Фудбалерите на Арсенал ја запишаа и втората победа сезонава откако денеска на домашен терен без проблеми славеа над Лидс со 5-0 во последниот меч од денешната програма од 2. коло во англиската Премиерлига. Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Тимбер во 34. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со погодокот на Сака во првата минута од судиското надополнување. Виктор Ѓокереш се запиша во листата на стрелците за првпат во ...

Екипата на Арсенал го продолжи максималниот учинок по две одиграни кола во Премиер лигата и со убедливи 5-0 (2-0) славеше над Лидс Јунајтед пред своите гледачи. Избраниците на Микел Артета одиграа совршен натпревар и ја најавија победата со два гола во првото полувреме, а стрелци беа Јуриен Тимбер и Букајо Сака. Стартот на второто полувреме го одбележа првиот премиерлигашки гол на Виктор Ѓокереш, а на 4-0 зголеми Тимбер, кој го постигна својот ...