден од 44 лидери кои денес ќе расправаат за Украина, за енергетската криза и за економската состојба предизвикана од неа, но межу редови се тркала и дилемата дали овој формат ...

Илон Маск вели дека најголем дел од жителите на источните региони на Украина се Руси, па затоа ја претпочитаат Русија. Вака милијардерот одговори на Твитер на критиките на американскиот сенатор Линдзи Греам, кој ги „прозва“ недостатоците на планот на Маск за мирно решение на кризата во Украина. Бизнисменот објави и мапа со резултатите од изборите за Врховната Рада во 2012 година, според која жителите на источниот дел гласале за Партијата на ...

На нешто повеќе од еден месец до среднорочните избори во САД, закажани за ноември, американските демократи му даваат поддршка на претседателот Џо Бајден, меѓутоа, мнозинтсвото граѓани не веруваат дека земјата оди по исправен пат. Според најновата анкета на Ен-пи-ар/Марист, рејтингот на Бајден се зголемил до 44 отсто, што е подобрување трет месец по ред, откако во јули беше намален до 36 отсто. Иако има релативно зголемување на неговата доверба, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека е „тешко да се каже“ дали ризикот од руска употреба на нуклеарно оружје е зголемен по последните успеси на украинската војска, но дека останува убеден дека рускиот претседател Владимир Путин нема да преживее таква ескалација на непријателствата. Зборувајќи со претставници на меѓународниот истражувачки центар од Сиднеј, Зеленски преку видео врска рече дека на Русите им е „тешко да ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од европските лидери уште оружје за да ги спречи руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага, пренесоа француските медиуми. -Мораме да го казниме агресорот, рече тој во видео пораката на денешната прва средба на 44-те европски лидери кои во Прага се собраа на првиот самит на Европската политичка заедница. „Оваа војна мора да се добие сега за руската флота да не може да ги блокира ...

Украина би можела да престане да испорачува електрична енергија за Европа доколку блоковите на нуклеарната централа Запорожје не се поврзат, најави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ние сме поврзани со европските електрични мрежи и можеме да ја снабдуваме Европа во толку тешко време, за време на грејната сезона, можеме да ја снабдуваме Европа со многу евтина струја. Ние веќе го снабдуваме. Сè додека тие ја окупираат таа станица ...

Во некои земји од ЕУ, кои се “најзамрзнатите” непријатели на Русија, ситуацијата со инфлацијата е едноставно катастрофална, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев. „Според Евростат, инфлацијата во еврозоната е рекордно во последните децении – повеќе од 9%. Меѓутоа, во некои земји од ЕУ ситуацијата е едноставно катастрофална. Меѓу нив се најсмрзнатите непријатели на Русија“, напиша тој во својот канал на ...

По повод најавеното отворање на новото здружение на граѓани во Охрид, како и јавните повици за изразување протест против него, Министерството за надворешни работи (МНР) упатува апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно ...

Поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски смета дека утре во Охрид, на денот на отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, може да се очекуваат повеќе работи. -Можеме да се надеваме на најдоброто, но и да се подготовиме на најлошото. Кога ВМРО-ДПМНЕ и Левица се собираат на протести, можеме да видиме дека стануваа насилни. Не смееме да го дозволиме тоа. Ова е провокација и Бугарија сака да покаже дека сме мрзачи на Бугари и со ...

Одржлив мир во Европа може да се постигне само ако Русија е вклучена во овој процес, изјави во четвртокот вечерта поранешната германска канцеларка Ангела Меркел на церемонијата по повод 77-годишнината на весникот „Зидојче цајтунг“ во Минхен. Меркел истакна дека траен и траен мир во Европа може да се постигне само со вклучување и „учество на Русија“. „Сè додека не го направиме ова, Студената војна навистина не е завршена“, ја цитира Стерн ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели во овие околности тој и пратениците од неговата партија се против внесување на Бугарите како посебен народ во македонскиот Устав. -Сметаме дека ова барање не е случајно и не е последно барање. Тоа ќе биде само почеток на едни сизифовски маки и лавиринти, каде ние ќе разговараме за името на гимназијата „Георги Димитров“, училиштето „Димитар Влахов“, Кирил Пејчиновиќ, браќата Миладинови ...

