
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, но дека средби остварувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ. Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се сретнал со Груевски во Будимпешта, но и за придобивките кои ги има земјава од заедничката седница и посетата таму, рече дека таква средба немало, ...
Турција ќе почне да гради ѕид на границата со Грција со цел да спречи илегални влегувања во Европска Унија, изјави гувернерот на турската провинција Едрене, Јунус Сезер. – Планирано е годинава да почне изградба на 8,5 километри, истакна Сезер, чија покраина граничи со Грција и со Бугарија. Тој додаде дека другите делови од ѕидот би требало да бидат подигнати подоцна долж копнената граница помеѓу Турција и Грција, долга околу 200 километри. ...
На подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.03.2025) полициските службеници, во рамки на интензивните сообраќајни контроли, издадоа вкупно 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. -По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 227 се однесуваат на непрописно паркирање, а ...
Во петок (7 март), во гратската библиотека “Бака Миладиновци“ во Радовиш, од 18 часот ќе се одржи панел дискусијата, која е насловена: “Како очигледното да стане видливо”. На панел дискусијата ќе говорат: Вангел Божиновски – архитект, Јовица Илиќ – филозоф, Теодора Костовска – психолог, во едно и модератор на дискусијата. Крајот на дискусијата му е доверен на Вангел Божиновски со претставувањето на неговото последно пишано дело “Вонбилансната ...
Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина Карпош, каде при пад на гранка од дрво вчера 10-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди. -Детето е хоспитализирано и се уште е под опсервација. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на целокупната документација за утврдување на староста и евентуалните барања за сечење и отстранување на ...
Во 30-члениот тим на македонската Влада во Будимпешта со изнајмениот турски авион на билатералниот самит со унгарската Влада, не беше ниту еден од шесте од ВЛЕН и двајцата од министри од ЗНАМ. Прашани секој поединешно зошто останаа дома, еден министер се оправда со грип, додека сите други имале веќе договорени настани, како што беше оној во Велес, каде министерот за социјална политика Фатмир Лимани имаше заеднички настан со претседателката на ...
-Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Киро Глигоров” во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен ...
Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонија пат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен. За назначувањето на функцијата заменик-директор информираше самиот Шуковски на неговиот фејсбук профил. – Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена, напиша Шуковски. Разрешувањето на Сашо Дранго ...
Новогодишна честитка испратена во декември од Скопје до скопска адреса стигнала во средината на февруари. Не е виц, не е мит, туку вистина што се провлекува последните години низ кажувањата на граѓаните. И не се само честитките. Државната пошта многупати е повикувана на одговорност за разноразни пратки, писма, особено службената достава, која решава дури животни ситуации. Дополнително со појавата на Е-трговијата во регионот на Западен Балкан ...
Група за сајбер криминал украла, а потоа препродала повеќе од 900 дигитални билети за концерти на американската пејачка Тејлор Свифт и други концерти на StubHub, соопшти обвинителството во Њујорк. Окружниот обвинител на Квинс Мелинда Кац рече дека меѓународната измама вклучува луѓе кои работат во Јамајка за фирма договорена од онлајн пазарот за билети, објави АП. Според обвинителите, криминалната група заработила повеќе од 600.000 долари меѓу ...
Поради посебен сообраќаен режим денес и утре центарот на Скопје, како и поширокото ентрлно подрачје треба да се избегнува. -СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по ...
Почна велигденскиот пост, најстрогиот пост кој трае 7 недели. Постиме и физички и духовно, и двата аспекти се подеднакво важни, бидејќи сме и душа и тело. -Седум недели се воздржуваме од мрсна храна во која спаѓаат сите намирници од животинско потекло. Значи, месото, јајцата и сите млечни производи. Се воздржуваме од лоши мисли, зборови и дела, од сите пороци и страсти, а ги зголемуваме молитвите и духовните содржини, изјави вероучителката ...
За да привлечете среќа и просперитет во вашиот живот, задолжително поставете 4 работи на влезот во вашата куќа. Влезот во куќата не е само премин бидејќи според многу традиции и верувања, ова е местото каде енергијата влегува во вашиот дом. Затоа е важно да внимавате на она што го чувате на вашиот праг. Ако сакате да привлечете среќа, просперитет и мир, овие четири работи се одличен избор. Растение за позитивна енергија Зелените пријатели како ...
Барни Диларстон решил да го истражи морското дно покрај брегот на Бали, па подготвил специјална камера. Чекал полноќ и тргнал во голема авантура, решен да ги пронајде необичните суштества. Врз основа на коментарите заклучуваме дека видеото ги исплашило и воедно ги воодушевило повеќето гледачи, а за се се „виновни“ необичните морски суштества. „Ајде да го истражуваме гребенот кога нема светлина. Ќе биде интересно“, рекол храбриот нуркач. Попатно ...
На листата најплатени глумци во светот за изминатата година, меѓу првите 10-мина, има само една жена: Никол Кидман. Следи целосниот список. Американскиот глумец и пејач Вил Смит заработил 26 милиони долари, заземајќи го 10. место пред Маришка Харгитај, која заработи 25 милиони долари. Неговата сума најмногу може да му се припише на филмот „Лоши момци: Сѐ или ништо“ (Bad Boys: Ride or Die) – 4. дел од серијалот, којшто годинава заработи 404,2 ...
