
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Јавниот обвинител Љупчо Коцевски досега имаше можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата. Чесно и доблесно би било од негова страна сам да се повлече, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања, по вчерашната владина одлука за поведување постапка за разрешување на државниот обвинител Коцевски. -Не би го коментирал него повеќе. Јасно кажа Владата, тој имаше доволно можност да се размавне, да ...
Со проекти стимулираме отворање нови бизниси, самовработување, помош на малите и средни претпријатија, а со тоа и развој на нови технологии и нови начини на производство и претприемништво, истакна заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. На средба со стопанственици од Битола, Ристески посочи дека Министерството за економија и труд во соработка со Агенцијата за вработување и УНДП посочи дека успешно се реализираат проектите од ...
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари да се отвори македонски конзулат не само во во Корча, туку и во други земји во светот. -Резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра буџет што ги добива македонскиот амбасадор во Тирана. И не само во Тирана, туку и 300 евра добива месечен буџет македонскиот амбасадор во ...
Основен суд Тетово донел решение со кое Зијадин Села е впишан како претседател на Алијанса за Албанците. Ова решение доаѓа откако во април 2024 беше донесена иста таква одлука, за поставување на Села како претседател, која потоа беше обжалена од крилото на Арбен Таравари во Апелациски суд. Повисокиот суд во септември 2024 го врати предметот на повторно судење. Тетовскиот суд решението го донел на 20 јануари 2025 година под РПП бр.6/2024. -Во ...
Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Судењето започна на 10-ти февруари, кога се одржа првото рочиште, на кое, сега осудениот убиец, Фадил Зејнелов, го призна убиството, а од обвинителството беше побарана казна доживотен затвор. Убиството се случи на 1-ви ноември 2024, кога според истрагата откако убиецот и сега убиената Емилија, инаку љубовни партнери, се договориле и се сретнале пред ...
Кремљ денеска соопшти дека Русија никогаш нема да разговара за размена на украинските територии што ги зазеде за областите под контрола на Киев во руската област Курск. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за весникот Гардијан дека тој има намера да и понуди на Русија размена на територии за да се стави крај на војната, вклучувајќи ги и областите под контрола на Киев во руската област Курск. -Ќе размениме некои територии за други, ...
Собранието го усвои дневниот ред на 34-тата седница откако беше дополнет со неколку предлози за измена на закони по скратена постапка, но не продолжи со расправа по точките од утврдениот дневен ред туку со прашања од опозициски пратеници. Беа усвоени предлозите на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се разгледуваат предлозите за измени и дополнувања на: Законот урбанистичко планирање, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ...
Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ќе му отстапи на Државниот испитен центар амфитеатри за полагање на државната матура на штипските средни училишта во мај и јуни годинава. Согласно правилата за полагање на државна матура, просторно матурантите треба да бидат оддалечени еден од друг со по 1,5 метри растојание, што за дел од училиштата просторно можност има само во спортските сали. Од таа причина Државниот испитен центар заедно со директорите на ...
Денеска (12.02.2025) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј. (24) од Скопје. Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага, информираат од МВР и додаваат: -Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за ...
Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо по 3 часот по локално време во близина на Санторини, а серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, но и претпладнево, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, освен најсилниот земјотрес беа регистрирани и низа потреси со јачина од над 4 степени. ...
МВР информира за фатална сообраќајка во близина на Кичево. -На 11.02.2025 во 23.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за село Колибари, кичевско, патничко возило „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско, удрило во пешак И.А.(66) од истото село. Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од ...
Според сегашната манипулативна методологија, за секои извозени 100 km пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име “патни трошоци” + патарини, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук. -Ние предлагаме овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 km (што би било околу 500 денари). Денес е денот Д. Да видиме како ќе се изјаснат пратениците на пленарната седница закажана во 11:00 часот, пишува Апасиев. На ...
Платформата „Ало, инспекторе“, која со недели организира бојкот на продавниците, сега повикува на нов бојкот во Хрватска. Откако во вторникот објавија дека ги контактирале средношколците револтирани од скапите производи во пекарите, плаформата на Фејсбук објави што понатаму бојкотираат. „Да ја поддржиме иницијативата на средношколците! Да го бојкотираме купувањето во пекари и продавници: леб, бурек, пецива, крофни и други пекарски производи. ...
Групацијата Телеком Србија објави дека постигнала договор за купување на NetTV Plus, DTH во Србија и Северна Македонија и лиценцата за правата на Sport Klub за Западен Балкан од United Group. Групацијата Телеком Србија постигна договор за стекнување на 100 проценти од акциите во Eon TV International Ltd (холдинг-компанија на NetTV Plus), бизнисот директно до дома (DTH) во рамките на EoNSat и Total TV во Србија и Северна Македонија, како и за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите“ кои, како што рече, ги блокираат напорите за намалување на трошоците на владините агенции. За време на заедничкото обраќање од Овалната соба во Белата куќа, Трамп и шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск рекоа дека има „голем отпор“ во владата. Маск нагласи дека е важно претставниците избрани од јавноста да ...
Во врска со предложените измени на Законот за пратениците во врска со патните трошоци, во рамките на нашите заложби за максимална транспарентност и највисок степен на општествена одговорност, пратениците од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ниту досега наплаќале, ниту отсега ќе наплаќаат патни трошоци, велат од партијата. -Само еден колега од пратеничката група за 7 месеци има вкупно добиено околу 30000 денари по сите основи (гориво,патарини и ...
Еди Рама се разбесне и луто одговараше на прашањата на социјалните мрежи откако беше уапсен градоначалникот на Тирана, негов близок соработник. На крај на видео интервјуто тој нервозно удри по масата и опцу на англиски јазик. -Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат од кога влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно бргу за да ме разбуди наутро или ...
Пејачката Неда Украден (75) има фигура на која можат да и позавидат и нејзините колешки на половина нејзина возраст. Како што еднаш кажа, се грижи за исхраната, но и редовно вежба. Готвени оброци, зеленчук, овошје, маслиново масло, медитеранска храна, на трпезата на Неда Украден ги има речиси сите намирници кои се полни со витамини, а воедно ја одржуваат сити. Пејачката посегнува и по колачи и друга храна, но веќе вториот ден се враќа на ...
По серијата земјотреси во Санторини, морето во Измир и многу други места долж брегот на Егејското Море се повлече за повеќе од 200 метри, објавија турските медиуми. Морето се повлекува од 8-ми февруари, а денес се повлече за повеќе од 300 метри во областа Чешме и пристаништето Алачати, а нивото на водата во областа Дикили и Бодрум е намалено за повеќе од половина метар, оставајќи зад себе многу заглавени чамци, пишува Анадолија. Иако граѓаните ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во писмена изјава дадена по одлуката на Владата да покрене постапка за негово разрешување вели дека секогаш работел согласно закон. – Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. Верувам дека Владата ги немала на располагање сите релевантни и точни информации и заради ...
Пејачката Јелена Карлеуша и нејзиниот колега Владо Георгиев со години не се во добри односи. Иако нивниот конфликт долго време мируваше, Карлеуша сега удри по Георгиев, пренесува иформер.рс. Имено, пејачот одржа неколку концерти во Сава Центар, а еден особено го привлече вниманието на сите. Владо побарал да му донесат цигара и пиво на сцената, иако тоа е строго забрането. Тој пушел и пиел непрекинато до крајот на концертот, што и пречело на ...
Кафуле во Париз, покрај вообичаеното кафе и кроасан, ќе Ви понуди и можност да си испратите писмо и разгледница до себеси во иднина. И, сѐ тоа – за доста пристапни цени. Пишувањето писмо до своето идно, поискусно јас, се вели, може да се искористи како алатка за самопреиспитување и личен раст. А, откако ќе го напишете писмото, може да го добиете и само за една, но и за пет или 20 години. Така, „гостите имаат прилика да си ги отворат своите срца ...
Започна изградбата на пешачка конзола кон Градските гробишта, за поголема безбедност на пешаците и на сите учесници во сообраќајот, бидејќи во делот на клисурата во штипско Ново Село нема тротоар, па пешаците се движеа по коловозот на регионалниот пат Штип-Радовиш. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека со изградбата на пешачката конзола се решава неколкудецински проблем за граѓаните на Штип, кои ...
Во однос на актуелната состојба на покачените цени на производите цени во маркетите Владата одлучи: -Одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехрамбени прозиводи, кои беа во претхдните кошници, но да се дополни со средства за хигиена и бебешка храна и други непрехрамбени прозводи кај кои е забележана голема маржа а се дел од основните потреби на граѓаните. Очекуваме да ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека значителен дел од Украина сака да биде руски и дека тоа одговара на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходниот ден рече дека Украина еден ден може да стане руска. „Фактот дека значителен дел од Украина сака да стане руски и веќе стана руски е реалност“, изјави Песков, мислејќи на анексиите на украинските територии во есента 2022 година. Русија тогаш ги анектираше регионите ...
Владата го задолжи Министерството за правда да превземе активности за поведување на посапка за разрешување на државниот јавен обвинител, рече портпарот Марија Митева, по завршување на денешната 50-та седница. -Разочарноста на Вадата од постапувањето надвор од законските надлежности,разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневнототот продлжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањет на ...
Тоа што тие го покренуваат како прашање, не е надлежност на началникот на Генералштабот, туку на министерот за одбрана, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за реакциите од ДУИ дека има исклучување на Албанци од раководни позиции во одбраната. Сиљановска-Давкова укажа на важноста од вработување стручни, а не партиски кадри. Според неа, кај нас досега не се применуваше институтот правична и соодветна застапеност, туку само т.н. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека досега немаат остварено комуникација со новата Влада на Бугарија и очекува шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски да одржи средба со бугарскиот колега Георг Георгиев на маргините на Минхенската безбедносна конференција, која треба да започне на 14 февруари. Премиерот Мицкоски минатата недела истакна дека очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада за одблокирање на ...
Говор на омраза, закани за насилство и лажни вести: според истражувањето спроведено во десет земји, објавено денеска, повеќето луѓе би сакале оваа содржина да биде ограничена на социјалните мрежи. Сепак, мнозинството корисници исто така мислат дека изложувањето на грубост, нетолеранција или омраза на социјалните мрежи е неизбежно, според истражувањето спроведено од Техничкиот универзитет во Минхен (ТУМ) заедно со Универзитетот во Оксфорд. Но, ...
СВР Велес превзема мерки за пронаоѓање на 82 годишната М.А од село Бистрица, општина Чашка, чија куќа целосно изгоре во пожар на 5 февруари вечерта околу 22 часот. Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, на местото на настанот вечерта на 5 февруари во селото Бистрица, излегле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес, по што полициски службеници и екипа на Јавно комунално претпријатие „Тополка“ на Општина Чашка ...