Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, ги критикуваше идните очила за мешана реалност на „Епл“ во интервју за подкастот „The Information”. Според него, Фејсбук ќе лансира свои очила за виртуелна реалност, кои ќе бидат многу поевтини од тие на конкурентите. „Мислам дека ќе се обидеме да ги понудиме овие производи по најниска можна цена за да ги направиме достапни за секого. За разлика од некои други компании од оваа област, кои главно ги ...

Основачот на „Zoom Video Communications“, Ерик Еван префрли скоро 40 проценти од своите акции од компанијата со која управува, а уделот се проценува на скоро 6 милијарди долари. Ова се случи откако цената на акциите на Zoom скокна повеќе од три пати минатата година, пренесе „Волстрит журнал“. Трансакцијата е евидентирана како два подарока на ненајавени приматели и е од два тинк-тенка со кои Еван и неговата сопруга соработуваат, според ...

Долгорочната невработеност во 2021 година во четирите најголеми економии во еврозоната се очекува да порасне за 38 проценти над нивото пред Ковид-19, пред да падне малку во четвртиот квартал, според истражувањето на „Allianz“, со работен наслов „Ковид-19, една година подоцна“. Бројот на долгорочно невработени во Германија, Франција, Италија и Шпанија ќе се зголеми од проценетото најниско ниво од 4,8 милиони во првиот квартал на 2020 година на ...

Вработувањето во Европската унија и еврозоната забави во последните три месеци од 2020 година, според последниот извештај на Бирото за статистика на ЕУ, Евростат. Сезонски прилагодениот број на вработени во ЕУ се зголеми во четвртиот квартал на 2020 година за 0,4 проценти во споредба со претходниот квартал, кога тој се зголеми за 0,9 проценти, пресмета Евростат, малку менувајќи ја првичната проценка за крајот на годината. Во еврозоната, бројот ...

Српската новинска агенција „Танјуг“ и нејзините услуги беа избришани од Агенцијата за деловни регистри (АПР) во вторникот, а белградската компанија „Тачно“, која се здоби со право да ги користи имотните права и трговските марки на агенцијата на крајот на 2020 година, регистрираше шест услуги на Танјуг, објави Здружението на новинари на Србија (УНС). Според УНС, официјалната веб-страница на АПР објави дека „Танјуг“ е избришан од регистарот, а ...

Санкциите на американската влада против Huawei сериозно ги ограничија нормалните деловни односи на компанијата. Неможноста да се направи оптимална употреба на апликациите на Google Play и недостатокот на доволни хардверски компоненти го доведува во сериозен ризик развојот на нивните идни уреди. Алтернативно решение на Huawei е оперативниот систем HarmonyOS, кој треба да го замени Android во паметните телефони Huawei. Програмерите сега имаат ...

Lenovo веќе објави тизер за својот следен гејмерски смартфон, кој се очекува да биде објавен наскоро. Податоците откриваат дека претстојниот уред ќе има нова генерација на систем за двојно ладење. Резултатите од бенчмарк-тестовите во Geekbench се појавија на Интернет, од кои дознавамее уште повеќе детали за наследникот на Lenovo Legion Pro. Името на моделот е L70081, а најверојатно Lenovo ќе го претстави како Legion Pro 2, пренесе GizmoChina. ...

Во услови на пандемија во јануари годинава остваривме поголем извоз од јануари 2020 кога во светот сѐ уште не беа на сила рестриктивните мерки за ублажување на последиците од КОВИД-19, сподели премиерот на РСМ, Зоран Заев. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година, изнесува 32,5 милијарди денари и бележи пораст од 15,5 % во однос на истиот ...

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу, изјави денес дека повеќе претприемачки и работнички можат да го зголемат БДП на Западен Балкан до 20%. „Родовите предрасуди сè уште не исчезнаа, но секогаш има такви кои „се борат“ против нив и успеваат. Ние, како регион, треба да бидеме свесни дека зголемувањето на женското претприемништво и учеството на жените во работната сила може да донесе зголемување на БДП во ...

„Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците односно оние кои ти работат во недела е еднакво на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи“, реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на денешната панел дискусија организира од Стопанската комора на Македонија. Ги прашуваме дали на дебатата станало збор дека за работа во недела само ...

