Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Побарувачката за железнички транспорт е голема, но загрозена e од неразумно ниските цени на летовите, па експертите повикуваат на воведување данок на керозин, пишуваат новинарите на АФП, ДПА, ФЕНА, Хајн и СТА обединети со проектот „Европска редакција”. Политичарите, сообраќајните експерти и бизнисмените ја критикуваат состојбата со железничката инфраструктура и обилното субвенционирање на воздушниот превоз.Во борбата против климатските промени, ...
Кохеи Саито е јапонски филозоф и вонреден професор на Универзитетот во Токио. Саито ги проучува екологијата и политичката економија од марксистичка перспектива. Неговата книга „Капиталот во антропоценот“ го разбуди интересот за марксистичката мисла во Јапонија. Вашиот централен концепт и политички предлог е комунизмот на одрастот. Дали можете да го дефинирате овој концепт? Зошто не само комунизам или зошто не само одраст? Каква е теоретската или ...
На 30 септември (сабота) од 20 часот во Мобилната/Монтажна галерија во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи изложба и промоција на публикација на Иван Ивановски. „Заглавени во меѓупросторот, помеѓу ќелијата и екранот! Постојат многу важни прашања кои се вредни за постојано да си ги поставуваме, со цел да се преиспитуваме. Тие се врзани за нашето место во светот, за општите координати кои ги зафаќаме, а се и од суштинска важност за нашето ...
Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ организира Култренинг/ Работилница за кореографија и танц „Резонантни тела“ со Теодора Ежовска која ќе се одржи во петок (29 септември) во КСП Центар – Јадро. „Работилницата со Теодора Ежовска на учесниците им нуди танцово истражување и работа преку метод на допир, сензација, процес на истражување што овозможува експанзија на мисловна, како и физичка работа на тело, за тоа што е ...
Откако учителката ми ја објасни метафората за пустелијата, ноќе се будев и размислував за пустелијата на татко ми. И не ми беше јасно какво е тоа пусто место кај што може да се избега од сѐ, кај што човек може да се спаси од нешто, од некој проблем, од некоја мака, кај што може да биде сам... Дали секој човек си има своја пустелија? Ако е така, тогаш за секој човек на Земјината топка би требало да постои едно празно место за пустелија кај што ...
Кој знае (ах, никој ништо не знае, Кревко е знаењето!), можеби во мене Капнало ронче вистина од други димензии? Или се тоа само фантазии?! Уште би можела љубов Да ни се случи ‒ велам. Но не знам јас, дали ја пожелувам или не ја пожелувам. Во морето на животот што вечно Врие и испарува, по истите стапки, Се создаваат одново, се сретнуваат пак Можеби истите капки ‒ И кога ќе мине вечноста по оѕвездениот пат, По несфатливостите пусти, Во бакнеж би ...
Бугарија не е единствената ЕУ-членка, чиј државен врв на највисоко официјално ниво, негирајќи го постоењето и посебноста на македонскиот јазик, и не признавајќи го неговиот статус како малцински јазик во Бугарија, ја оспорува јазичната и културната разновидност во Европа. И со тоа го злоупотребува своето право на вето за на најгруб начин да ги блокира европските интеграции. И Унгарија неодамна се закани дека би можела да ја блокира Украина да ги ...
Бидејќи популацијата на пчели во светот продолжува да се намалува, еден град во Холандија презема чекори за да им даде на овие опрашувачи нови екосистеми. Со трансформирање на повеќе од 300 автобуски постојки во зелени центри, градот Утрехт во земјата иновира нови решенија за тоа како да се балансира животната средина во урбана средина. Со оваа акција тие даваат позитивен пример за остатокот од светот. Утрехт, четвртиот по големина град во ...
Во Националната галерија на Северна Македонија – објект Чифте амам – на 28 септември (четврток) во 20 часот ќе биде отворена ретроспективно-јубилејната изложба на Миле Корубин (1922 – 2000). Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин, еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се основни поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи за ...
Фотографот Лука Мједа од Загреб, Р. Хрватска на изложбата со едноставен наслов „Загреб“ што ќе биде отворена во Музејот на град Скопје на 28.09.2023. во 19.30 часот ќе се престави со 50 црно бели фотографии во дигитален печат создадени изминативе триесетина години. Мједа, наизглед ни го доловува само градот Загреб. Меѓутоа, авторот на оваа изложба ја открива присутноста на градот преку архитектурата со негово ликовно експонирање. Човекот и не е ...
Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, се сомневаме дека институциите не постапиле според своите надлежности и бараме да се утврди одговорност. Не, не станува збор за немил или трагичен настан, како што известија некои медиуми, туку станува збор за убиство, фемицид, којшто како таков треба да биде квалификуван и претставуван во ...
Облик сè помалку препознатлив секоја наредна недела, Цел сè понејасна. Се прашувам кој последен, Баш последен, тоа место, заради она што беше некогаш ќе го бара Така медитираше Филип Ларкин во песната Посета на црквата од 1954 година, откако влегол во празна градба за да ја одмери одвнатре како човек без вера. Не пронашол многу смисла, но го почувствувал значењето кое тоа здание го има за историјата и културата на земјата, можеби и за човечката ...
На 27 септември (среда), со почеток во 20 часот,во објектот Даут пашин амам, дел од Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена изложбата на уметникот Симон Шемов со наслов „Мултиверзум“. „Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста. Вечноста не е физичко ...
Денес (26 септември) со почетоко во 19:19 часот во Културно информативниот центар – Скопје ќе биде промовирана збирката раскази „Систем на сетилности“ од Елизабета Костадиновска Линднер во издание на „Антолог“. Книгата ќе ја промовира Радмила Ванкоска, а извадоци од книгата ќе чита авторката. „Систем на сетилности“ e збирка раскази што содржи тринаесет текстови. Овој „систем“ се протега низ повеќе од дваесет и пет години и се менува во ...
Омнибустопија слави полујубилеј! Програмата на нејзиното петто претставување ќе биде делумно во знакот на ремикс уметностите. По три години, повторно, дел од настаните ќе се реализираат во автобус. Ќе имате можност да проследите ексклузивни концерти, изложба, разговори и работилници. ГЛАВНА ПРОГРАМА 28 септември, четврток: Автобус на ЈСП, фонтана на Градски парк | 20:00 - Концерт на Драган Теодосиев трио (Благојче Томевски – кларинет; Стефан ...
Едно од најновите изданија на американската поштенска служба содржи суштества толку микроскопски што се премногу мали за задната страна на поштенската марка. Неодамна објавената колекција „Животот под лупа“( Life Magnified ) содржи дваесет од најситните живи форми во светот, од кластер на еластични црвени крвни зрнца и прамен од коса до широката мрежа на мозочни неврони на глувче. Додека за повеќето поштенски марки е потребно намалувалување на ...
Фугази, легендарниот пост-хардкор состав, зазема посебно место меѓу најважните бендови од американската андреграунд музика во 20-от век. Нивниот музички, политички и општествен придонес не можеме да го преувеличиме, а нивното наследство и денес има силно влијание. Музички ги надминуваа стиловите, ја негуваа Направи сам етиката, се придржуваа до деловните принципи кои ѝ контрираа на музичката индустрија. Фугази, кои се формирани 1986 година, брзо ...
Книжевниот центар „Антолог“ извести дека на претпоследниот состанок на комисијата за доделување на наградата „Драги“ е одлучено во третиот и последен круг на селекција да влезат пет преведувачи со изданија објавени од три издавачки куќи и преводи направени од пет различни јазици. Комисијата во состав на Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), ...
Во вторник, 26 септември, во рамките на „Прво па женско", на Академската сцена на ФДУ со почеток од 20:00 часот, ќе може да го погледнете првиот соло театарски проект на пистелката и драматург Јасна Жмак насловен како “This is my truth tell me yours”. “Тhis is my truth tell me yours” е авторски проект на пистелката и драматург Јасна Жмак во кој таа се занимава со својот однос со уметничкото поле на делување, преиспитувајќи ги своите и авторските ...
Пред околу 100 години е роден еден од најголемите психолози и истражувачи на генијалноста на креативноста, Френк Барон. Тој починал во 2002 година и зад себе оставил значајни истражувања. Резултатите од истражувањата што ги спровел во текот на педесетите и шеесетите години се темел за сите подоцнежни истражувања за генијалноста и креативноста. Барон влегол во историјата бидејќи успеал на едно место, во една куќа во Калифорнија, да собере повеќе ...
