Актуелниот шампион на Италија Наполи со победа на гостувањето кај Сасуоло од 0-2 ја почна одбраната на титулата во Серија А. Водство за гостите од 0-1 донесе фудбалерот кој минатата сезона беше еден од главните виновници за освојување на скудетото на тимот од Неапол, Скот Мектоминај во 17. минута. Конечните 0-2 ги постави најновата аквизиција на небесно сините Кевин де Брујне во 57. минута. Sassuolo 0-[2] Napoli – Kevin De Bruyne 57' ...
Скот МекТомини продолжи онаму кадешто застана минатата кампања во Серија А, па откако беше избран за играч на сезоната во италијанската елита, Шкотланѓанецот погоди и на отворањето во новата сезона. Играчот за врска го најави триумфалниот поход на првакот на гостувањето кај Сасуоло, а печат на победата стави најголемото летно засилување. Кевин Де Брујне го отвори контото во Серија А уште на дебито, и тоа во ситуација кога немаше вистинска намера ...