
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



МВР информира за сообраќајка во која загинал маж. -На 28.04.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Цветан Димов” во Скопје, патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(75) од Скопје, удрило во товарно возило „фиат дукато” со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Х.И.(60) од Куманово, кое по инерција од ударот удрило во товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки, паркирано од ...
За бенефитот од јавниот превоз што проблно почна да функционира од септември, а официјално од почетокот на оваа година зборуваат фактите што ги сподели градоначалникот Костадин Костадинов: „До денес електрични автобуси и ЈП „Струмица транспорт“ за гориво потрошија 0 денари! Со субвенциите од општината моите струмичани од селата и градот имаат 9.750.000 денари повеќе во семејните буџети, а си ги решаваат нивните секојдневни обврски. За 5 месеци ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и тимот обвинители кои ја водат истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се сретнаа со семејствата на загинатите. Како што соопштија од Обвинителството, на средбата, обвинителите ги информирале блиските за досегашниот тек на истражната постапка и одговарале на нивните прашања и дилеми. Од Обвинителството уверуваат дека истрагата е сеопфатна и дека се разгледуваат ...
Дали некој исплаќа плата под минималната е работа на Државниот инспекторат за труд (ДУТ). УЈП, како што вели директорката Елена Петрова, ги доставува податоците до ДУТ за да може да делуваат и тие навремено во делокругот на нивните надлежности, а кои се однесуваат и во делот на работничките права „Надлежноста на УЈП е во делот на пресметките на плата и сѐ она што е регулирано со Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување и ...
осомничените во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани. Прифатената жалба се однесува на предметот за Е.М., со која затворскиот притвор се заменува со куќен притвор. Во затворски притвор останува поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, а не се прифатени ниту жалбите на двајцата поранешни градоначалници Ратко Димитровски и Николчо Илијев, кои остануваат во куќен притвор. Во продолжение соопштението од Апелационен суд ...
Денарот и неговиот фиксен курс се идеално решение за економската состојба во државата, смета универзитетскиот професор Стеван Габер: Очигледно дека фиксниот курс на денарот врзан за еврото ни овозможува многу години да водиме една монетарна стабилна политика и нормално во овој сегмент централната банка одлично си ја врши работата. За разлика од минатото кога имало шокови кои ја тестирале централната банка, овој изминат период можеме да ...
Новата законска регулатива во Законот за основно образование повеќе не дозволува родителите по свој избор да го запишуваат своето дете во она училиште кое ним им се допаѓа, туку ќе мораат задолжително да ја почитуваат реонизацијата: Отстапки ќе бидат дозволени само во исклучителни ситуации. Според податоците на МВР, годинава во мај ќе се запишат вкупно 470 првачиња во петте основни училишта во Штип, а се очекува од нив да се формираат 21 ...
„Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани денес во Скопје почна пред Јавното обвинителство. Пред да продолжат пред Собрание на новинарите, во името на сите, им се обрати Владимир Апостолов, татко на загинато дете. Неговото обраќање, кое беше поддржно од присутните, ви го пренесуваме во целост: -Дали е ова државна институција? Не е! А дали знаете што е држава? Ние луѓето сме ...
Во притвор е А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години”. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против него и одреден му е притвор во траење од 30 дена. -Пријавениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево. По насоки на јавен обвинител, А.А. е лишен од ...
-Зошто денес да не ги пуштиме мајките на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Тошковски, (кој го посочуваат за селективна истрага)?, апелира пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев. -Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата, додава лидерот на Левица. Инаку, пратеничката група од ...
Пулмоналната фиброза, како неизлечива болест поврзана со стареењето, ретко се јавува пред 50-годишна возраст. Денес сѐ уште нема лек за ова смртоносно заболување, но новите истражувања покажуваат дека одредени имунотерапии што се користат за лекување рак може да помогнат и во ова третирање на оваа болест. Кај пулмоналната фиброза, позната и како идиопатска белодробна фиброза (ИПФ), третманите само го забавуваат нејзиниот напредок, без можност за ...
Публиката ќе може да вее палестински знамиња за време на натпреварувањето „Песна на Евровизија“, откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги ревидираше своите прописи за дозволени знамиња на настанот. Ревидираните правила, како што пренесува Данската национална телевизија, им дозволуваат на гледачите да веат какво било „законски дозволено“ знаме за време на „Евросонгот“ којшто годинава ќе се одржи во Швајцарија. Во истовреме, изведувачите се ...
Иако во воспоставените јавно-приватни партнерства (ЈПП) се вложени значителни средства, ревизијата за периодот од 2017 до 2024 година констатира недостатоци во законските и институционалните рамки, како и во процесите за доделување и спроведување на договорите. Овие слабости, заедно со ограничената конкуренција и несоодветно реализираните договори не ги исполниле очекувањата за обезбедување ефикасни јавни услуги и значајно подобрување на ...
ДУИ едно зборува јавно, друго прави зад завесите. Така, Ахмети во кампањата во мачо стил делеше “гурабии и кекси”, за после, кога го виде резултатот, да се понуди со четири министерства, без претседател на Собрание, за да влезе во Влада наместо ВЛЕН. Јавно се закануваа со „чизми на таванот“, а по налог на СДСМ на улиците апсеа невини Албанци само затоа што се осмелија да ја бранат вистината за модуларната болница. -Ако некој директно работел ...
