
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Луј Брај е роден на 4-ти јануари 1809 година во градот Кувре, недалеку од Париз. Поради незгода ослепел уште во својата трета година, па знаењето прво го стекнувал само устно. Меѓу своите врсници се истакнувал по способноста за лесно и брзо учење, па на десетгодишна возраст добива стипендија од Кралското здружение за слепи младинци во Париз, каде што го продолжува своето образование. Во новото училиште повеќето од наставниците им се обраќале на ...
Малкумина од нас - институционално или индивидуално - се сеќаваат како изгледаше историската траекторија која нè доведе до идејата според која пет дена неделно и осум часа дневно е количина на труд соодветна за човекот (западен). Иако бројни луѓе ги дадоа животите, на самите работни места и на барикадите, за нашата замисла за трудот и работното време чија политичка димензија одамна е заборавена. Како да дошло до судбинско коинцидирање помеѓу ...
Тина Тарнер, моќната пејачка чиј рапав вокал, сексуален магнетизам и експлозивна енергија - беа елементи што ја чинеа незаборавна изведувачка во живо и една од најуспешните музичарки на сите времиња, почина во средата во Киснахт во Швајцарија. Имаше 83 години. Нејзиниот публицист ја објави веста за нејзината смрт, но не ја наведе причината. Пред неколку години доживеа мозочен удар и се бореше со болест на црниот дроб. Тарнер се впушти во ...
Според пресметките засновани на Statista Market Insights и податоците за населението на Светската банка, кинеската индустрија за мед заработила 17 долари по жител на Кина во 2021 година. Така, освен што Кина е земја која во светот произведува најмногу мед, таа е лидер и во приходите по глава на жител генерирани преку еден од најстарите и најкористени засладувачи во природата. Втора е Канада која обезбедува 9,8 долари од индустријата за мед, а ...
Оваа недела ви носиме извадоци од романите на Михајло Свидерски и Александар Русјаковски кои се натпреваруваа за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“. која е во соработка со Окно. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“ Нозете ми се враќаат назад, ходникот никогаш не ми бил толку долг, до недоглед, тромо се движам кон вратата, во мене илјада светови се борат еден со друг, чувствувам дека ова не е нешто добро, ...
Иван Шопов Се сеќавам на возбудата кога во средно училиште во раце ми падна збирката „Еден збунет млад човек“ од Марко Петрушевски. (Цаци, фала!) Искрено им завидував на сите што имаа свој примерок, додека јас морав да се задоволам со фотокопија. Збирката ја обожаваа и оние што (барем декларативно) мразеа поезија... На неговите стихови се навраќав со насмевка. И понатаму ќе го правам тоа, само што насмевката отсега неминовно ќе содржи и тага. ...
Дозволи ми да ја ставам ракава на твоето срце да осетам како чука и моево да го ускладам со твоето дозволи ми со ракава да го чујам твоето млеко како ти шепоти од телото со ракава да дознаам дали го шепоти моето име зашто мојата крв го вреска твоето дозволи ми да ја ставам раката таму и да го почувствувам ритамот на твојата воздишка така ќе видам дали воздивнуваш по мене но колку и да се трудам не можам да те излажам ти знаеш сето ова се евтини ...
„Веќе ги дозволивме трите нешта кои не би требало да се дозволат во развојот на вештачката интелигенција“ Тегмарк вели дека бројни научници од областа на развојот на ВИ веќе со години предупредуваат дека постојат три нешта кои не би смееле да се случат. „Првото е да се научи ВИ сама да пишува кодови зашто тоа е прв чекор кон повторувачкото самоусовршување кое на вештачката општа интелигенција може да ѝ овозможи да дојде до многу повисоки нивоа. ...
На парламентарните избори кои се одржаа во неделата на 21 мај надмоќно мнозинство гласови освои конзервативната Нова демократија (НД) на досегашниот премиер Киријакос Мицотакис. Но ова мнозинство сепак не е доволно за Нова демократија веднаш да формира влада па кон крајот на јуни се очекува втор круг од изборите. Нова демократија освои 40 проценти од гласовите, двојно повеќе од левичарската Сириза со 20 проценти, додека социјалдемократите од ...
Во петокот Џевад Карахасан почина на 70-годишна возраст. Овој југословенски и босанско-херцеговачки писател, драматург, есеист и романсиер е роден во Дувно, 1953 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Сараево, студирал компаративна книжевност и театрологија, а докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб. Книгите на Карахасан се преведени на дваесет светски јазици. Војната во БиХ во 1992 година го затекна на позицијата професор, подоцна ...
Нештата секогаш може да интерпретираат од аголот на гледањето на работите и да се ставаат во рамката која однапред сме ја одредиле, но нивното именување, по правило, никогаш не може да биде предмет на импровизација. Бобот е секогаш – боб, а попот – поп. Според таа логика толкувањата дека изјавите на премиерот Ковачевски коишто дојдоа како реакција на изјавите и постапките на бугарскиот лидерски двоец Радев/Јотова, се спротивни, односно ...
Најмногу го сакаше крајот на летото, есента не ја сакаше, а можеби веќе дојде есен, сеедно. На плажата стана посвежо и тој уживаше да шета покрај водата, откако ќе зајде сонцето, тогаш ја нема толпата, а водата е тишина и нечистотија. Понекогаш му се чинеше дека водата е смртоносна, па на галебите не им се спиеше или ги мрзеше да спијат. Галебите слетуваа и се нафрлаа врз него, врз неговите очи и душа, на она што остана од неговата душа, од ...
Во рамките на фестивалот за феминистичка култура и акција - ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржува во Музејот на Современата Уметност (МСУ), ќе имаме можност да присуствуваме на интересен настан (rad road talks), на кој ќе разговараат две истакнати филозофки: Сенка Анастасова и Џоди Дин. Настанот е закажан за 29 мај 2023 година, во 17 часот, а темата е интерсекционалниот хуманизам денес. Џоди Дин е американска политичка теоретичарка, филозофка и ...
Џон Мекфол е првиот пара-астронаут на Европската вселенска агенција, избран да учествува во истражување колку е изводливо некој со физичка попреченост да живее и работи во вселената. BBC News му се придружи на параболичниот лет, каде што тој ја искуси бестежинската состојба по прв пат. Во еден момент Џон Мекфол лежи на подот на леталото. Следниот момент, тој почнува да лебди нагоре, се́ уште во хоризонтална положба, навидум левитирајќи кон ...
Кога ќе помислите дека нешто е невозможно, само сетете се на симпатичното пресреќно распеано лиценце на Нијаз Јусуфи во неделата на стадиончето во Кавадарци. И на Грне, онаков созреан, голем и исцрпен, како еден по еден ги гушка играчите, речиси задушувајќи ги во градите. Или на Бајо, дотеран за пригодата, како со раширени раце успорено чекори по тревата, како во некој старовремски филм во кој на крајот доброто победува. Некој би рекол дека ...
Мочуриштето Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата. Денеска овде беа одбележани Денот на Натура 2000, најголемата мрежа на заштитени области во светот, која покрива една петина од територијата на Европа и Светскиот ден на биолошката разновидност. Белчишко Блато е дел од Емералд мрежата ...
Голем дел од овие фигури се појавуваат и во старите и во новите приказни, а некои успеале да си обезбедат сигурно место во историјата. Па да ги погледнеме вештерките - и древни и/или од модерната историја кои сите би требало да ги знаат. И покрај тоа што овие вештерки (веројатно?) немале магични моќи, тие сигурно живееле некогаш во историјата. Морничаво! Изобел Гоуди Оваа шкотска вештерка е посебна бидејќи се исповедала за своето маѓепсништво ...
доjдов порано на закажаниот состанок со еден пријател таа седеше на соседната маса и додека го чекав погледите ни се сретнаа па така, се запознавме се бакнавме се засакавме ни беше супер, но Ирена не беше подготвена за долга врска, за големото вкотвување, сакаше да види што има после мене раскинавме, за два месеца ја видов со друг, па со трет ама дојде момент и таа осети потреба да застане крај некого, а тој некој се погоди да биде оној мој ...
Не се сеќавам како се запознавме со Марче. Во Универзитетска библиотека или ви кафана? Марче му беше прекар на Марко Петрушевски. Прекарот укажува на отвореноста, искреноста, на детето во него, што до последните денови не се изгуби. Тогаш беше „љубител на добрата капка“, како и јас, но не се здруживме поради тоа туку поради хуморот, насекаде што го гледавме. Не беше тоа обичен хумор, со вицеви и досетки, туку хумор со фантазија, со измислување. ...
Ако продолжи неконтролираниот развој на вештачката интелигенција (ВИ), воден од конкуренцијата помеѓу компаниите, ако не паузираме за да ги одредиме насоките и регулациите за нејзиниот развој, би можело да ни се случи таа да нè надвладее и истисне како што Хомо сапиенсот ги истиснал неандерталците, предупреди во неодамна објавениот разговор физичарот и истражувач на вештачката интелигенција Макс Тегмарк. Отворено писмо за мораториум на развојот ...
Желки, јагули, пајаци, птици, рипки, но и лавови, волци, мечки, рептили, змии… голем број диви животни се предмет на нелегална трговија преку македонските граници, но и внатре во земјата. Овој криминал, иако многу често поминува под радарот на институциите, медиумите и јавноста, сепак од година во година станува сè поприсутен, а во институциите веќе постојат документирани случаи на шверц или обиди за нелегално пренесување или продавање диви ...
Посветено на Ферус Мустафов 13 март 2018, Пазин Во околината на Куќата за писатели во Пазин ечеше плочата „A Love Supreme“ на Џон Колтрејн. Соседите не ја препознаваа музиката, но набрзо сфатија дека вревата доаѓа токму од куќата. Нивното трпение и толеранција траеја околу половина час, но потоа еден од соседите се упати кон Куќата и заѕвони на ѕвончето. Му отвори гостинот, односно привремениот домаќин, 30-годишниот писател од Македонија. Беше ...
Во многу демократии ширум светот настапува la lutte finale, „последната и одлучна тешка битка“. Незаборавниот стих од рефренот на старата социјалистичка химна, Интернационалата, добро опишува поголем дел од современата демократска политика. Кога ја најави својата кампања за претседателските избори во 2024 година, Доналд Трамп на своите следбеници им рече дека пред нив е јасен избор - или ќе му обезбедат победа или „нашата земја ќе биде засекогаш ...
PrivatePrint studio е асоцијација за интердисциплинарно истражување и пракса во современата уметност, основана во 2018 година. Целите на студиото се насочени кон научно и интердисциплинарно истражување и пракса во современата уметност и култура, со посебен фокус на уметничките книги како модел за современа уметничка пракса, гледана во поголем социокултурен контекст. Активностите на студиото вклучуваат организирање на изложби, публикации, ...
Таки Павловски, македонскиот сликар почина на 84 годишна возраст, на 18-ти мај, во својот сон. Роден е на самиот почеток на Втората светска војна во с. Желин (Костурско) и се смета себе како „дете на прогонот и вечниот немир“. „Моето детство беше растргнато, разграбено, уништувано. Тоа беше време на војни и прогони.“ Одлучувачките моменти за определност кон уметноста како животен повик, биле соочување со сликите на Димитар Пандилов и изложбата ...
Вториот дел од скопскиот градски парк пред земјотресот беше како прашума: имаше делови натскриени со крошни што правеа долу влажен самрак среде ден; имаше езерца и канали што беа плавени речиси секоја година, та во нив опстојуваше една цела барска биоценеза; имаше ливади што се шаренееја секое лето од милијарди разнобојни пеперутки; имаше на вардарските брегови вирови длабоки и мрачни, врбјаци густи, речни островца на кои неретко ќе видевме диви ...
пред некоја вечер, влегувам во New Age седнувам на маса, порачувам пијачка и чекам чекам да се случи нешто гледам наоколу многу луѓе исто како мене седат и ја пијат својата пијачка и чекаат чекаат да се случи нешто и вие што ја читате оваа песна чекате да се случи нешто во неа. барате нешто нешто посебно, да ве возбуди, да ве удри. веднаш ќе ви кажам, залудно чекате ништо нема да се случи во оваа песна. се смешкате, не ми верувате, си велите, ...
Кери Барнел е британска глумица, авторка и ТВ водителка. Напиша бајка за вила со едно крило која потоа ја изведуваше на театарска сцена. Зад себе има низа семејни претстави и ударни телевизиски емисии. Во 2009 година почна да води детски емисии на Би Би Си, што предизвика бурни реакции кај родителите: се жалеа дека еднораката водителка ги плаши децата. Со поддршка на организациите за права на лицата со инвалидитет продолжи да води детски емисии ...
Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“, почнува вечерва на Мала сцена во Филхармонија. Фестивалот ќе трае до 20 мај. Организаторите на фестивалот најавија најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. „Ми се чини дека нашиот фестивал полека почнува да добива облик, па и да стои на сопствени нозе. Четврто издание, најквалитетна и ...
Документарецот „Се издигнуваме“ кој ја следи приказната на бендот Делта 7, чии членови имаат ментални инвалидитети е виден од милионска публика откако му е доделена престижна филмска награда. Делта 7 е рок бенд кој неодамна го објави својот деби сингл, The Jungle. Тие како и сите останати рокери - сакаат да бидат гласни. Самите ги пишуваат сопствените песни кои често содржат политички пораки. Нивната заразна хипнотичка музика е инспирирана од ...