Вечерва во 19:00 часот во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе биде претставена графичката книга „Верлосен, Арт-зборник“ од Симон Калајџиев. Промоцијата ќе биде во вид на разговор меѓу авторот Симон Калајџиев, приредувачката Зориа Петкоска и промоторката на изданието Дијана Томиќ Радевска. Книгата е во издание на издавачката куќа Флип Бук Букс од Скопје. „Верлосен Арт – зборник“ е иновативно издание од областа на научната фантастика кое ...
Погубното одолговлекување е еден од вообичаените одговори на Европската унија во моменти на најдлабоки кризи. Проблемот не е само во тоа што никогаш не е лесно да се придобијат 27 премиери или претседатели на држави да се сложат со нешто. Проблемот е и во нивните мотивации и склоности себеси да си поставуваат погрешни прашања кои полека но неизбежно ги водат кон прифаќање на штетните државни политики. По пропаста на Леман Брадерс во 2008 година, ...
Швајцарскиот писател Макс Фриш (Max Fricsh, 1911 – 1991) на едно место во својата новела Човекот се појавува во холоценот (Der Mensch erscheint im Holozän, 1979) вели: „само човекот доживува катастрофа, под услов да ја преживее; природата не препознава катастрофи“. Оваа провокативна забелешка директно ја отвора можноста одблизу да се испита содржината и значенските рамништа на научниот и книжевниот дискурс што како свој предмет ја има ...
Третото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 24 до 28 септември на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. Ќе гостуваат поети од Данска, од Малта, од Франција/Сирија, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и над 50 домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 27. септември во 20:00 ...
Тогаш кога на хоризонтот, чист како солза, росата се меша со магла, муграта со заод, а ѕидниот часовник, стар и секогаш точен, панично одѕвонува полноќ на пладне, време е за дивеење на свирепата ламја, опашеста сестра на многуглавата хидра пред која и дрвјата свиваат крошни, птицитe уплашенo нурнуваат в небо, јатата риби полетуваат низ немирни води, бура што луѓето ја следат без здив кога преметкува сѐ, а штом запре, веќе никој не сака да слушне ...
На 23 септември 2023 година, во 18:30 часот, во Мала сала при НУ Завод и Музеј во Битола, ќе биде отворена групната изложба со наслов "Неоматеријални изрази". „Неоматеријални изрази" е уметничка изложба која ја истражува врската помеѓу материјалноста и неоматеријалноста во епохата на дигиталната револуција. Овој уметнички проект претставува дела од искусни уметници кои го испитуваат концептот на неоматеријалност, и како истата влијае врз нашата ...
Пред неколку дена (на 19.09.23.) во Музејот на современетата уметност во Скопје се одржа еден од позначајните културни настани годинава: изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. „Замислен како ’тотално уметничко дело’, овој проект преку богат иконографски фундус и комплексна мрежа од релации, и комбинирање на неколку уметнички дисциплини (визуелна уметност и експериментален филм, анимации и музика) се ...
Од рацете на Фернандо Ботеро е родена карактеристична форма на уметност. Сликите и скулптурите кои прикажуваат тркалезни и обемни уметнички форми го воспоставуваат неговиот јасен, изразен и кружен стил. Некогаш во Колумбија 1944 година, град Меделин, Колумбија. Еден млад ученик матадор, на дванаесет годишна возраст, има прилика за првпат да гледа двајца фокусирани и храбри луѓе, кои влегуваат во арената на бикови на коњ, подготвени да го соборат ...
Второто издание на Маалскиот фестивал во организација на КСП „Центар – Јадро“ официјално ќе биде отворено со книжевен бал и изложба на дела изработени на работилницата за креативно пишување за млади, „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, под менторство на компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска. „Без разлика дали ќе дојдете во тиква или во бела и раскошна кочија, во 19 часот ќе се запознаете со книжевни ликови создадени од тон имагинација ...
„Изгледа дека ерата на слободната трговија е завршена. Како ќе се развива светската економија во ера на протекционизам?“ Деновиве ова е едно од најчесто поставуваните прашања. Но опозицијата на слободната трговија и протекционизмот (како и пазарите и државите или меркантилизмот и либерализмот) не е особено корисна за разбирање на денешната глобална економија. Освен што пружа погрешна претстава за поновата историја, таа неправилно ги прикажува и ...