Норвешкиот писател Јон Фосе е овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература поради „неговите иновативни драми и проза која дава глас на она што не може да се изговори“, соопштија од Нобеловиот комитет. Фосе е роден во 1959 година во норвешкиот град Хаугесунд, каде што како дете преживеал сериозна несреќа поради која безмалку го изгубил животот. Ова искуство има оставено длабока трага во неговите дела. Неговиот дебитантски роман ...

Според познавачите, Кан Шуе, Харуки Мураками, Маргарет Атвуд и Салман Ружди се меѓу потенцијалните автори добитници на овогодинешната Нобелова награда за литература. Кинеската авангардна авторка Шуе (70) ја предводи групата големи писатели, кои годинава се во трка за освојување на престижната книжевна награда. Победникот треба да биде објавен денеска околу 13 часот. „Тоа е широко отворено поле што се однесува до можностите, но најновите бројки ...

Во петок, 6 октомври 2023 година, во театарот “Сенки и облаци”, со почеток од 19:00 часот ќе биде поставена првата самостојна изложба на Ивона Ѓорѓиовска Кузманоска, насловена како „Фантастично Џагуре“. Кога во потрага по фантастичен ден, си ни на небо ни на земја, ќе погледнеш низ брдото играчки, низ елката од нездиплени алишта, низ зградите од неизмиени чинии, таму ќе здогледаш едно фантастично џагуре, кое зборува на јазик непознат за нам ...

Во петок, 6 октомври 2023 година, во театарот “Сенки и облаци”, со почеток од 19:00 часот ќе биде поставена првата самостојна изложба на Ивона Ѓорѓиовска Кузманоска, насловена како „Фантастично Џагуре“. Кога во потрага по фантастичен ден, си ни на небо ни на земја, ќе погледнеш низ брдото играчки, низ елката од нездиплени алишта, низ зградите од неизмиени чинии, таму ќе здогледаш едно фантастично џагуре, кое зборува на јазик непознат за нам ...

Вирџинија Вулф со колегата од групата Блумсбери, Литон Страчи, на фотографија од Лејди Отолин Морел. Кога Вирџинија Вулф го поканила Т.С. Елиот на викенд во село во 1920 година, поканата ја завршила со следните зборови: „Ве молам не носете облека“. Предлогот не значел дека „Том“ треба да пристигне гол во Источен Сасекс. Таквата можност сепак била малку веројатна бидејќи во тој момент поетот сè уште работел како службеник во банката „Лојдс”. ...

Денес (5 октомври),2023 година во 19 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложбата насловена „Животи обликувани од вода“. Изложбата „Животи обликувани од вода“ ја открива сложеноста на нашиот однос со реките и ги документира врските меѓу луѓето и реките преку објективот на седум етаблирани фотографи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Изложбата е дел од иницијативата ...

Дали можете да ги забележите мајките на овие чудни фотографски портрети? Со време на експозиција од половина минута, викторијанските мајки кои сакале портрет на своите деца морале да се маскираат како столици, каучи и завеси за да ги држат своите деца мирни. Резултатите, забележани во книгата „Скриената мајка“ на Линда Фрегни Наглер, се истовремено трогателни, вознемирувачки, но и бизарни. „Скриената мајка“ се состои од 1.002 фотографии, сите ...

Пред извесно време вниманието ми го привлече едно обемно истражување објавено во стручно списание од областа на епидемиологијата, во кое на огромен број учесници е испитувана можната врска помеѓу нивната интелигенција измерена во младоста и очекуваниот просечен животен век остварен подоцна. Истражувањето опфати 1.107.022 учесници од кои во меѓувреме 22.453 починати, при што биле земени предвид хетерогеноста на урнекот и собраните податоци за да ...

Химната, како еден од симболите на државата, законски е утврдено кога, каде и како се изведува. Секој понеделник учениците во основните училишта во Општина Аеродром пред почетокот на наставата, построени во училишниот двор, ќе го слушаат интонирањето на химната на Македонија. Практиката што ја воведе поранешниот градоначалник Ивица Коневски (ВМРО-ДПМНЕ), па беше прекината во времето на Златко Mарин (СДСМ), сега повторно, на средина од мандатот ...

По кратко боледување, на 83-годишна возраст почина театарската, филмска и телевизиска актерка Ратка Радмановиќ. Родена во Кочани, во 1940 година, Радмановиќ оствари впечатливи улоги на сцените на македонските театри, во Кочани, Струмица, Штип и Куманово, а особено во Битолскиот народен театар каде долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот. Ратка се прослави како веќе пензионирана актерка со впечатливите улоги во ...

