
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир. Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат ...
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144, Насилство врз дете од член 201-а, како и Предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот законик. Како што соопшти ОЈО, делата ги извршила последователно така што најпрво на 10 февруари при вршење семејно насилство му се заканила на сопствениот татко ...
Сѐ почна во Хрватска кон крајот на јануари. Веќе неколку недели, во земјата се одржуваат многубројни бојкоти на супермаркети, со коишто граѓаните го изразуваат своето незадоволство од сѐ повисоките цени. Исто толку незадоволни се купувачите и во други земји-членки на ЕУ, како и во неколку држави што сакаат да се зачленат во блокот. Бојкотот на продавниците го почна една група на Фејсбук наречена „Ало, инспекторе“. Движењето наиде на поддршка кај ...
Млад човек, доживеал „незгода“ затоа што во автобус во Белград го заборавил подарокот за својата сакана, која сакал да и го подари вечерва. „Заборавив букет со слика и кутија чоколади, подарок за Свети Трифун, во втобусот 37, ако некој го нашол ве молам да ми се јави“, стои во објавата на Инстаграм страната на Дневнадозабеоград. View this post on Instagram A post shared by Dnevna doza Beograda | Vesti i informacije za Beograd ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс остро ја критикуваше состојбата со слободата во Европа, при што посебно го издвои Обединетото Кралство. На денешното обраќање на Минхенскиот безбедносен форум, Ванс укажа на, како што рече, „повлекување на основните слободи“ во некои од земјите кои биле победници во Студената војна, пренесува Скај Њуз. – За жал, кога ја гледам Европа денес, не е секогаш јасно што се случи со некои од победниците на ...
Денес се збогуваме со проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер, чие влијание во медицината и образованието ќе остане запаметено. Проф. д-р Јуруковски беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што служеше како продекан и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство. Долги години беше и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, каде што неговите напори доведоа до воведување на современи медицински ...
Некогаш се веруваше дека бојата и видот на цветот може да носат скриени пораки. Што всушност значи секоја боја на роза. Црвена роза – симбол на љубов и страст Црвената роза е класичен симбол на љубов, романса и страст. Подарувајќи црвена роза, испраќате јасна порака до саканата личност дека ја сакате и дека сте заљубени. Црвената е најпознатата и најпосакуваната боја на Денот на вљубените, симболизирајќи длабока емотивна врска и страсни чувства. ...
Светската здравствена организација (СЗО) објави нови резултати од истражување што покажуваат загрижувачки ниска свест за врската помеѓу алкохолот и ракот во Европа, што ја поттикна да повика на воведување јасни и видливи предупредувања за алкохолните пијалоци, слични на оние на пакувањата со цигари. Алкохолот предизвикува 800.000 смртни случаи во Европа секоја година, но само мал процент од населението е свесен за ризиците, соопшти европската ...
Американка го прослави својот 104-ти роденден на необичен начин – со еден ден в затвор, соопшти Канцеларијата на шерифот на Округот Ливингстон. Според соопштението, Лорета – жителка на старечки дом во градот Авон во американската сојузна држава Њујорк, сакала да го одбележи својот голем ден со посета на поправниот дом. Вработените веднаш го контактирале одделот на шерифот, кој веднаш се согласил да ѝ ја исполни желбата. Пред турата низ затворот, ...
Српскиот актер со македонски корени, Милош Биковиќ уште со првата улога го привлече вниманието кај жените, но во серијата „Кукли“ се прикажува во поинакво светло, хариматичен измамник кој го користи сексот да манипулира со нив за да напредува во бизнис светот. Жешки сцени, голотија и мускулите на Милош, комбинација која го врати актерот на врвот како миленик на женската публика во регионот. Големата популарност што серијата „Кукли“ му ја донесе ...
Основното јавно обвинителство Битола, по пријава од Управата за финансиска полиција, започна постапка против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување, како и против три лица за несовесно работење во службата. Постапката е проширена и за едно правно лице и неговиот управител, кои не биле опфатени во пријавата од УФП. Сомневањата се дека директорот на РЕК Битола, заедно со други осомничени, незаконски избрал поскапа понуда за ...
Следната недела ќе биде познато дали ќе има ограничување на маржите на основните прехранбени производи, средствата за хигиена и бебешката храна. Претставници на трговците и дистрибутерите денеска имаа средба во Министерството за економија и дале свои предлози кои дополнително ќе се анализираат. – Трговците и дистрибутерите дадоа свои предлози и забелешки кои Министерството за економија и труд дополнително ќе ги анализира. На состанокот беше ...
Со изведување на материјални докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за убиството на Вања и Панче. Дел од изведените докази вклучуваа предмети собрани од местото на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу. -Работни ракавици и отпушоци од цигари пронајдени во пластична чаша. Пронајдени и подигнати при извршеното обезбедување на доказен материјал од извршен увид на 7.12.2023 ...
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање. Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност. ...
Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов. Како што посочи Клековски, побарани се две измени во правилникот, односно да се овозможи преместување на лекови од болничката на аптекарската позитивна листа, како и ...
Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов на заедничката прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Пандов нагласи дека по пронајдениот ...
Со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија со која чиноначалствуваше владиката Јоаким од Дељадровско-Илинденска Епархија, што се одржа пред голем број верници. Во рамките на манифестација ,,Саем на домашно вино” во организација на црковниот одбор на црквата ...
Дваесетте јавни здравстени установи кои веќе имаат изготвено нови систематизации, може веднаш да ги вработуваат планираните 300 приватни специјализанти од првата група, меѓу кои најзастапени се гинеколози и кардиолози, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. По посетата на реновираниот педијатриски пункт на поликлиниката Бит Пазар, Таравари, одговорајќи на новинарски прашања, соопшти дека само во скопските јавни здравствени установи ...
