
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и во трговијата на мало. Како што информира на денешната прес-конференција заменик министерот за економија и труд Марјан Рисески, со цел да се заштити животниот стандард на наслението односно да се намалат трошоците за живот ...
Видеото на холивудската легенда Мерил Стрип на концертот “Saturday Night Live”, организиран по повод прославата на 50-годишнината од постоењето, за кратко време стана вирално. На концертот кој се емитуваше на телевизија присуствуваа голем број познати личности, а од сцената покрај песните се слушаа и шеги и прозивки, што е белег на СНЛ. Сепак, скечот со Вил Ферел и актерката Ана Гастиер е најзапаметен, токму поради реакцијата на познатата ...
Сеопфатно истражување покажа дека утрото е времето од денот кога луѓето вообичаено се чувствуваат најдобро. Стручњаците, имено, анализирале податоци собрани од 49.218 возрасни лица како дел од социјално набљудување на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, коешто ги следело испитаниците во Ковид-19 пандемијата – од март 2020. до март 2022 година. Така, во миговите кога луѓето се будат, „генерално се чувствуваат исклучително добро“, ...
Во јануари годинава биле регистрирани 28 случаи на шуга од кои 16 во Скопје. Истите не биле поврзани меѓусебно, односно болеста не се јавувала во епидемиска форма. Податоците на Институтот за јавно здравје објавени денеска покажуваат дека минатата година е забележан пораст на лицата заболени од шуга, односно биле евидентирани 493 лица за разлика од 2023 година кога имало 337 заболени лица. Најголем број заболени минатата година биле регистрирани ...
„Пред да го смените државниот грб и химната, и пред Министерот за здравство да завлезе во решавање на етничките прашања, да ве прашам – кога планирате да го поправите апаратот за компјутерска томографија во Струмица“? Со ова прашање градоначалникот на Струмица, КОстадин КОстадинов се обраќа до министерот за здравство Арбен Таравари, потсетувајќи дека овој витален апарат во струмичката болница не работи девет месеци, толку време колку што е ...
Во 7-та недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се 184 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 115 лица се на возраст од 15-64 години, 31 лице се кај деца на возраст од 5-14 години, 24 заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години, и 14 лица во возрасната група од 0-4 години. Почнувајќи од 40 недела, заклучно со 7 недела од 2025 година, во општина Штип ...
Постапката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со патувањето на функционери од Северна Македонија на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште е во тек, пренесува Порталб.мк. Еден месец по отворањето на случајот, од ДКСК потврдуваат дека истрагата продолжува. „По утврдување на фактичката состојба, ќе биде донесено соодветно решение, кое ќе биде разгледано на јавна седница на комисијата“, ...
Владејачкото мнозинство во Собранието со потписи од 61 пратеник денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши испрати барање за одржување надзорна расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови, врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“, откако вчера Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања донесе мислење за надзорната расправа на Постојаната анкетна ...
Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот на Левица Димитар Апасиев денеска одржа прес-конференција на којашто обвини, како што кажа, за опструкции и саботажа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“. Од ...
Еден дилер на дрога проголтал пакување кокаин, а друг сакал да го рли пакувањето самоз а да не ги фти полицијата. -СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При преглед во возило „ауди” во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола – вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од Кривичниот законик. -На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во ...
УХМР најавува дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Утре ќе дува засилен северен ветер, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Утрото ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Во Скопје утрото ќе биде претежно облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, ...
Напоредно со превентивните активности од областа на безбедноста на сообраќајот кои што речиси секојдневно се реализираат преку надлежните полициски служби во сите сектори за внатрешни работи на МВР, продолжуваат и интензивните сообраќајни контроли на патиштата низ државата. -Така вчера (17.02.), во рамки на активностите на полициските службеници за 796 учесници во сообраќајот беа издадени платни налози, а од друга страна наплатени беа 500 платни ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно ново работно време. Одделението за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 7:30 часот до 19:30 часот. И Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе ...
Во Мајами Бич, 27-годишниот Мордехај Брафман е уапсен под обвинение за обид за убиство, откако отворил оган врз двајца мажи, за кои погрешно мислел дека се Палестинци. Сепак, се покажа дека станува збор за туристи од Израел. На снимката од надзорната камера се гледа како Брафман излегува од својот камион во 21 часот и 30 минути по локално време и пука 17 куршуми од полуавтоматски пиштол кон автомобил кој минувал на патот. Едната од жртвите била ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека од денеска Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат според ново работно време. „Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот. Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од ...
Во една од палатите на кралското семејство, Дирија во комплексот Албасатин во Ријад, пред еден час (9 часот по македонско време) започнаа руско-американските разговори на високо ниво. Членовите на делегациите седнаа на голема правоаголна маса, при што руската страна седеше десно, а американската страна лево. Средбата започна без никакви прелиминарни зборови во присуство на медиумите. Состанокот е најавен како почеток на разговарите за обновување ...
Иако законски се обврзани да издаваат фискални сметки повеќето такси компании и индивидуални возачи не издаваат фискални сметки. Оваа пракса што води кон сива економија, се случува на очиглед на даночниците и инспекторите, кои заеднички толерираат во име на социјален мир. Овој феномен не само што го оштетува државниот буџет, туку и ги лишува патниците од правото на транспарентна и правно заштитена услуга. Колку е распространета оваа практика, ...
Осумнаесет лица се префрлени во локалните болници по авионската несреќа на аеродромот во Торонто, изјави на брифинг шефот на противпожарната служба на аеродромот Тод Аиткен. „Пистата беше сува и немаше страничен ветер“, рече тој, додавајќи дека Одборот за безбедност на транспортот се уште ги истражува причините за инцидентот. 🚨🚨BREAKING: Yet another passenger plane has crash landed, this one a Delta plane that flipped upside down with 80 ...
Милица Павловиќ за Св. Трифун и Св. Валентин приреди концерт за паметење во Скопје. Вистински спектакл во секој поглед кој се’ уште се прераскажува. Пеењето, кореографииите, костимографијата, видеоанимациите, светлото, звукот, динамиката и распоредот на песните, изборот на гости, фитбекот од публиката… Едноставно се’ беше близу до нивото на концертите на светските ѕвезди. Во еден момент од концертното шоу Милица му пријде и го претстави ...
Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во здравствените установи, особено во однос на користењето лична заштита – носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца, каде е возможно. Ова се превентивните мерки за спречување на ширење на грипот по препорака на Комисијата за заразни болести, а Министерството за здравство ги ...
Најмалку десет лица го загубија животот викендот откако делови од југоисточниот дел на САД беа зафатени од поројни дождови, поплавувајќи патишта и куќи. Кентаки, Џорџија, Алабама, Мисисипи, Тенеси, Вирџинија, Западна Вирџинија и Северна Каролина беа под разни предупредувања за поплави и бури дадени од Националната метереолошка служба. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, изјави дека во Кентаки животот го загубиле девет лица. Тој на брифингот ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја повика Европа да се обедини за поддршка на Киев, неколку часа пред пристигнувањето во Париз на клучниот состанок на европските лидери, на кој ќе биде разгледан заедничкиот став за мировните преговори за Украина, јави ДПА. На предизборниот митинг во градот Касел во покраината Хесен, централна Германија, Шолц рече дека е важно да се направи се што е можно за да се гарантира дека Европа ќе остане силна и обединета. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја посети Турција на покана на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, соопшти денеска шефот на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, Фахретин Алтун. „Нашиот претседател, господинот Реџеп Таип Ердоган, ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на покана на нашиот претседател во вторник, 18 февруари, ќе престојува во официјална посета на нашата земја“, ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против И.Б. поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело ,,напад врз службено ...
Денеска стартуваше изградбата на мега паркот „Иднина“ на 70 илјади квадратни метри до булеварот „Партизанска“. Со изградбата на паркот, финиширањето на булеварот и изградбата на трговски објект, овој дел од градот ќе добие сосема нов урбан лик. Планирано е во рамки на паркот да има и мало езеро. Паркот се планира да биде готов за околу 4 месеци, а бунарскиот систем од кој некогаш се снабдуваше Штип со вода се планира да остане во рамките на ...
Во ТВ-преносот на годинашното „Супербоул“ финале во американско рагби – најскапото и најпрестижно спортско шоу во светот, беа прикажани и низа реклами режирани од македонскиот режисер Ангел Апостолски. За првпат во историјата, ПЕТА – глобалната мрежа за заштита на животните, се појави со реклами за време на ова шоу, каде што рекламен блок од 30 секунди чини 8 милиони долари. За режијата на овие специјално изработени рекламни спотови, ПЕТА го ...
Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криучарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Трговија со луѓе. -Предметот беше оформен во ОЈО ...
Почитувана претседателке Сиљановска-Давкова, Ви се обраќаме со апел да не ги потпишувате контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои се овозможува уништување на плодно земјоделско земјиште со поставување на фотоволтаични централи и ветерници. Ве повикуваме да покажете дека навистина сте претседателка на сите граѓани и да постапите во корист на граѓаните – уништувањето на плодно земјоделско земјиште во ера на климатска криза ...
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, утре ќе се сретнат со американски претставници во Ријад. Оваа информација ја потврди портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, кој изјави дека Лавров и Ушаков денеска ќе отпатуваат за Ријад по инструкции на Владимир Путин. – Се очекува во вторник во Ријад да одржат состанок со американските колеги, кој пред сè ќе биде посветен ...