04/10/2023 11:57 - Окно

Една мрачна ноќ, кога зимски ветри Прозорци тресеа и опсипаа стакла, Кога несоница ми измачуваше душа, Старата завеса наеднаш се повлече: И додека ужаснат привидение чекав Низ прозорецот ѕирна некој млад, николкав, Од доба далечна, светкав и синкав... И тогаш завесата падна. Кој беше тоа, не знам. Ниту кој тајната би ја знаел, И зошто ноќта со нас се шегува така; ‒ Или ништо немаше, можеби; но јас Потоа долго, долго, не знам зошто, јачев... ...

Во домот на Васил, во аголот над неговите бастуни, подредени се медали кои тивко сведочат за животен пат кој е одбележан со многу труд, упорност и напор, но и со непоколебливост која го разгорува и му дава живост на неговиот дух. Животот го смести во инвалидска количка, но тоа не му ја згасна одлучноста, напротив, тој е овде за да ни покаже дека постои еден поинаков вид на маратон, оној каде што финишот останува недефиниран, но тој продолжува ...

Во последните неколку години бројот на живородени деца во земјава постојано се намалува. Тука, согласно евиденцијата според меѓународните дефиниции и стандарди, децата што се родени во друга земја од родители кои се наши државјани, не се бројат како население во нашава земја. Затоа велам дека сè помалку се раѓаат деца во земјава, а повеќе надвор од нејзините граници. Во 2022 година бројот на живородени деца изнесуваше 18.073, а надвор од нашата ...

Извештајот Глобал Стоктејк (Глобален преглед на состојбата), кој кон средината на септември го објавија Обединетите нации, го потврдува она што веќе го насетувавме: многу земји не прават доволно за да ги ублажат климатските промени. „Глобалниот преглед на состојбата е вежбање на амбициите. Тоа е вежбање на одговорноста. Тоа е вежбање на забрзувањето“, рече Сајмон Стил, извршен секретар на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатските ...

Во ера обележана oд неизвесности и повеќеслојни предизвици, улогата на уметноста во воведувањето на критичните политички и општествени прашања во јавната сфера никогаш не била позначајна. Уметноста, во нејзините многубројни форми, служи како динамична и влијателна сила, способна да инспирира дијалози кои ги поставуваат на површина фундаменталните грижи на заедницата. Таа, кога е поставена кон и за општеството може да ја рефлектира колективната ...

Наградата „Драги ” за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво ” од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа „Артконект”. Комисијата за доделување на наградата беше составена од Јана Михајловска, Лидија Капушевска- Дракулевска и Милан Дамјановски. „Златко Панзов успешно се справил со предизвиците на преведувањето и сосема солидно го пренел историскиот, нималку лесен, ...

Вечерва (3 октомври), со премиера на претставата „Фирма”, во драмски театар почнува регионалниот театарски фестивал „РУТА”. Фестивалот ќе трае до 8 октомври, а македонската публика ќе може да ги види „Декамерон” на Градско позориште Подгорица, „Нора” на Местно гледалишче Љубљана, „Син” на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите” на Београдско драмско позориште. „РУТА” завршува со претставата „Отело” на театарот Улисис од Хрватска. ...

Фондацијата Хајнрих Бол од Сараево организира самит со наслов The New Gen(D)eration, кој ќе се случи на 4ти и 5тти октомври 2023год. во хотел Холидеј Ин, Скопје. Самитот се реализира во соработка со Коалиција Маргини (Скопје) и со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna. Преку овој собир на активистки, академици, истражувачки, креатори и креаторки на политики и други оператори од регионот и пошироко, е да се продлабочи разбирањето, да се ...

02/10/2023 03:14 - Окно

Мислев ќе се опијаниме Но не се опијанивме Мислев ќе ги најдеме изминатите денови Но не ги најдовме Мислев ќе бидеме радосни Но не бевме радосни Мислев ќе се сетиме Но не се сетивме Мислев ќе тргнеме Но не тргнавме Постојат некои градови ноќе Но не ги најдов Постои тага Но не бев тажен Постои некој крик тивок и глув Но останал далеку Ариите мислеа дека можам да ги слушнам Но беа само некаков мал плач Имаше некоја желба Но дојде само никаде ништо ...

Над 11 илјади учесници од 53 држави настапија на годинашниот Скопски маратон. Рекреативци, професионалци, млади и стари, трчаа низ улиците на Скопје, натпреварувачки се во пет трки. Прв патеката долга 42 километри ја мина Виктор Киплагат со време од 2:15:09 часа , што беше да речиси една минута побрзо од сонародникот Черот Лабан (2:16:03). Македонскиот маратонец, Дарио Ивановски имаше за речиси 3.минути послабо време (2:19:08) и заврши како ...