Македонската јавност е во шок и неверување откако се појави снимка од пратеничката на СДСМ, Соња Мираковска која во Советот на Европа жестоко се расправаше со бугарскиот пратеник Александар Јорданов. Јорданов порача дека за Македонија реално да ги започне преговорите со Европската Унија најпрво треба да го промени Уставот и Бугарите да влезат во него. Мираковска му порача на својот бугарски колега дека никогаш не може да го оспори македонскиот ...

Млеко поевтино од 1 евро за литар, значително поевтини сувомеснати производи и различни млечни производи кои сигурно имаат и подобар квалитет од оние кои ги имаме дома. Прошетка во Лидл во Германија направена од корисник на социјалните мрежи. Згора на се, треба да се има предвид дека Германците земаат неколку пати повисоки плати од нашите, па така, овие производи за нив се уште поевтини. Кризата удира и во Германија но со тој стандард и со овие ...

Европската унија подготви нов пакет санкции против Русија, а тоа значи дека од 1 ноември Србија не може да се снабдува преку Јадранскиот гасовод. „Србија не воведува санкции кон Русија, па затоа не треба да има корист од остапувањето. Со овој став се согласни земјите-членки на ЕУ“, открива дипломатски извор. Според првичниот план, требаше да се овозможи транзит на руска нафта преку нафтоводот низ Хрватска. Србија од 1 ноември не може да се ...

Алгоритмот ТикТок понекогаш е навистина чуден, така што некои одлични видеа добиваат само 200 прегледи, додека некои чудни и прекрасни видеа добиваат милијарди. Секојдневно се појавуваат нови трендови, а некои од креаторите на таа платформа стануваат познати со брзина на светлината. Но, кој е најгледаниот TikTok досега? Може да ве изненади. Најгледаното видео на TikTok му припаѓа на Зак Кинг и е илузија на темата Хари Потер. Досега има собрано ...

Санкциите од Европската Унија не успеаја да влијаат на Русија, но, затоа го казнуваат францускиот народ, изјави денеска за БФМ ТВ шефицата на парламентарната група на Националното собрание во Долниот дом на францускиот Парламент, Марин Ле Пен. Санкциите не делуваат, дури, тие се контрапродуктивни. Реалноста е дека санкциите доведоа до зголемување на приходите на Русија од извозот на нафта за 40 милијарди евра, посочи Ле Пен, пренесе агенцијата ...

Речиси милион Руси ја напуштија земјата во последните две недели откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави својата наредба за делумна мобилизација. Според Форбс Русија, таква оценка за масовната емиграција дава извор од Кремљ. Друг извор на публикацијата, кој е запознаен со тајните анализи на претседателската администрација, тврди дека цифрата е 600-700 илјади луѓе. Според министерот за внатрешни работи на Казахстан, Марат Ахметџанов, ...

Бугарија е Европската Унија. Додека преговара со ЕУ, Република Македонија преговара со Бугарија. Ова го изјави в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, за БГНЕС. „Не сакам да коментирам што се дозна од медиумите што го кажа Стево Пендаровски, бидејќи не треба да коментирам ниту за медиумите. Сакам да дадам некои принципиелни коментари за системски прашања во односите. Се надеваме дека законот извршните органи во РМ ќе ја ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој нуклеарната централа Запорожје станува сопственост на Русија. Соодветниот документ е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации. „Владата на Руската Федерација: а) обезбеди усвојување на федерална сопственост на објектите за користење на атомската енергија на нуклеарната централа Запорожје и друг имот неопходен за спроведување на нејзините активности; б) презема мерки ...

Од регионот на Белгород цел би бил Харковската област, а се шпекулира дека целта на претходните повлекувања била да се протегаат линиите на непријателот, кој пред контраофанзивата бил вкоренет во цивилни населби. Од правец на Крим/Керсон се очекува напад кон Николаев и Одеса. Останува нејасно која би била целта на ударот од Белорусија, бидејќи може да се оди само во Киев. Претседателот Путин денеска ги потпиша сите уставни измени, со кои се ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1030
weather icon

Белград

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
84%
1034
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
57%
1037
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.54
79%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.16
61%
1032
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -4ᴼ
0.89
85%
1036
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
6.71
90%
1019
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
43%
1017
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
12.35
39%
1022
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
70%
1032
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
2.24
80%
1036
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 2ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.53

Currency

60.208

Currency

73.1828

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.59015

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.69634

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $