Претседателот на АСОМ Илијевски најави дека Европската Унија ќе биде известена за овој владин потег, а доколку Владата итно не ги прими на состанок и на кој било начин се обиде да го протурка законот, ќе преземат радикални чекори за заштита на вработените и на индустријата. Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) силно го осуди вчерашниот потег на Владата која на седница по предлог на Министерството за финансии ги утврди предложените ...

И покрај обидите на грчките власти да се затвори Центарот за македонски јазик во Грција, тој продолжува да работи и во изминатите денови достави официјално барање до грчкиот министер за образование за воведување настава на македонски јазик во деловите на Грција каде има етничко македонско население. Официјалното барање до министерот Ники Керамеос гласи: Барање за воведување на македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во основните и ...

Финска по петти пат го зазеде местото на најсреќна земја за живот, додека Македонија е на 89. место меѓу 146-те рангирани земји, според Светскиот извештај за среќа, публикација на Мрежата за одржлив развој на ОН. Меѓу десетте најсреќни земји оваа година се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд. Светскиот извештај за среќа проценува 146 земји и зема предвид индикатори како што се очекуваниот ...

Високи функционери од Брисел денеска првпат во историјата на Евроблокот ќе разговараат со кандидат за членство во Европската унија на чија територија се води војна. Одлуката на Урсула фон дер Лејен и Шарл Мишел да дојдат во Киев со 15 еврокомесари на самитот ЕУ-Украина во време кога продолжува офанзивата на руските воени сили на истокот на оваа земја е храбар чин, но пред се е силна симболична порака, и до украинскиот народ и до Москва. На ...

Ако бугарската полиција не им дозволи на Македонците да се доближат до споменикот на Гоце во Бугарија, тогаш зошто македонската полиција дозволува Бугарите да дојдат на гробот на Гоце во Македонија? Кога се отвораше македонскиот културен клуб во Горна Џумаја (денес Благоевград), во програмата беше вклучено движење на поворката на неколку локации, една од нив беше положување на цвеќе од страна на Македонците на споменикот на Гоце Делчев. Тогаш, ...

Во пресрет на 4-ти февруари, денот на раѓањето на таткото на македонската нација – Гоце Делчев, официјална делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, за првпат во политичката историја на независна Мекедонија, го посети градот Кукуш (Егејска Македонија) – родното место на овој апостол на македонското револуционерно движење, соопштија од партијата. Делегацијата составена од членови на Централниот комитет на Левица оддаде ...

Набрзо по информацијата дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) побарала кривична пријава за Наумче Мојсовски, првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), дојде нов удар за ракометната легенда и тоа од Македонскиот олимписки комитет (МОК). Првиот човек на оваа највисока невладина спортска организација во државата, Даниел Димевски, во писмо до Владата и вицепремиерката Славица Грковска укажува на лошото работење на АМС и на ...

По три години анализа на начинот на доделување на спортските ваучери, членовите на Антикорупциска комисија се согласија дека треба да се иницира кривично гонење на директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и на членовите на Централната комисија за евалуација на предлог-листите за доделување спортски ваучери. Освен тоа, антикорупционерите ќе побараат и од Владата да се утврди одговорност за лицата именувани од нејзината страна, ...

Вечерва е демолиран Македонскиот културен клуб во Благоевград, Никола Јонков Вапцаров, дознава НОВА. Вандализмот бил пријавен во 21:40 часот во локалната полициска станица. При патрола, бугарската полиција забележала дека е скршено стаклото на македонскиот клуб на улицата „Димитар Димов“ во Благоевград. Четири камења се пронајдени пред клубот, дознава НОВА. За среќа во настанот нема повредени Македонци. Инаку пред малку Основниот суд во Крива ...

На граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија – Гуешево-Деве баир македонските полицајци му се заканувале и го тепале пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани, пишуваат бугарските портали. Како што пишува бугарскиот портал „24 Часа“, бугарски државјани подолго време биле задржани на граничните пунктови за Македонија. Денеска многу луѓе патуваат поради 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но, ...

Разорните земјотреси што вчера ја погодија Турција однесоа над 5.000 човечки жртви во Турција и Сирија, а меѓу нив има и многу деца и бебиња. Во потресот се уништени неколку илјади објекти од двете страни на границата, а спасувачките екипи се веќе 40 часа на терен обидувајќи се да дојдат до преживеаните кои останале затрупани под рушевините. За жал многумина луѓе немаа шанси да се спасат или се уште да се живи под урнатините, па така светот го ...

Пишува Никола Груевски на Фејсбук: Разорениот земјотресот кој никого не остави рамнодушен заради огромниот број жртви, исчезнати и повредени со епицентар во непосредна близина на Газијантеб во Турција, ме потсети меѓудругото и на една голема посета на околу 6-7 градови во 4-5 дена во Турција, заради вршење директна промоција во различни градови на можностите за инвестирање во Македонија во еден многу студен јануари со невообичаено многу снег во ...

Црвениот крст на РМ на 08.02.2023 година одржа прес конференција во врска со катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Прес конференцијата беше отворена од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити и амбасадорот на Република Турција во Скопје г- дин Хасан Мехмет Секизќок. Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити истакна дека на наше големо задоволство може со сигурност да кажеме дека граѓаните ...

Вечерва се врши претрес во домот на сопственикот на порталот Доказ, новинарот Марјан Стаменковски, во Скопје. Претресот трае веќе неколку часа и го изведува Основното јавно обвинителство Скопје со судско одобрение. Од домот на Стаменковски се одземаат мобилни телефони, компјутери и парични средства, а се преснимуваат и пораки. Наредбата за претрес во домот на Стаменковски е издадена од судија на претходна постапка. – Се постапува по повеќе ...

Претседателот на Русија Владимир Путин на средба со претставници на воздухопловната индустрија раскажа како во една прилика птица го „исклучила“ моторот на неговиот претседателски авион. Се сеќавам кога се случи, бевме во авион со два мотори. Птицата паднала во моторот и тој се исклучил. Го прашувам пилотот: „Што ќе правиме?“. Ми вели „Ќе се снајдеме, ќе издржи“, на што му реков: „Можеби е подобро да се вратиш и да слеташ“. На крајот слетавме, ...

Со стоечки овации беше поздравен говорот на Володимир Зеленски во Бтиранија каде ја поздрави „големата поддршка“ на Велика Британија за Украина за време на обраќањето пред пратениците и колегите во Вестминстерската сала. Украинскиот претседател доби воодушевувачки прием во историската зграда за да одржи говор на неговата прва посета по инвазијата. Риши Сунак и со Борис Џонсон исто така беа во публиката, а Зеленски инсистираше на тоа дека ќе ...

Најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична фиброза, Благојче Илиевски, почина. Жалната вест за Фактор ја потврдија од Здружението за цистична фиброза. Во овој текст Благојче ја даде неговата последна изјава полна со надеж дека ќе биде меѓу првите осум пациенти кои ќе го добијат овој лек. -Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека ...

Светот го обиколи веста дека бебе е родено под урнатините во Сирија, по разорниот земјотрес. Видео снимката од моментот кога спасувачите го пренесуваат штотуку роденото бебе на сигурно ги преплави социјалните мрежи. Станува збор за девојче, кое е пренесено во болница и е здраво. Порталот Аваз, пишува дека нивната редакција била контактирана од млад брачен пар од Сараево кој сака да го посвои девојчето. Мајката на бебето почина, а тоа нема други ...

Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите кажа дека на јавниот повик што го објави Министерството за здравствени лица кои би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот до синоќа се пријавиле 150 доброволци. Министерот рече дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку НАТО комуникација со турските власти ќе ги ...

Создадоа власт со повеќе министри Албанци од Македонци, за утре да нè дејтонизираат со Бугари во Устав, алармира активистот Ивор Мицковски во објава на Фејсбук. Сè обратно направивте, наместо граѓанско општество оваа држава се подели на етнички трла каде секој си гледа како да освои институции, тендери, вработувања и шанса за лоповлук. Нова држава утре да ни дадат за 10 години ќе ја поебеме. Оваа е сјебана до непоправливост, му порача тој на ...

Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек – реагираше вечерва Асоцијацијата за цистична фиброза, откако денеска како последица на болеста почина битолчанецот Благојче Илијевски. Неговите соборци соопштија дека со него ќе се збогуваат утре во 14 часот пред Влада и го опишаа Благојче како еден од најактивните членови на Асоцијацијата. Според нив, тој е жртва на системот. „Тој ...

Претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев го коментира случајот со Благојче Илиевски кој почина од цистична фиброза. „Има пари за бонус-дневници за партиската полиција што ги чуваше Таче и Пендаровски (да не бидат исвиркани на гробот на Гоце), ама нема за БОЛНИТЕ од цистична фиброза кои не можат да дишат! Ова не е наша Влада, другари“, пишува Апасиев. Болните од цистична фиброза претходно протестираа пред Владата со ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека победата на Украина против Русија ќе го промени светот и ќе ги запре идните агресори. Зеленски оваа изјава ја дал во своето денешно обраќање пред британските пратеници во Лондон. „Победата ќе го промени светот и тоа ќе биде промена која на светот долго му требаше“, рече Зеленски, кој е во прва посета на Велика Британија откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари минатата година. ...

Спасувачите и цивилите вриснаа од радост откако цело семејство беше извлечено живо од урнатините на зградата во Сирија која се урна поради силниот земјотрес во Турција во понеделникот. Снимките споделени од Белите шлемови го покажуваат среќниот момент и радоста од спасувањето на човечки живот. Прво, таткото излегува од урнатините на носилка. По него, екипите вадат две мали деца – момче и девојче. Ги креваат децата високо во раце за да им ...

Во текот на ноќта спасувачите ја продолжија потрагата по преживеани од разорните земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија, на студ, дожд или снег, понекогаш и со голи раце, за да се спаси секој можен живот. По неколкучасовна макотрпна потрага, сириските спасувачи го извлекле девојчето од урнатините, а кога го пронашле било правливо и имало траги од крв на неа, но за среќа детето било при свест. Имено, камерата успеала да го сними нејзиниот ...

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека забраната за одредени руски медиуми во Европа претставува „заштита на слободата на говорот“. На таа негова изјава реагираше официјалниот претставник на МНР на Русија, Марија Захарова, која потсети дека Европа веќе еднаш тргнала по оваа логика. „Со забраната на голем број руски медиуми, ние не ја напаѓаме слободата на говорот, туку ја штитиме“, рече Борел на ...

Казино, продавница и два автомобила биле оштетени од куршуми за кои полицијата вели дека се залутани, на улицата „Бутелска“ во Скопје. „Утрово (07.02.2023) во 01.51 часот во СВР Скопје, З.З.(34) од Скопје пријавил дека на улицата „Бутелска” од залутано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко возило „Сеат Леон” со скопски регистарски ознаки. Полицајци од Полициската станица Чаир излегле на местото, при што било констатирано дека од ...

Претседателот на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, Карло Дољони, денеска изјави дека движењето на тектонските плочи кое го предизвикало земјотресот во Турција, ја поместило територијата на таа земја за три метри. „Она што ние го нарекуваме Арапска плоча се помести за три метри во правец североисток-југозапад во однос на Анадолската плоча“, рече Дољони, додавајќи дека има поместување од три метри во должина од околу ...

Необично видео се појави на TikTok. Не е наведено во кое време од ноќта е создадено и во кој град, но е објавено на профилот Stray Beautiful, кој собира донации за напуштените кучиња ширум светот. Во описот се наведува дека е создаден непосредно пред разорниот земјотрес што ја погоди Турција. На нео се гледа куче кое стои само на улица и завива многу гласно. Зад него има џамија, а покрај него поминуваат само неколку автомобили. Околу животното ...

Во полициска акција во Белград се уапсени државјанкиte на Словенија Х.В. (29) и Х.Б. (24), сестри по потекло од Косово и Метохија. Тие се во притвор затоа што постои сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Имено, полицијата извршила увид во автомобилот „Сеат“ управуван од Х.В, додека на совозачкото седиште седела Х.Б. Во багажникот полицијата пронашла 48 пакувања со марихуана, кои ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
1.54
66%
1005

Белград

7ᴼ/6ᴼ
3.09
90%
1008

Софија

10ᴼ/8ᴼ
1.54
69%
1007

Сараево

9ᴼ/9ᴼ
3.9
87%
1007

Љубљана

6ᴼ/3ᴼ
1.54
89%
999

Атина

19ᴼ/15ᴼ
3.6
52%
1005

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.03
94%
1007

Подгорица

9ᴼ/8ᴼ
3.6
93%
1009
Currency

61.5521

Currency

57.5361

Currency

71.7049

Currency

37.3818

Currency

41.9844

Currency

62.88

Currency

7.94039

Currency

0.6176

Currency

0.37038

Currency

0.52508

Currency

1.76733

Currency

0.69045

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

603971 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

874 $

Злато

74604 $

Бакар

8 $

Паладиум

32706 $

Платина

29196 $

Родиум

152411 $

Цинк

88255 $