Се знае ли однапред директорот на Македонска Филхармонија уште пред да заврши конкурсот за избор, прашуваат од синдикатот на Филхармонијата, откако објавија видео од тв интервју на Изет Меџити од јуни, кога сеуште не беше формирана новата Влада, во кое тој вели дека новиот директор на Македонска Филхармонија ќе биде Албанец. Вработените сметаат дека Македонска Филхармонија не е институција за која треба да се дозволи непристојната лицитација на ...
Грбав кит проголта кајакар во теснецот Магелан, крај брегот на Чиле, за да го исплука неколку секунди подоцна. Адријан Симанкас возел кајак со својот татко Дел, кога ненадејно се појавил голем кит и го проголтал заедно со кајакот. „Мислев дека сум мртов“, изјави Адријан за АП, додавајќи дека вистинскиот страв се појавил дури кога тој се појавил. “Мислев дека веќе ме изеде и ме проголта. Но, се разбира, почувствував дека можеби е кит убиец. Малку ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги обвини руските сили дека со дрон ја оштетиле заштитната структура на оштетениот реактор во нуклеарната централа во Чернобил. Тој додаде дека оштетувањето не довело до зголемување на радијацијата. „Синоќа руски дрон опремен со високо експлозивна боева глава ја погоди структурата што го штити светот од радијација во реакторот број четири на нуклеарната централа Чернобил“, напиша Зеленски на ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата испраќа апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното. -Празниците се одличен момент за споделување на радост и спомени со блиските и саканите. Но, за тие да бидат полни со љубов, потребно е совесно и одговорно учество во сообраќајот, апелираат од РСБСП. Оттаму советуваат доколку граѓаните пијат алкохол, да не управувајте со моторно ...
Ќе се реставрираат куќи за враќање на автентичниот стил на штипско Ново Село. Се работи за неколку куќи донирани од кардиохирургот Жан Митрев, кој има штипско потекло. Освен куќи, ќе се уредува сместувачкиот капацитет во бања Кежовица и изворот Л’џи, кој е еден од симболите на штипско Ново Село. Зафатите ќе бидат финансирани преку програмата за прекугранична соработка, во која заедно аплицираа општините Штип и Гоце Делчев од соседна Бугарија. ...
Откако во средата партиите од власта одбија да го поддржат предлог-законот на Левица, со којшто се предвидува ограничување на патните трошоци за пратениците, од партијата најавија измени во Законот за работни односи и враќање на патните трошоци кои работодавачите ќе бидат обврзани да им ги исплатат на работниците, се вели во соопштението од партијата. Во статус на социјалните мрежи, Претседателот на Левица – Димитар Апасиев потсети дека ова ...
На повик на платформата „Ало инспекторе“, денеска во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на продавниците, што овојпат на повик на средношколците опфаќа и бојкот на пекарите и сите пекарски производи на сите продажни места, јави Хина. „Бојкотот продолжува, потрошувачите сакаат да го бојкотираат откупот и да ги намалат трошоците и праќаат порака до сите што работат на зголемување на цените“, рече синоќа Јосип Келемен, советник на платформата Ало ...
Пејачката Милица Павловиќ допатува во Скопје каде што вечер, петок, 14 февруари ќе одржи спектакуларен концерт во С.Ц. „Јане Сандански“. Милица Павловиќ е позната како голем професионалец кој ништо не препушта на случајноста, па таа пристигна во Македонија три дена пред концертот за да провери дали се е во ред и да одржи проби со музичарите и танчарите. „Милица го предводеше својот тим од луѓе кои ќе работат на овој концерт. Во Скопје пристигнаа ...
Денес се слават љубовта и виното… Денес им е убаво на вљубените и на пијаниците… Но, дали славењето на овој православен и католички светец треба да се поврзува со верата или со помoдарството? Ако се прашаат помладите зошто се слави „Св. Трифун“ или „Св. Валентајн“ ќе ви речат дека денес е денот на виното, односно на љубовта? И ова не зависи кој од која религија е, туку важно е да се купат подароци и да се слави. Но, ако ја прашате црквата, ...
Како што дознава тимот на Информер, Мирјана Антоновиќ и нејзиниот син Девин, чиј татко е Мирослав Илиќ, решиле да не и ја откриваат вистината на ќерката на Девин – дека нејзиниот дедо е легендарниот фолк пејач! -Внуката Ева е уште млада, но ниту Девин ниту баба Мирјана не сакаат да и кажат кој е нејзиниот дедо. Среќа што живеат далеку од Србија, па нема да може лесно да дознае во каква ситуација се татко и и баба и. Како да му објасните на ...
Канје Вест и Бјанка Ценсори наводно се разведуваат само 11 дена по нејзиното голо појавување на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите. Странските медиуми јавуваат дека Бјанка и Канје усно се договориле таа да добие порамнување од 5 милиони долари по нивниот краток брак, кој заврши во декември 2022 година. Извор близок до 47-годишниот рапер потврди дека парот сега се разделил и дека во наредните денови се очекуваат официјални правни ...
Зајакнување на вештините на учениците, поголема едукација и имплементација на нови методи и техники во изучувањето на СТЕМ науките – математика, технологија, инженерство и техника, е главна цел на „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, кој денес беше отворен во просториите на Титан УСЈЕ. Се работи за целосно опремен центар со компјутери и најнови машини за 3Д печатење, кои ќе можат да ги користат учениците од основите училишта. ...