Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот првак на Македонија Еурофарм Пелистер со 31:26 во финалето на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, што се одигреа вечерва во прекрасен амбиент во исполнетата спортска сала „Билјанини извори“. Двете екипи иако се во подготвителен период, одиграа одличен натпревар, со многу жар и борба за што беа наградени со громогласни аплаузи од публиката која уживаше во ракометната претстава. ...

Ракометниот проект на Охрид ќе биде далеку поамбициозен во новата сезона, а доказ за тоа се двата освоени трофеи на двата подготвителни турнири во месец август. По триумфот на традиционалниот турнир во Струга, Охрид го освои и турнирот на кој беше домаќин во „Билјанини извори“, и тоа во финале кое ги воодушеви сите присутни на трибините. Еурофарм Пелистер беше најдобар можен предизвик за новиот проект на амбициозниот суперлигаш, кој ако продолжи ...

Овогодинешното издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид за првпат го искачи домашниот тим на највисокото место на пиедесталот. Амбициозниот суперлигаш го совлада Еурофарм Пелистер во финалето, а конечниот резултат гласеше 31-26. ГРК Охрид ја комплетираше одличната седмица и го освои трофејот пред својата публика, а претходно триумфираше и на традиционалниот струшки ракометен турнир. Организаторите ги соопштија и најдобрите ...