Кон средината на јануари, администрацијата на Доналд Трамп стави црна листа на неколку кинески компании, вклучувајќи ја и Xiaomi. Тие беа обвинети дека се во сопственост на кинеската армија или имаат многу силни врски со кинеската комунистичка влада. Според ново издание на „Волстрит журнал“, причината за ставањето на црната листа на Xiaomi во САД е што основачот на компанијата, Леи Џун, беше награден од Министерството за индустрија и информатика ...

Глобалната пандемија го принуди HMD Global да го одложи издавањето на неколку нови уреди во текот на изминатата година. Компанијата, исто така, побавно дистрибуира ажурирања кон Android 11 за паметни телефони, што се компатибилни со нејзиното портфолио. Брзите ажурирања на оперативниот систем се една од главните причини да посакате да добиете модел на Nokia. Во следните месеци, ситуацијата најверојатно ќе се стабилизира и корисниците ќе имаат ...

Ланецот ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ ја шокираше јавноста објавувајќи на Твитер дека „Жените припаѓаат во кујната“ и тоа на 8 март. Women belong in the kitchen. — Burger King (@BurgerKingUK) March 8, 2021 По бурните реакции следеа твитови со „појаснување“. – Ако сакаат, секако. Сепак, само 20 отсто од готвачите се жени. Ние сме во мисија да го смениме односот на полот во угостителската индустрија со тоа што ќе им дадеме моќ на жените ...

Финансискиот систем успешно им одговори на минатогодишните предизвици од корона-кризата. Високите регулаторни барања во периодот пред појавата на корона-вирусот и минатогодишните регулаторни мерки придонесоа за натамошното одржување на неговата стабилност, како и за негова подготвеност за натамошни предизвици. Имајќи предвид дека здравствената криза сѐ уште трае, регулаторите и натаму со особена внимателност ќе ги следат состојбите, ...

Македонска берза АД Скопје се приклучи кон глобалната иницијатива “Ring the Bell for Gender Equality”, со што за прв пат годинава влезе во друштво на стотина берзи ширум светот каде по повод Меѓународниот ден на жената со симболично ѕвонење на берзанското ѕвоно, се означува почетокот на тргувањето. Звоното на Македонска берза го зазвонија М-р Нора Алити, Претседател на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, Главен извршен директор на ...

Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамнопраност, Македонската Берза изработи кратка анализа за состојбите на овој план кај домашните котирани друштва. Од неа се забележува дека Структурното учество на жените во органи на управување на котираните акционерски друштва е на ниско 24,2 отсто. Во однос на процентуалното учество на жените како извршни директори или претседатели на управни одбори на ...

Осумдесет проценти од сите камиони користеле Зелени коридори и речиси половина од милион камиони имале корист од приоритетниот премин и поедноставените процедури во 2020 година, што имаше влијание врз намалувањето на трговските трошоци. Ефикасноста на системот ги идентификуваше тесните грла и го покажа патот кон идни активности. Анализата покажа дека времето на чекање на трговците било приближно два пати пократко на премините во рамките на ...

Прогласувањето на неделата за неработен ден ќе предизвика финансиски загуби во одредени сектори, ќе ја намали продуктивноста и конкурентноста на компаниите и ќе ги принуди странските инвеститори да ја преиспитаат одлуката за инвестирање, беше посочено на денешната панел дискусија организира од Стопанската комора на Македонија. Панелистите се согласни дека прогласувањето на недела за неработен ден нема да ги даде очекуваните придобивки, туку ќе ...

„Јас оваа Влада стално ја критикувам во поглед на економските политики, но во врска со еврообврзницата ќе ја пофалам. Оваа камата што се доби е навистина добра. Има едно непишано правило – ако каматната стапка на јавниот долг е пониска од стапката на раст на БДП тоа е добро, долгот ќе се намалува. Очекувањата се дека оваа година БДП ќе порасне за повеќе од 2%, што значи дека оваа камата од 1.6% нема да го зголеми јавниот долг.“, изјави во ...

Трошоците на живот во февруари оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, а кај цените на мало нема промена, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Трошоците на животот во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележат зголемување од 1,9%, а кај цените на мало има зголемување од 1,8%. Пораст на трошоците на животот во февруари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај ...

Македонија има своја претставничка на листата 100 највлијателни жени во социјално претприемништво на Euclid Network. Станува збор за Бистра Кумбароска, основачка на Heartbeats Innovation & Communication и потпретседателка на Националниот старт – ап совет на Фондот за иновации и технолошки развој. “Ако сум можела да видам подалеку од другите, тоа е затоа што сум стоела на рамењата на неколку џинови. И најголем дел од тие џинови во мојот живот ...

Корисниците на Apple системот, кои планираа да купат iMac Pro за посериозна работа, ќе треба да се одлучат на тој потег што е можно поскоро. Според веб-страницата 9to5Mac (што Apple го потврди за Engadget), компанијата планира да престане со продажба на уреди iMac Pro. Во моментов, можат да се купат само 10-јадрени конфигурации на Xeon и тие ќе бидат достапни само додека траат залихите. Apple посочи дека повеќето корисници се претежно задоволни ...

Бензините од полноќ поскапуваат за пола денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство и неделава ќе се продаваат по иста цена, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика. Литар Еуросупер БС – 95 ќе се точи по 66 денари, а новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 68 денари. И неделава Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава цена од 56 денари, а не се менува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од 45 денари за литар. ...

Британскиот финансиски регулатор (FCA) потсети дека часовникот отчукува за Лодноската меѓубанкарска каматна стапка (LIBOR) на крајот на 2021 година и ги повика пазарите да го забрзаат трансферот на договори, вреден 260 милијарди долари ширум светот, на каматните стапки составени од централните банки. Укинувањето на LIBOR доаѓа по милијарди долари казни изречени на заемодавателите за обид да ја постават оваа каматна стапка, која некогаш се ...

Во западна Норвешка, наскоро треба да започне изградбата на првиот тунел за бродови вреден 325 милиони долари. Се очекува одбрување на финансиски средства за проектот. Норвешката управа за крајбрежје (Kystverket) предложи тендерската постапка да заврши оваа година, а изградбата да започне следната година. Планот е тунелот да биде во функција во 2025 или 2026 година. Тунелот ќе биде долг 1,7 километри и доволно голем за товарни и други поголеми ...

Сите општини заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент, посочуваат резултатите од истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година што ги објави денеска Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Значително поголем дел од данокот ...

Боријан Борозонов е нов управител на компанијата Џонсон Мети во Северна Македонија, почнувајќи од март годинава. „Јас сум исклучително возбуден што сум дел од визијата на Џонсон Мети за почист и поздрав свет. Живееме во предизвикувачки времиња што влијаат на сите ширум светот. Џонсон Мети, глобален лидер во одржливи технологии, е во првите редови на сите големи мега трендови и активностите на компанијата се во срцето на решенијата што помагаат ...

Жолтите такси беа сеприсутни на улиците во Њујорк и дење и ноќе, како и неговите препознатливи симболи, како што се Емпаер Стејт Билдинг или бејзбол капите на Јенкис, но пандемијата ги „проретчи“ на улиците на Големото јаболко и ја доведе во прашање нивната иднина. Во раните и студени утрински часови на паркингот покрај аеродромот Ла Гвардија, педесетина такси трпеливо чекаат во ред за патник. Пред пандемијата, вели 65-годишниот њујоршки таксист ...

Porsche дополнително ги зголеми своите инвестиции во Rimac Automobile, зголемувајќи го својот удел во компанијата на 24%. Со првичната инвестиција во 2018 година, Porsche се стекна со 10% од акциите на Rimac Automobilie и го зголеми на 15,5% во 2019 година. Најновата инвестиција ја зајакнува позицијата на Rimac како компанија специјализирана за развој на технологија и производство на клучни системи за пазарот со електрични возила со високи ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лeјен очекува 100 милиони дози вакцини месечно од април, напиша германскиот печат во понеделникот. „Од април наваму, количините може повторно да се удвојат според плановите на производителите, но и затоа што може да се одобрат и други вакцини“, рече таа за германскиот весник „Штутгартер цајтунг“ и „Штутгартер Нахрихтен“ во коментарите до кои имала пристап новинската агенција ДПА. Фон дер ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
80%
1037
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
3.09
86%
1039
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
81%
1039
weather icon

Софија

-3ᴼ / -4ᴼ
2.57
92%
1037
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.38
69%
1034
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
85%
1039
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
6.17
71%
1030
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
80%
1028
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
3.6
80%
1033
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
88%
1038
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1032
Currency

61.535

Currency

59.7585

Currency

72.8654

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5399

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $