Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива дека oпштините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште. -Општините ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште само во Службен весник на РСМ. Но, ниту една од мониторираните општини не презема други активности за информирање на ...

Државниот Филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот”, „Прашина”, „Сенки”, „Мајки”, „Бикини Мун”, „Врба”, „Кајмак” и краткометражните „Четврток” и „Крајот на времето”. Во 2017, Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во ...

Десет аптеки направиле промет од 171,5 милиони евра во текот на минатата година. Тие се најдобрите според остварените приходи – од над 2 до над 60 милиони евра. Па, може само да се претпостави колкава би била бројката ако се пресмета колку пари свртеле сите 1.186 аптеки што се заведени во Регистарот на Министерството за здравство. Зашто, тие го имаат лекот за сите болести и многу други работи за заштита на здравјето, додатоци во исхраната, ...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. На седницата на оваа Комисија ќе се разгледува Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија. ДЗР во извештајот заклучува дека со спроведената ревизија и применета ревизорска Методологија, прибраните ...

Почина Михаил Ренџов (88), еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач. Веста за неговата смрт ја објави неговиот син, музичарот Петар Ренџов. Михаил Ренџов е роден на 25 август 1936 година во Штип. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Автор е на книгите: Иселеник на огинот (поезија, 1965); Ноќно растење на зборот (поезија,1967); Каде од оваа страна ( поезија, 1968 ); На работ од сонот ...

На почетокот на јануари, уредниците на „Рубрика“ добија порака од г-ѓа Лин Дубаи, која претставува група плетачи од Северна Каролина, САД. Жените одамна го имаат плетењето за свое хоби, но сега сакаат да го претворат во општествено одговорен бизнис. “Постојано мислиме на вас. Група плетачки сака да испрати плетени капи, шалови и слично во Украина. Бараме адреса каде што можеме да ги испратиме. Можете ли да ни помогнете со ова? Која дестинација, ...

Трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември лани, бележат зголемување од 2.6 %, а цените на мало од 3.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, е резултат на растот на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за ...

Тизи Ходсон, жителка на Гедни Хил во Линколншир, била изненадена кога после 45 години добила одговор за работа како каскадер на мотоцикли. Оригиналното писмо, испратено во 1976 година, било пронајдено зад полицата на поштата, што ја изненадило и неа и работниците кои се шегувале за доцната достава на поштата, пренесува република.рс. -Секогаш се прашував зошто не слушнав ништо за работата. Сега знам зошто – рече таа. На врвот на писмото пишувало: ...

ТМЗ пишува дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се пред развод. Американскиот таблоид пишува дека Канје и Бјанка се скарале и се разделиле пред неколку недели и дека за тоа ги известиле најблиските луѓе. Бјанка наводно отишла во Австралија за да биде со своето семејство. Иако нема информации што ја поттикнало разделбата или кој го поттикнал раскинувањето, Канје наводно веќе им кажал на пријателите дека планира да се пресели во Токио по разводот. ...

Стотици, можеби илјадници Холанѓани изгубиле пари поради пирамидалната шема за криптовалути. ОмегаПро ветувале огромен поврат на инвестициите сѐ додека не пропаднала пирамидалната шема, објави весникот Де Телеграф. „ОмегаПро“ е основана во 2019 година на островите Свети Винсент и Гренадини, а седиштето било во Дубаи. Со него управуваат Германецот Дилавар С., Американецот Мајк С. и Швеѓанецот Андреас С. Компанијата се занимава со девизен курс на ...

Најмладиот брат на Мадона, Кристофер Чиконе, почина на 4 октомври во Соединетите Американски Држави на 63-годишна возраст, пренесува информер.рс. Познатиот сликар, уметник и танчер долго време се бореше со тешка болест и на крајот ја загуби најважната битка во животот. View this post on Instagram A post shared by Christopher Ciccone (@cgciccone) Според американските медиуми, Кристофер починал од рак на простата. Мадона и Кристофер тесно ...

Губењето на видот го превртува светот наопаку. Одеднаш, задачите кои порано беа втора природа стануваат макотрпно тешки. Секој звук се чувствува погласен и поостар. Украинските ветерани кои го изгубиле видот поради војната мора повторно да научат сè, тоа што имаат некој кој им помага, прави разлика. Рубрика ја споделува приказната за оваа украинска непрофитна организација „Современ поглед“ која води кампови за рехабилитација за ветерани и ги учи ...

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе. – Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника. Министерот за здравство Арбен ...

Со инвестиција од вкупно 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Струмјани-Берово (Клепало). За овој проект се обезбедени 3,1 милиони евра грант од ИПА 3 Програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, а 551.548 евра се национално ко-финансирање. Денеска во Берово, се одржа настан за одбележување на почетокот на проектот за воспоставување на новиот граничен премин, на којшто се обратија ...

Педесетина училишта во државава ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра. – Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат ...

Еден од најдобрите холандски фудбалери на сите времиња и еден од творците на таканаречениот „тотален фудбал“ во 70-те години од минатиот век, Јохан Нескенс, почина во неделата на 73-годишна возраст, соопшти денеска Фудбалската федерација на Холандија (КНВБ). „Со заминувањето на Јохан Нескенс, холандскиот и светскиот фудбал загубија легенда“, објави КНВБ. Нескенс беше играч од средниот ред кој важеше за еден од најважните соработници на Јохан ...

Четириесет и осумгодишник од неготинско село бил приведен за напад врз малолетниот внук, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода С.К., постапувајќи по претходна пријава, дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот малолетен внук. С.К. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на ...

Споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од сè, заеднички стремежи за просперитет и мир за нашите народи. Разговаравме за начините како да ја продлабочиме економската соработка, како да ги поврземе нашите луѓе и како да создадеме можности за идните генерации кои доаѓаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката-прес-конференција со неговиот ...

На прв поглед, едноставното пластично капаче од шише може да изгледа како ѓубре, но како што откри Рубрика, тоа може да биде спас, помагајќи да се соберат милиони за украинската војска. Еве како една организација во Украина ги претвора капите во критична поддршка за војниците и луѓето на кои им е потребна. Што е проблемот? Идејата за собирање капачиња од пластични шишиња за добротворни цели не е нова во Украина. Социјалните мрежи со години се ...

Голем дел од граѓаните веруваат дека надворешната политика влијае врз нивниот секојдневен живот, но сложеноста на дипломатските преговори, меѓународните договори и стратешките сојузи обично се надвор од секојдневните искуства и грижите на обичните граѓани. Сето ова им отежнува целосно да ги сфатат или да се чувствуваат поврзани со овие прашања – покажуваат резултатите од четвртата Дебатна анкета спроведена од Институтот за европска политика ...

Преку едукација на медицинските лица, популацијата и медиумите до зголемување на свесноста за дарување на органи. Ова беше главната порака на денешниот настан по повод Европскиот ден на органодонорството – 7 октомври, што беше одбележан во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од Европската Унија. На отворањето на настанот во Кинотека на Македонија, министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека сите ...

Спој на музика, тага и хуманост, таков беше вчерашниот хуманитарен концерт насловен „Во спомен на љубовта за Данче“, во чест на менаџерот Даниел Милошески, кој почина на 15 јули 2014 година. Музиката беше љубов на Данче и тој е заслужен за многу организирани концерти од познати светски ѕвезди. Тага, бидејќи тој веќе 10 години не е со нас. А хуман, бидејќи сите средства собрани од влезниците се наменети за болните од цистична фиброза. Водител на ...

Вкупно 6,4 милијарди долари ќе ѝ требаат на земјава во следната деценија за зајакнување на отпорноста кон климатските промени, за ефикасна заштита на луѓето и имотот. Секој долар од овие инвестиции сега, ќе испорача два до десет пати повеќе поврат во иднина заради избегнати загуби и економски копридобивки. „Северна Македонија може да стане земја со нето нулта емисии ако инвестира 5,6 милијарди долари до 2050 година во декарбонизација на ...

Вчера вечерта во НОБ се одбележа Светскиот ден на вранецот, водечката регионална автохтона сорта и дел од нашето национално винско наследство, во организација на Здружението „Вина од Македонија“. Манифестацијата која по шести пат се одржува во нашата земја има за цел да ја интернационализира оваа уникатна сорта, да го популаризира нејзиниот исклучителен квалитет и карактеристики пред винската елита ширум светот и да го позиционира вранецот сѐ ...

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека со оваа декларација изразуваат поддршка за право на палестинскиот народ на самоопределување како основно човеково право загарантирано со меѓународното право и принцип, одлука за сите народи кои се борат за својата слобода и независност. Според пратеникот палестинскиот народ со децении е жртва, а признавањето на независноста на Палестина е важен чекор кон исправање ...

Каков живот е животот на машина? Постојан страв да не снема струја или да не се потрошат батериите? И тоа трае не со денови и месеци, туку со години… На одбележувањето на Европскиот ден на органодонорството запознавме даца пациенти кои со години живеат на машина и чекаат на трансплантација. Тие велат дека пациентите кои живеат на машина не се на приоритетна листа и се надеваат дека тоа ќе се смени и дека ќе почнат да живеат нормален живот. ...

Лошите резултати од ПИСА тестовите се една од сликите за квалитетот на македонското образование, но и аларм за итна акција. Дополнително, се случува уште една парадокс на вишок наставници, кои работат со 4,5, 7 децата, кои остануваат изолирани во оваа микро средина. Ова го изнесе како податок министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која најави дека се размислува за промени во начинот на работењето. -Имаме 3000 вишок наставници. ...

На пазарот има појава на пласирање производи како нови, а со цел да се избегне мерката за производи што се поевтинуваат и затоа апелираме до трговците тоа да не го прават. Ова денеска го изјави претседателката на Организација на потрошувачите на Македонија, Маријана Лончар Велкова нагласувајќи дека сите мерки што ги презема Државниот пазарен инспекторат се одлични, но граѓаните треба да пријавуваат доколку забележат аномалии. „Алармиравме дека ...

Уставниот суд покрена иницијатива и со тоа привремено ја запре примената на популарно нарачениот “балансер “’, според кој, во огласите за вработување во јавната администрација еден од критериумите е и припадност на одредена заедница која во моментот се смета за помалку застапена во одредена институција. Па, така се објавуваа огласи во кои конкретно се бараат луѓе кои припаѓаат на македонската, албанската ромската заедница и така натаму. И додека ...

Остатоци од телото на 74-годишната Драгица Ристевска од Штип се пронајдени во дол во месноста Липов Дол, на само 4-5 километри од првите куќи во градот. Ристеска исчезна на 19 јули од тогаш не престанаа потрагите и од семејството и од полицијата, но и останати граѓани и организации. Групата предводена од членови на семејството телото на жената го нашле во распаѓање. Според информациите од СВР Штип, претпоставка е дека несреќната жена, која ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
71%
1026
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
61%
1030
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
53%
1031
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
54%
1026
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
5.15
41%
1027
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1031
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
61%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1025
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1026
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
62%
1031
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73