На 12 и 13 април во Филхармонија по 22. пат на големата сцена ќе блеснат единствените “Поточиња” и ќе ја донесат омилената детска музичка приказна на сите генерации. Со многу љубов и внимание подготвивме нови песни кои со нетрпение чекаме да Ви ги отпееме, а фантастичниот Поки (актерот Мартин Јорданоски) е задолжен за атмосферата на фестивалските денови да биде на највисоко ниво. Затоа, Ве каниме сите заедно да играме, да пееме, да се смееме, да ...
Продолжува опсервацијата на петгодишното дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресив за возрасни и потоа било примено на Детската клиника во Скопје. – Петгодишното дете од Делчево синоќа беше примено на Детската клиника во Скопје со брза помош, со податок за испиени две таблети антидепресив за возрасни. Детете е примено во релативно стабилна состојба, мониторирано, во тек на дежурство со стабилни параметри. Денеска ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Ј. и Д.Ј., двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени ...
Од 30 до 35 отсто од луѓето во Македонија имаат веќе проблем со обезност, додека во светот бројката изнесува една милијарда. За десет години, според проекциите ќе порасне за 50 отсто, и тоа не само во развиените држави, туку и во државите што се во развој како што сме ние. Значи не е проблем само на популацијата што има подобри услови за живеење, туку и во државите кои што се развиваат, посочи министерот за здравство Арбен Таравари на денешната ...
На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа возило, а од неговиот заден дел виси мачка. Видеото се споделува од граѓаните и граѓанските активисти со осуда за мачење на животното. Од Секторот за внатрешни работи денеска информираат дека работат на расчистување на случајот. -Откако на социјални мрежи се појави снимката со возилото, полициски службеници од СВР Штип преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и за ...
Сo интонирање на националните химни и со највисоки државни и воени почести премиерот Христијан Мицковски и владината делегација што ја предводи беа пречекани денеска во Будимпешта на платото во кралскиот дворец од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Двајцата премиери одржаа тет-а-тет средба, а во тек е заедничката пленарна седница на двете влади., по што Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција, јави специјалниот известувач ...
По усвојувањето на дневниот ред, околу 11 часот и 15 минути дошло до судир во српското Собрание, при што биле испукани димни бомби, а собраниската сала набрзо била затрупана од чад, пренесува Н1. pic.twitter.com/SHzHaAs9u0 — MMMarija (@Marija64729972) March 4, 2025 Пратениците од опозицијата запалиле црвени димни бомби, а во салата имало видлив и црн и бел чад. Тие го развириле транспарентот „Србија се крева за да го урне режимот“ и го држеле ...
Трагедија се случила вчера во близина на Гевгелија. -На 03.03.2025 во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи” се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер” со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од село Собри, валандовско и мотоцикл „хонда” со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од село ...
Сите граѓани кои сметаат дека нивната сметка за потрошена електрична енергија е неточна имаат законско право да поднесат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум во рок од 8 дена. Пријавата мора да содржи број на сметка, опис на проблемот и копија од фактурата и се доставува на адресата [email protected]. Доколку граѓанинот не е задоволен од одговорот има право на жалба до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за ...
„Евент“ продукција го најавува првиот концерт на Пеѓа Јовановиќ и неговиот Big Concert Orchestra во Скопје! Концертот ќе се одржи во сабота, 5-ти април, во С.Ц. „Јане Сандански“. Пеѓа Јовановиќ, човекот кој со своите песни и настапи буди море од емоции, е дефинитивно еден од најпопуларните и најбараните пејачи на Балканот во последниве неколку години. Неговиот прв солистички концерт во Белград во ноември 2022 година означи почеток на серија ...
Македонските девојчиња Илина(18) и Ева(15) Соколовски повторно се закирија со злато и сребро на натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија. Илина освои злато, додека Ева сребро на традиционалниот натпревар, што се одржаа во Гутерслох пред две недели и се квалификуваа нa републичкиот натпревар, што пред неколку дена се одржа во Боркен, каде Илина освои сребро, а Ева со тимот го освои првото место. Двете од овој натпревар се квалификуваа на ...
Обилните врнежи ги претворија улиците на шпанскиот остров Гран Канарија во бесни матни реки, а нивото на водата се уште расте. Дејли Мејл пишува дека поројните поплави носат автомобили во морето, а локалните власти ги предупредиле туристите да не излегуваат. Невремето го погоди вториот по големина од Канарските острови, популарна дестинација за одмор. Се појавија снимки од валкани води кои незапирливо брзаат по другите острови во архипелагот, ...
Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама”, кои се извршени врз повозрасни лица, информираат од МВР. -Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, ...
Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави. Од АХВ денеска соопштија дека засилените контроли ќе се реализираат со земање лабораториски мостри за ...
Двегодишната Дуња Марковиќ, по која од вчера попладне интензивно се трагаше, утрово ја пронашла специјално дресирано куче од Планинската спасувачка служба, пренесува телеграф.рс. Херојот или хероината на потрагата е специјално обучено ГСС куче по име Мала. Девојчето било пронајдено во близина на локацијата од која исчезнала. -Цела ноќ го баравме теренот, а утрово, само што ја завршувавме таа последна зона, нашето куче трагач наиде на девојчето и ...