Времињата се сменија. Новинарот веќе не може да биде неутрален пренесувач? Пренесено од Дојче веле Со децении мантрата во журнализмот на овие простори (и југословенски и македонски) беше дека една новинарска сторија, па макар и помала информација, треба во основа да ги содржи обете страни за еден настан, а новинарот да биде како некаков неутрален пренесувач, па читателот нека си донесе свој заклучок. Ставовите беа оставани за коментарите. Но ...

Тајванскиот илустратор Инка Пан создава прекрасни имагинарни пејзажи во сензитивно обоени слоеви со употреба на техниката гваш и мастило. Се чини дека неговата инспирација речиси целосно потекнува од природниот свет, со бујната вегетација која во голема мера е присутна во неговите дела, како и чудeсните елементи од источната митологија искористени со мерка. И покрај овој прилично чуден и деликатен пристап кон илустрацијата, Инка редовно ги ...

Изложбата на Митко Панов насловена„Наместо вовед“ ќе биде отворена на петти октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица. Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност концептот е приказ на творештвото каде авторот е визуелен раскажувач. Митко Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза помеѓу ...

Десет европски автори, четириесетина македонски учесници од различни генерации, претставници на реномирани издавачки куќи и фестивали од регионот, како и доделувањето на наградите „Драги” ќе го означат деветото издание на фестивалот за европска литература „BookStar” кој годинава се одржува од 2 до 4 октомври во Скопје. „Фестивалот „BookStar” отсекогаш ни носел автори и дела кои ги предизвикуваат поставените наративи, идеи, предрасуди и status ...

Експоненцијалниот раст на меѓународните текови на капиталот, пред сè во форма на долгови, е еден од најголемите развојни учиноци последниве 50 години. Меѓутоа, иако странските кредити за земјите во развој одиграа централна улога тие сепак се меч со две острици. Ако се употребат правилно можат да остварат голем профит, поттикнувајќи раст на БДП и зголемувајќи ја благосостојбата на земјите кои земале кредит. Ако долговите само се натрупуваат и ако ...

Темата за националните интереси воскресна како феникс во дебатата за уставни гаранции на правата на бугарското малцинство. Не остана политичка партија или политичар кој не рече дека ги брани националните интереси, а дека некој друг ги „распродава“. Кој кажува што е национален интерес? Во политичката теорија, постои едногласност дека државниот интерес обично го дефинира владата. Да речеме, „успешното водење на пристапните преговори со Европската ...

Антонио Брисењо е венецуелски фотограф и биолог чија работа промовира зачувување на природата и домородните култури. Во своето драматично дело насловено „Боговите на Америка“, Брисењо создава динамични портрети на домородните луѓе поставени наспроти природните и културните пејзажи. Брисењо ги спојува сликите на исконските средини и духовните водачи во визии кои ги евоцираат архетипите кои вообичаено се среќаваат во човечките култури низ времето. ...

На 30-ти септември (сабота) во пабот Порта Џез во Битола, во организација на Дебатно Кино Контра Кадар и Пондер ќе се одржи саем на книга и стрип. Посетителите на саемот кој ќе биде отворен во 12 часот, ќе имаат прилика да присуствуваат на промоции на стрипови и книги, интересни книжевни дискусии и да слушаат супер кул домашна музика. Дел од овој настан ќе бидат и книгите на неколку скопски издавачки куќи и книжарници: „Темплум”, Или-или”, ...

29/09/2023 10:38 - Окно

Сенка пред изворот на мастилото Во ползавецот мастило И горе високо мастило Ѕвезди паѓаат во мастило Од далечина се тркала мастило На лицето ми сјае мастило Овде помина војската на мастилото Со топови полни мастило Секое утро илјадници гулаби полетуваат од мастило Аријадна лежи мртва Широкиот фустан ѝ е исфлекан од мастило На патот дете, на џбунот птица, полни со мастило Сите патеки водат во мастило Пејзажот е потопен во мастило Грмушките немаат ...

Деветтото издание на филолошката студентска конференција „Како си ми?“, ќе се одржи на 30 септември, сабота, со почеток во 10 часот. Во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, студентите филолози ќе ги претстават своите најдобри истражувачки трудови пред своите колеги, професори и љубители на филологијата. Конференцијата има за цел да ги собере на едно место проучувачите на филологијата, при што студентите ќе можат да ги ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
92%
1022
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
93%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
0.0
69%
1024
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.77
97%
1025
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
84%
1021
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1021
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
0.89
88%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
92%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1023
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Калај

43.93

Сребро

2159.01

Иридиум

145787.60

Платина

64479.52

Паладиум

54591.97

Злато

139515.92

Алуминиум

2.95

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Бакар

11.07

Родиум

258813.51