Изгубената генерација на Романија, односно приближно 30.000 деца кои беа однесени во странство во 1990-тите, сега сака да открие што е запишано во нивната ДНК. Тие се возрасни, имаат пристап до информации, но немаат контакт со семејството од кое се земени, пренеува телеграф.рс. Некои биле продадени, други биле земени со лажни документи, а неколку едноставно биле спасени на тој начин од несигурен живот во Романија. Тие сега ги бараат своите ...
Шпанија, како и делови од Португалија и Франција, беа погодени од масивен прекин на електричната енергија во понеделникот предизвикан од „редок атмосферски феномен“, соопшти португалскиот оператор на електричната мрежа „Редес Енергетикас Насионаис“ (РЕН). Ненадејните температурни флуктуации во Шпанија предизвикале „аномални осцилации“ во екстремно високонапонските водови. Според операторот, ова се должи на т.н. „индуцирани атмосферски варијации“ ...
Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите најавуваат дека маршот ќе почне пред Oбвинителството во 12 часот и 5 минути, како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. – Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник по чија наредба не е казнет братот на градоначалникот на општина Гази Баба кој возел побрзо од дозволеното и наместо него е казнет сосема друг граѓанин кој воопшто нема врска со сторениот прекршок. – Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил ...
Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитаизирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата, пренесува БТА. – Пациентите – тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години – беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интензивна нега поради сериозноста на ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против В.В.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор” во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во Бирото за јавна безбедност при МВР и В.Н.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна со реализација на кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите, под мотото „На матурска вечер без автомобил!“ Кампањата има за цел да испрати силна порака до младите – да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, туку на матурските прослави да ...
Солопатувањето е сè попопуларно во светот, па затоа поранешниот фоторепортер Ли Томпсон, кој посетил повеќе од 100 земји низ целиот свет, објаснува дека ваквиот начин на патување и одмор може да биде и еден од „подруштвените“ видови патувања. Безбедноста е, можеби, најголема грижа за многу од луѓето кои се решаваат да патуваат сами со себе, но дури и најхрабрите авантуристи може да се соочат и со друг проблем – осаменоста. Ли го споделува своето ...
Том Круз често го нарекуваат „последната голема филмска ѕвезда“ и „човекот што ја спаси филмската индустрија“ за време на пандемијата на коронавирусот, но според неговиот колега и пријател Кенет Брана, Круз сè уште е „потценет“ како уметник. Придонесот на Американецот во филмското творештво во Велика Британија ќе биде признат и со стипендија на Британскиот филмски институт – највисокото признание на БФИ, како глумец и продуцент кој ѝ донел ...
За популарните мултивитамини се вели оти луѓето може да земат „сè што им треба“ во една таблета. Сепак, нивната ефикасност како додатоци, според новите наоди, е доста сомнителна. Фармацевтката Џејми Мартинез издвои два додатоци во исхраната за коишто смета дека целосно бескорисни, а во некои случаи дури и потенцијално опасни, објави „Н-1“. Калциум Иако често се прикажува како неопходен за здравјето на коските, истражувањата, според лекарката, не ...
Министерството за спорт пред два дена објавило оглас за вработување на позицијата „Помлад референт за скенирање на документи при Одделението за општи работи, Сектор за правни и општи работи“. Ваквиот оглас наиде на хумор на социјалните мрежи каде граѓаните коментираат дека пред избори се измислуваат позиции за луѓе преку партија да добијат вработување. Станува збор за работно време од понеделник до петок со работно време од 08:30 до 16:30 и ...
Малопродажните цени на бензините на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг и сега ќе изнесува 37,155 ден/кг, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по ...
Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква одговорност. Со ДПМНЕ и Панче Тошковски на чело на МВР, наместо ред и поредока, царуваат неказнивоста и селективноста, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. -На 20 април 2025 година, точно во 18:31 часот, на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата со радар фаќа возило со преголема брзина, ...
Голема трагедија го потресе Купиново, населба во Србија, каде што еден човек загина откако со автомобилот слетал во реката Сава мислејќи дека убил човек и се удавил. Благоје од Купинов со автомобило го удрил својот сосед Перо кој возел велосипед. Мислел дека го убил, по што намерно слетал со возилото во Сава за да се самоубие. За жал, тој успеал во тоа, пренесува Блиц. Она што ја прави приказната уште потрагична е фактот дека неговиот сосед дури ...
На денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичниот суд во Скопје, обвинетиот Љупчо Палевски одговараше на вкрстени прашања од Јавното обвинителство. Палевски во своето сведочење обвини за политички мотивирано гонење, притоа негирајќи дека има каква било поврзаност со насилни кривични дела. Јавното обвинителство на почетокот ја образложи казнената евиденција на Палевски која вклучува повеќекратни условни осуди од ...
Делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски бранители, положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на нашите загинати браќа по оружје, објави на Фејсбук, Стојанче Ангелов, кој е и директор на Центарот за управување со кризи. -Утрово, делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски ...