
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Кавадаречката полиција вчера уапсила дилер кој вомментот давал дрга на малолетник. -На 12.02.2025 во 20.30 и 23.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.Ч.(42) и еден малолетник, двајцата од Кавадарци. На улица „Тиквешко востание” во Кавадарци, полициски службеници го затекнале З.Ч. во моментот кога на малолетникот му продавал зелена растителна материја, која подоцна била пронајдена кај малолентикот. ...
Сметам дека државата во овој момент е целосно заглавена. Владата апсолутно ништо не прави по однос на евроинтегративниот процес, дојдоа на власт со помпезна најава дека ќе ја менуваат Преговарачката рамка, гледаме дека очигледно тоа не се случува, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Она што загрижува, според Филипче, е влошувањето на односите со соседите, што, како што нагласи, не е во духот на Европа и добрите меѓусоседски односи. – Не ...
Техниките за изработка на турските ракотворби ебру, релјеф во хартија и калиграфија денеска беа презентирани во рамки на настанот „Ателје на турски уметности“ што го организираше сопругата на амбасадорот на Турција во земјава, Шејма Нур Улусој со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ и Комек центарот за стручно образование во Скопје. – Секој од овие уметности не нуди само естетика, туку и инспирација особено преку значењето и приказните кои ги ...
Министерството за одбрана на Романија денеска соопшти дека два дрона го нарушиле воздушниот простор на земјата, веројатно за време на ноќен руски напад врз Украина. Според соопштението, утврдена е можната локација каде што паднал еден од дроновите, а во тек е теренска истрага. Четири борбени авиони биле кренати во воздух откако радарските системи детектирале објекти во украинскиот воздушен простор, во близина на границата со Романија, пренесува ...
Заеднички проект на општина Штип со општината Гоце Делчев во Бугарија, финансиран од европски фондови. Целта на проектот е изградба на зелена инфраструктура, што вклучува изградба на нови паркови и зелени површини во двете општини. Проектот е дел од стратегијата за подобрување на животната средина и создавање на поубави и поеколошки здрави простори за живеење. Градоначалниците на Штип и Гоце Делчев, Иван Јорданов и Владимир Москов, заедно со ...
Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ...
Пратениците од опозицијата повторно предизвикаа тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом, фрлајќи предмети кон претседателката и местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето. Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите Сали Бериша, претходно во своите обраќања преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, ...
Запленети се 188,6 килограми наркотична дрога марихуана во заедничка акција на Царинска управа и Бирото за јавна безбедност. Со акцијата е спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Две лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, истакнаа директорот на Царинска управа, Бобан ...
За предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование се дискутира. Јавната расправа се уште трае иако онлајн расправата е затворена. Планирани се и дополнителни посети и средби, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Наставните програми ќе се менуваат од септември и учениците од септември, рече таа, „ќе имаат нови учебници за средно гимназиско“. Предлозите што стигнале до ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, од 10-ти до 12 февруари, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети низ земјава кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети. Притоа се донесени 47 решенија за утврдени недоследности и изречени се 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра. Нештетно се уништени и 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо. Кај 15 оператори се ...
Најмалку 20 лица, од кои неколку потешко, се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен. Како што пренесува „Билд“, неколку лица, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба. Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач го забрзал својот автомобил, а потоа влетал во демонстрантите во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“. Полициската истрага сега треба да разјасни дали возачот намерно влетал ...
СДСМ на локалните избори во октомври ќе прави коалиции во секоја општина посебно, најави лидерот на партијата Венко Филипче. Тоа, како што посочи на денешната прес-конференција во седиштето на партијата, не ја исклучува можноста од коалицирање со ниту една партија, граѓанска организација или независна листа и дека ќе се разговара за опциите. – Ќе го кажам ставот што се уште не е потврден, но сите дискусии одат натаму во рамки на раководството, ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска најави отпочнување на сеопфатен процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од претседателот на партијата Али Ахмети и раководството на партијата. Оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за добро владеење и интегритет, поставувајќи нов стандард за политичките партии во регионот. Како дел од реформската стратегија, ДУИ спроведува конкретни механизми насочени кон зајакнување на ...
Странски државјанин кој се наоѓа во затвор во Франција е еден од сторителот на кражбата на банка во Атина во 2008 година, кога биле одземени над четири милиони евра, а случајот грчката полиција го расчисти по 17 години, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека за кражбата на филијалата на банка во населба во северниот дел на Атина за Велигден во 2008 година, бил користен методот „рифифи“, односно непознати лица преку ...
Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами денеска истакна дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем. Според него, се поддржуваат промени на Уставот, со кои би се рефлектирала сегашната реалност на државата. – Јас впрочем во еден претходен мој јавен настап сум кажал дека и една од целите за именување на улиците во ...
МВР информира дека вчера вечерта е уапсена дилерка на дрга во Скопје. -На 12.02.2025 во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.К.(22) од Скопје. При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од ...
Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси, јави дописничката на МИА од Атина. Сеизмологот Димитрис Папаниколау за грчката телевизија „Антена“ утрово посочи дека не треба да „залажува“ ...
Активностите за изградба на нов паркинг простор за 50 возила во населбата Осми Ноември во Штип започнаа. Овој проект е одговор на барањата на жителите од станбените згради во таа населба. Во рамки на проектот ќе се изградат и нови улици за да се осигура лесен пристап до паркингот, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. За уредувањето на паркинг просторот се издвоени над два милиони денари од буџетот на општината, додека за уредувањето на ...
По повод изјавите кои деновиве ги читаме околу промена на државниот грб, Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава. Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции. Од ЛДП велат дека доколку се постави рисот, се покажува ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...
Експертите веруваат дека неколку клучни фактори ќе влијаат на еволуцијата на човечкиот род и промената на човекот. Тоа се технолошкиот напредок, климатските промени, мешањето на населението и можноста за живот во вселената. Еве како, според прогнозите на експертите и откритијата за вештачка интелигенција, луѓето ќе изгледаат за 1.000 години: Професорот Марк Томас, генетичар од Универзитетскиот колеџ во Лондон, истакна дека постои можност луѓето ...
Цеца Ражнатовиќ еднаш откри дека во нејзиниот дом имала непријатност со непознат маж. Тој упаднал во нејзината куќа на Кипар додека пејачката престојувала во Белград. Непознат маж упаднал во гаражата на вилата и останал таму со објаснување дека Цеца му е сопруга. На грозоморната сцена посведочила пријателката на Цеца, Валентина, која повремено ја посетува нејзината куќа на Кипар. -Ми се јави Валентина и рече дека имам непоканет гостин во мојата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска имал „долг и многу продуктивен телефонски разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин. Според Трамп, двајцата лидери разговарале за Украина, Блискиот Исток, енергетските прашања и други важни теми. Тој посочи дека за време на разговорот се осврнале и на „големата историја на нашите народи и за фактот дека толку успешно се боревме заедно во Втората светска војна, сеќавајќи се дека ...
Вишото јавно обвинителство Скопје денеска поднесе жалба до Врховниот суд на решението на Апелациониот суд Скопје со кое се дозволува повторување на кривичната постапка спрема осудениот Џингис Мекиќ., претходно правосилно осуден во отсуство за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Мекиќ во 2014 година предизвика сообраќајка во која животот го загуби Иван Билински(16). Во соопштението од ОЈО се вели: ...
Сеизмологот Акис Челентис денеска објави нова анализа за развојот на земјотресите во Санторини и Киклади, пренесува курир.рс. Тој потврдно одговори на прашањето дали постои можност за земјотрес со јачина од шест степени во областа. Од друга страна, тој го опиша, како што вели, „најлошото можно сценарио, големо сценарио за активирање на Аморгос“. Зборувајќи за земјотресот што го погоди Санторини, сеизмологот Челентис исто така инсистира на тоа ...
Собранието попладнево во рамки на 34. седница ја донесе Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров и на неговиот заменик Агрон Сефери. Донесена беше и Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование Расим Зуфери. Пред изгласувањето на одлуките претходеа куси расправи. Талат Џафери и Блерим Беџети од ДУИ побараа да биде повлечена од дневен ред точката за разрешување ...
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда одржало претходно договорен онлајн состанок со претставници на специјализираниот аналитички центар на Европол надлежен за борба против корупцијата со цел разгледување на можностите за воспоставување продлабочена соработка во предмети од областа на корупцијата. – Врз основа на заклучоците од состанокот и на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб. -Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече Мицкоски. Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие во истата влада. ...
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски досега имаше можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата. Чесно и доблесно би било од негова страна сам да се повлече, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања, по вчерашната владина одлука за поведување постапка за разрешување на државниот обвинител Коцевски. -Не би го коментирал него повеќе. Јасно кажа Владата, тој имаше доволно можност да се размавне, да ...
Со проекти стимулираме отворање нови бизниси, самовработување, помош на малите и средни претпријатија, а со тоа и развој на нови технологии и нови начини на производство и претприемништво, истакна заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. На средба со стопанственици од Битола, Ристески посочи дека Министерството за економија и труд во соработка со Агенцијата за вработување и УНДП посочи дека успешно се реализираат проектите од ...